македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт

Лекот ни е на дофат
Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти, имаат превентивна улога кај ракот на простатата, дури и го успоруваат. Го намалуваат ризикот од рак на кожата. Всушност, калинките го успоруваат развојот на туморот. Калинката го помага протокот на крв, го балансираат нивото на холестерол во крвта. 
Оловина

Ржен леб

Трмка


Коприва

Копривата е со векови употребувана како пролетна здрава храна. Ова повеќе годишно растение отсекогаш било диво, отпорно на мраз, суша и вода, агресивно како плевел. Расте на необработени и запуштени места. За да почне да расте потребни и се само десеттина пролетни топли денови. За човекот најважни се првите пролетни изданоци. Тие се појавуваат по долгата и исцрпувачка зима и претставуваат прво пролетно зелено освежување во исхраната. Копривата се препорачува за анемичните лица бидејќи е богата со железо, а има и калиум, фосфор, магнезиум, манган, сулфур, хлор и други минерали. Богата е и со витамини од групата А, Ц, Б2, К и пантотенска киселна. По содржина на провитамин А, ги надминува зелјето, спанаќот и цвеклото.

 

Копривата спаѓа во категоријата на многу лековити растенија и затоа многу се користи во народната медицина. Содржи и големо количество танини и затоа дејствува како благо средство против дијареа. Добар стимулатор е на органите за варење, го смирува крварењето на носот, матката и уринарниот тракт.


Честопати им се препорачува на слабокрвните лица бидејќи придонесува за зголемено производство на црвени крвни зрнца, но неретко се користи и за регулирање на проблемите со уринарење, реуматските проблеми и за поттикнување на лачењето на млеко кај доилките.

Голема е и примената во козметичката индустрија. Екстрактот од коренот на копривата се користи како средство за спречување на опаѓањето на косата. За сега не се забележани нус појави од примената на готовите препарати во препорачаните дози. Сепак, мора да бидете внимателни бидејќи користењето во големи количини може да предизвика црвенило на кожата и опстипација.

Копривата не смее да се користи несварена, бидејќи може да ги оштети бубрезите. Со оглед дека придонесува за зачестено мокрење, мора да се внимава да не се изгуби поголема количина на калиум. Затоа се препорачува да се јаде храна богата со минерали.

Како да подготвите чај од коприва? Еден сноп листови од млада коприва варете ги 15 минути во едно литро вода. Откако ќе се свари, процедете ја водата и пијте го чајот во текот на цел ден.

Лицата заболени од воспаление на цревата, од туберкулоза и грип, треба да пијат чај од коприва подготвен од 30 - 60 грама суви листови сварени во еден литар вода. Чајот се вари на тивок оган неколку минути, се остава да се олади и потоа се процедува и се пие. Ова количество треба да се испие најмногу за два дена. Против првут и опаѓање на косата треба да се направи сок од коренот и од листовите на копривата и да се измеша со корен од рдоква и мајчина душица. Лесните облици на реума, ишијас и невралгија се лечат со свежо набрани листови кои се ставаат на болните места. На ваков начин се зголемува циркулацијата на крвта која го забрзува излачувањето на токсините кои предизвикуваат болки. Кашата од свежи коприви може да се става и на болните зглобови. Копривата е позната и како билка која лекува ноќно мокрење кај децата. За подготвока на лекот се земаат 15 грама семе од коприва, се мешаат со 60 грама брашно од рж и се прави тесто со малку вода и мед. Од тестото се прават 6 колачиња кои се печат. Секоја вечер се јаде по едно колаче. За исхрана се користат само младите врвови на растението, кое има околу 3- 4 листови. Копривата содржи околу 3 проценти целулоза која организмот може да ја искористи, особено белковините кои се составени од низа незаменливи аминокиселини, кои имаат голема физиолошка и хранлива вредност. Копривта содржи и доста белковини, исто како и младиот грашок, па затоа за оваа лековита билка се вели дека добро го храни организмот. Листовите на коприватасе обраснати со влакна - боцки, кои се поврзани со мал резервоар на отровни матрии и во допир со кожа предизвикуваат болни црвени пликови. За да се подготват за јадење, копривите мора да се попарат во врела вода за да се отстранат отровите. Потоа треба да се згмечат и од нив да се направи пире кое може да се користи како додаток во исхраната, односно како прилог на мешаните салати , а од неа можат да се направат и одлични чорби и кајгани.

Можеби не сте знаеле, но копривата може да биде и составен дел од исхраната. Иако станува збор за особено вкусна намерница, која може да се припреми варена како спанаќ, исечкана со јајца како омлет, во пита или спремена како и секој друг зеленчук, копривата во Европа главна улога во приготвување на супата од коприви.

Коренот содржи повеќе танини, скроб и ситостерол. Копривата е богата со железо и со фолна киселина, кои се неопходни за синтеза на хемоглобин, па затоа се препорачува во одредени случаи на анемија. Анемија (слабокрвност) е всушност генерален термин за голем број нарушувања сврзани со црвените крвни зрнца и хемоглобинот во нив. Благодарение на хемоглобинот, црвените крвни зрнца го врзуваат за себе кислородот и го разнесуваат низ организмот, а на враќање до белите дробови го носат јаглеродниот диоксид. Во еден кубен милиметар крв кај мажите има просечно околу 5 милиони црвени крвни зрнца, а кај жените околу 4 и пол милиони. Најчеста форма на анемија е недостигот од железо, кое е потребно за синтеза на хемоглобин. Тој недостиг може да се јави поради недоволно внесување железо со храната, поради нарушена апсорпција на железото (потребен е витамин Ц) или ако резервите на железо се исцрпени. До исцрпување на резервите на железо доаѓа при одредени состојби - бременост, крвавења поради повреди или, пак, хронични внатрешни крвавења од чир, хемороиди или рак во хранопроводниот тракт, ревматичен артрит или оштетувања на бубрезите.

Со својата моќ да ги сопира крвавењата од внатрешните органи, копривата е одлична заштита од анемија поради крвавење. Ова дејство на копривата се должи на флавоноидите, танините и витамините К и Ц. При одредени типови анемија користењето екстракти од коприва (или други извори на железо и фолна киселина) нема да даде ефикасни резултати. Такви случаи се т.н. пернициозна анемија (поради нарушена апсорпција на витаминот Б12, кој е неопходеден за синтеза на хемоглобин), апластичната анемија (нарушена синтезата на еритроцитите во коскената срцевина) и разните видови анемии, кои се резултат на наследни или автоимуни процеси.


Копривата ја подобрува крвната слика и од аспект на состојбата со белите крвни зрнца. Затоа се препорачува употреба на екстракти од коприва при леукоцитоза (зголемен број на бели крвни зрнца). Сокот од коприва се дава и како дополнителна терапија при леукемија и радиотерапија поради кверцитинот, кој според новите сознанија дејствува антиканцерогено. Во современата фитотерапија копривата се користи и како средство за сопирање на крвавењата од внатрешните органи, особено од уринарниот тракт, матката и од хемороидите.

По 15 листови од коприва, ајдучка трева, рибизла и шипка се прелеваат со ? литар студена вода, се покрива и се остава преку ноќ. Потоа се вари 2 минути. а кога ќе се излади, се процедува и се зема по една шолја три пати дневно пред јадење. После три консумирање од оваа напивка се прави куса пауза. На ист начин може да се подготви чај од 25 гр. листови од коприва и исто толку од тревата камшиче или по 25 гр. листови од коприва и пупки од мајски рози. Се пие пред јадење.


Копривата дејствува и антиревматично и аналгетично (против болки), поради што им се препорачува и на болни од ревматизам и ревматичен артрит. Ја чисти крвта од остатокот киселини произведени со метаболизмот. Флавоноидите и калиумот од копривата ја зголемуваат диурезата (мокрењето). Поради тоа се препорачува и против подагра (гихт) бидејќи со поттикнување ање на мокрењето се елиминира и вишокот мочна киселина. Може да се употребува и за исфрлање бубрежни камчиња и за олеснување на тегобите при зголемена простата. Примената на концентрираниот екстракт од коприва "уртика" може за најкраток временски период (1 до 3 месеци) да даде ефикасни резултати при наведените заболувања.

За мрсна коса

Еднаш месечно на косата нанесете вода во која се варела коприва и потоа исплакнете ја. Копривата е одлична во борба против мрсна коса.

Кајгана од коприва
 
Потребно е: 8 јајца, 400 гр коприва, 80 гр масло за јадење и малку сол. Подготовка : Копривите се мијат, се цедат и ситно се сечкаат. Јајцата се разматуваат во чинија а потоа се додава исечканата коприва. Сето тоа се става во тава со врело масло, се пржи како кајгана. Се сервира додека е топло.

Сок од коприва

7 струка млада коприва и 1 кг. лимон, се става да одстои 24 ч.  во 10 л. вода. Потоа се процедува и се остава да одстои уште 24 ч со 1 кг шеќер.

Вино од коприва

Две лажици млади листови и две лажици цветови од коприва се држат седам дана во литар домашно бело вино. Процедено се чува на ладно место, помага за имунитет и слабокрвност и  варење.

Јагнешко со коприва

700 г јагнешко, 1 г кромид, 120 г маст, 1кг брашно, 200 г кисело млеко, црн пипер, 200 г коприви. Ситни парчиња месо се пржат, се додава кромид, брашно и се пржи. Се додава сол, црн пипер, се налева вода. Копривите се варат со солена вода, се додаваат на месото. Се сервира со кисело млеко.

Чорба од коприви

1/2. кг коприви; - неколку чешниња лук; - врзалка зеленчук; - црвен пипер; - . шолја ориз; - магдонос; - сол; - бибер. Подготовка: Измиената коприва се посолува и се остава еден час да отстои. Потоа се истискува и се мие во неколку води. Лукот се сече и заедно со зеленчукот одредено време се динста. Во тоа се додава црвениот пипер и сe се прелива со неколку чаши вода. Смесата се вари, се додаваат копривите, а по десет минути и оризот. Кога оризот ќе омекне, се трга од оган, се попарува и се додава исецкан магдонос.

Чорба од коприви 2

1 кг млади коприви, масло, брашно, кромид, 1 јајце, сол, 1/2 кг кисело млеко.  Исчистете ги копривите како што се чисти спанаќ. Измијте ги и попарете ги со врела вода. Откако ќе ги сварите, исцедете ги и исечете ги ситно. Во посебен сад ставете две лажици масло, додајте една лажица брашно и ситно исечкан малку кромид. На крајот во запршката додајте ги исечените коприви, пропржете ги малку и додајте супа од говедски коски, од пиле или млака вода, Откако ќе се свари чорбата, Зачиналете ја со јајца, измешани со киселото млеко.


Шкето со магдонос
КРАЛЕМАРКО ХРАНА...

Зимница...

Витаминот Е

Oргански мед

Медот е изложен во ТЦ „Рамстор“ со цел популаризација на домашната органска храна, која се произведува без употреба на синтетички ѓубрива, пестициди, хормони и додатоци. На полиците во овој супермаркет органските производи се обележени со посебен знак за да бидат препознатливи за потрошувачите.
Видови на леб

Зрната се чукаат со аван иле се мелат помеѓу две камења. Се маша со вода, сол, / се пече врз загреани камења, на решетка или во печка/, кружни плошки. Квасецот се додава во тестото, истиот нараснува за време на печењето на лебот.
ГАЛИЧКИ КАШКАВАЛ

Денес сите потомци се иселени во Скопје. Куќите се претворени во викендички и најмногу народ има летно време. Зиме Галичник е непристапен и празен. Постојани жители се само две семејства.
Лозје

- Кој ќе пиет од виното што ќе го родит лозјево потроа да бидит кроток и весел како рудо јагне, кој ќе пиет поеќе да бидит како ѕвер (арслан) јунак и страшен, а кој ќе пиет од мерката надвор за да препиет, да паѓа по земи и да се валка, како свиња во тиња, со него сиот свет да се шегуа.
Лек директно од природата

Во „мала фабрика“ покрај кремови изработуваат и капки од матичен млеч, кој се комбинира и со самиот мед, саќе кое, покрај мед, во себе содржи и витамини и минерали, прополис и овчеполски шумски и цветен мед.
Коприва

Копривата спаѓа во категоријата на многу лековити растенија и затоа многу се користи во народната медицина. Содржи и големо количество танини и затоа дејствува како благо средство против дијареа. Добар стимулатор е на органите за варење, го смирува крварењето на носот, матката и уринарниот тракт.
Oриз

Околу нивата прави насип, за да се задржи водата, со отвори за влез и излез на водата. Тие отвори се викаат дајами. Кога ќе се посее оризот, се пушта вода во висина од две педи.