македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт
Велики четвртоци
Христос воскресе-Навистина воскресе
Света великомаченица Варвара
(Стара) Нова година, Обрезание Христово, Свети Василиј Велики
Свети Трифун
Света преподобна маченица Eвдокија (Летник)
ПОСТОТ КАЈ ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ

Музика и уметност 

Со векови музиката била дел од човековото секојдневие. Примитивната музика, заснована на ритамот и имитацијата на звуците на природата, всушност била обид да се воспостави контакт со светот на духовите, а танецот бил стар и инстинктивен израз на радоста и тагата на животот.

Музичките инструменти биле: ударни, жичани и дувачки, а за нив водечко начело било добивањето на традиционалната звучност и тоналитет. Помалите инструменти имале повисок, а подолгите понизок тон. Од музичките инструменти имало: канбани (ѕвонци), кимвали, тимпани, харфа (гусли), труба (рог од овен). Китарата била вид харфа со две жици по кои се удирало со два чекана, а харфата пак била еден од најзастапените жичени инструменти. Жиците се правеле од трева, а подоцна и од овчи црева. Постоеле повеќе видови харфи, на едни се свирело со една рака, додека други биле со висина на човек. Според формата имало квадратни харфи или харфи во форма на коњска потковица или шише, а обично биле изработувани од кожа.

Од музичките инструменти кај древните Македонци и Траките најзастапени биле дувачките-вид флејта слична на авлос, сиринкс (овчарска свирка), гајди и труба, жичените-лира и китара и ударните-кимвали и тимпани.

Посебна група извори за музичките инструменти претставуваат народните песни и преданија во кои се споменуваат музички инструменти од тој период.

Од духовните инструменти најчесто се споменува трубата со различни определби: рогот кај ловците и овчатите. Гуслата е исто така потврдена како популарен инструмент.

Иако поретко, се споменува и тапанот, а во контекстите во кои е споменуван се претпоставува дека тој бил во состав на аристрокртските свечени оркестри од кимвали,тимпани и органи.

Според начинот на кој се свири, нивното држење и надворешната форма, музичките инструменти на фреските и дрворезите ги дели на: аерофни, мемранофони, кордофони и идиофони.

Еден од најстарите аерофни инструменти е рогот чиј звук служел како сигнал за заемно разбирање и договарање.

Псалтериумот е вид цитра и е придружен елемент кој го наоѓаме во правоаголна или трапезоидна форма и со различен број жици. Канонот кој што денеска го среќаваме во чалгиските состави е вид поусовршен псалтериум.

Од идиофоните инструменти најприсутни се чинелите, односно кимвалите што ги има во различна големина.

Цимбал е музички инструмент со многу жици по кои се удира си чеканчиња.

Трубата е стар инструмент. На почетокот претставувала долг и тесен рог од овен, проширен на едниот крај. Се користела во различни пригоди, за собирање на граѓаните, за време на војните, при пеење во храмот итн. Трубата исто така била традиционален симбол, известувач за големите настани, напади и битки, па и за извршувањето на смртните казни.

Струна-влакно од коњска опашка или грива, жици или музички инструмент.

 

Уметноста му била позната на човекот од најстаро време. И праисторискиот човек во своето пештерко живеалиште чуствувал потреба да го претстави својот социјален и духовен живот преку цртежите на неговите ѕидови, но и обично имале симболично и магиско значење. И според историските извори средновековниот човек ги носел во себе наследните традиции своите живеалишта да ги украсува со најразлични симболи (крукчиња, ѕвездички).

Во средновековието поголемиот дел од духовните пројави, па и уметноста биле поврзани со црквата (икони, фрески, резби, минијатури). Улогата на средновековната ликовна уметност била поучна, симболична, сакрално-мистична, богослужбена и уметничка. И фреските и иконите биле составен дел на црквите, но првите по исклучок, а вторите по правило се наоѓале во домовите на верниците. Фреските биле сликани во просторот на олтарот, наосот, нартексот. Македонските фрески од 13-14 век претставуваат органски и природен развиток на фреските од 12 век. Во 14 век се појавиле повеќе зографи со свои индивидуални облеки, со нивните фрески претсавуваат огромно богатство како во однос на иконографијата, така и во однос на уметничките квалитети, што е најсилно изразено кај портретите во: Лесново, Псача, Св. Никола во с. Бањани Охридско, Св. Архангел во с.Варош-Прилепско и др. Творештвото на македонските зографи било познато на целиот Балкан. Зографите, меќу кои и оние што го работеле живописот на ѕидовите од црката Св. Димитрија во Марковиот манастир, покрај талентирани уметници биле и образовани монаси и прикажувајки ги и оживувајки ги библиските сцени, големиот опус на храмот го проучувале во сцени единствени за византиското сликарство. На пр. фреската “Плачот на Рахила“ се смета за верен приказ на една тешка човечка драма.

Во програмската концепција на работата на зографите, домашни или дојденци, одлучувачка улога имале и нарачителите-ктиторите или црковните старешини.

Иконописот во Македонија бил негуван во текот на целиот среден век, а почитувањето на иконите особено се засилило по иконобарството. Преку нив верниците ги пренесувале своите молитви кон светците. Иконите обично биле работени на дрвена подлога.

Имало и керамички, мозаични икони, со стилско ликовни карактеристики што биле своевиден одраз на творештвото од определен период. Се разликуваат: житијна икона (икона на светител со сцени од неговиот живот), минеја (икона на настани и поединечни ликови хронолошки претставени според црковниот каледндар), престолна (иконостасна икона, поставена во првиод ред на иконостасот), празнична (со претстава на одреден настан или личност од црковната историја, поставена на иконосасот или одделно на сталка) или храмовна икона (со претстава на настан или личност од црковната историја на кој му е посветен храмот).

Трезорот на црквата Св. Богородица Перивлептос во Охрид, денешен Св. Климент се смета за еден од најбогатите трезори со икони не само во Македонија, туку и на Балканот. На иконите се претставени Христос, Богородица со Христа, други светци или сцени од големите празници.

Копаничарството што на нашиве простори има долга традиција, во долговековната историја особен процут доживеало во 12 и 13 век. Како еден вид уметничи занает тоа се пренесувало од колено на колено, па така подоцна посебно во Галичник и Дебар, копаничарската дејност го добила името “дебарска школа“.

Александар Мешков

e-mail: metal_storm13@yahoo.com

Македонските слепи гуслари

Според оваа хипотеза, најголемиот број ослепени Самоилови ослепени војници, и оние од првиот бран по Беласичката битка, кој изнесувал околу 15.000, како и од второто ослепување, потекнувале од градовите: Битола, Прилеп, Охрид и др. Неспособни за живот се оддале на просење пеејќи ги песните за битките во кои учествувале, но и песни што биле популарни. Така го заработувале својот леб и ја граделе македонската, пред се, битолската просјачко-гусларска традиција.
Преданија за Свети Наум и Климент
Бољки
Народна медицина
СЛОВО
Македонски традиции
Секојдневни обичаи
Коледарски песни
Некрстените денови
Верувања и суеверија
Прво запевање на птици
Зимски народни обичаи
Eргенлак и муминство
Свадбени обичаи
Свадбени обичаи од Гевгелиско
Дервиши
Народни музички инструменти во Македонија
Познато е дека музичките инструменти на различни народи не се применуваат еднообразно и не уживаат еднаков углед. Познато е и тоа дека се поделени на свети и профани, на достојни и недостојни, инструменти на нижите и вишите слоеви и касти, на женски и машки, а за примената на таа класификација строго се водело сметка.