македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт
K-15 Приспивна
Рибина чорба
Итар Пејо и стариот арамија
ИТАР ПЕЈО, ПОПОТ И АЛВАТА
Итар Пејо и Попот
Итар Пејо и селаните риболовци
Насрадин Оџа и вратата
НАСРАДИН ХОЏА НА ГОСТИ
Насрадин Оџа и магарето
Насрудин
Насрадин оџа и неговата крава

ИТАР ПЕЈО, ПОПОТ И АЛВАТА

СТАЛЕ ПОПОВ


Служел Пејо кај некој си поп. Попот, како поп, често си правел алва. Арно ама, еден ден направил повеќе отколку што можеле да изедат со Пеја, та скоро половина им останала. За да не ја изеде Пејо останатата алва сам кога ќе излезе попот некаде по работа, овој намислил да го заплаши Пеја со нешто и му рече:
- Слушај, момочко. Јас во алвата турив отров. Да не те лаже умот да каснеш без мене, зашто ќе се отруеш.
Го викнале попот в црква да крсти, на гробишта да пее, да закопува некого, а Пејо останал сам дома и намислил да ја изеде сам алвата, сигурен дека никаков отров не турил попот во неа. А, за да може да се оправда пред попот и тој смислил една лакрдија.
Како што цепеше дрва во дворот, стана ја скрши намерно дршката на секирата, отиде, ја изеде сета алва, и продолжи да цепи дрва со скршена дршка.
Кога се прибра попот и виде дека алвата ја изел Пејо, почна да се кара и да го пцуе, а Пејо почна да му се правда:
- Ја скршив, - вели, - дршката од секирата, и плашејќи се да не ме караш и биеш, решив да се отрујам, па затоа ја изедов алвата.
Попот се насмевна, иако не му беше за смеење, и му прости на Пеја и за двете штети што му ги направи тој ден.
 
http://www.martvin.com/movies/movie.php?id=_Mn3nx1WUaQ

ВИДЕО приказни за Крале Марко
Силјан Штркот
Bo селото Мало Коњари имаше еден човек многу чесен и кроток, на име Божин. Тој имаше само еден cин на име Силјан; имаше Божин и една ќерка...

Витачево, Конопиште, Дудица, Алшар
Првата дестинација е висорамнината Витачево. Ова плато, попознато како дел од вулканското езеро, е резултат од некогашната активност на вулканите. За време на егзистирање на езерото, постоеле низа вулкански кратери кои, пред 10 милиони години биле многу активни.