македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт
Велики четвртоци
Христос воскресе-Навистина воскресе
Света великомаченица Варвара
(Стара) Нова година, Обрезание Христово, Свети Василиј Велики
Свети Трифун
Света преподобна маченица Eвдокија (Летник)
ПОСТОТ КАЈ ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ

Коледарски песни

1. Коледе, леде! Паднало греде, утепало деде.

Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца.

Гусќини, гусќини! О, о, коледе!

 

2. Цуцул стои на грутка та си шие ќесулка. А шчо ќе му ќесулка?

- Да си бере жирчок. - А шчо ќе му жирчок? - Да си рани прасето.

- А шчо ќе му прасето? - Да му пушча лојца. - А шчо ќе му лојца?

- Да си мазни стапчето. - А шчо ќе му стапчето? - Да си тепа бабата.

- А шчо ќе му бабата? - Да му роди машко дете. - Како го викат?

- Ајчин, бајчин! Коледе, коледе!

 

3. Цуцул пасе говеда покрај река Ситница, и отаде лисица:

- Добро утро цуцуле! - Дал Бог добро лисице!

- Шчо је врева у село? - Комар бек се женеше

за мушичка девојка: еже - тапанарче,

желка - свирбаџија, мечка тесто валкаше,

повеќе го лапаше, на мечиња даваше;

петел дрва цепеше, јаричка ѓи редешпе;

вино пушчаше, повеќе растураше.

 

4. Сива, сива галабице! Дека си се осивила?

- Таму горе на небеси. Шчо имаше, шчо немаше?

- Таму има мала Бога, мала Бога и Божиќа,

си редеа златни чаши, златни чаши и канати! Утре је Божик!

Запишал Г. Бојаџиов, соопштува Д. Матов.

Објавено во „Книжици за прочит“, Солун 1893.

 

Обичаи и песни спроти Бадник

Од Дебарско, записи на Васил Икономов

Во Дебарско особено во нашите малорекански села,, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат пченица (жито) со шеќер и ги пеат следниве песни:

1. Утре вечер - бадник вечер, бодни коња на пазара,

купи риба јогула, дојди дома да ја вариш,

сркни риба - убоцај се, пи си вино - весели се!

 

2. Теле велит: - Леле! Не колите мене,

ток` колите кокош! Кокош се скри пот кош!

 

3. - Сива, сива гулабице, од коде си долетала

до нашего господина? Шчо чинеше наш господин?

- Ми правеше златни чаши, златни чаши и канати,

да послужит млада Бога, млада Бога и Божиќа.

Божик ми е на небеси, слава му е по се земја.

 

4. Добро утро стара бабо! Дај ми колач и погача!

Напи се вино и ракија, појди в племна - запали ја!

Sркни каша - попари се, косни риба - убоцај се!

Од зборникот на Васил Икономов

 

Коледарски песни од записите на Mарко K. Цепенков

Коледица варварица, сива, сива гулабица

долетала од планина, и донесла убаина.

 

Коледица варварица, бери пења за вечера

мене ми се вечера, оти пиле ми загина,

од море до море, во царичини дворои.

Царица го нагазила, и цревцата му истурила.

Циу цвиц ми сторило и пилето си умрело.

По битолцќи Кoледица меледица,

и по неа Василица, и по неа дава, дава,

еднаш ни сте во година како цвеќе во градина.

 

Збирајте се дечиња, стред село на грејачка,

огон да си палиме, за да се изгреиме,

оти после ќе одиме, Коледа да викаме,

костење да збираме, за Бадник да јадиме,

Божик да го чекаме, и прасе да јадиме.

 

Колете, бре селани, дебелите крмнаци,

оти Божик ќе дојдит у селого на гости.

 

Олеле, деде, паднало греде,

отепало дете, дедо се влечи,

баба го плачи, и си го теши:

- Молчи ми старче, кусо магарче,

подај ми праче, да не ти к`лвнат,

твоите гурелки. Подај ми камче,

да удрам петле; да не ти к`лвни,

твоите мрсулки.

 

Годишни адете от Мачуково

Од записите на Стефан Веркович

(Коледе)

Денут пред Божиќ е Кољде. Децата одат по куките с`с колидчки и викат често: „Кољде“. От куките им дават колајчина. В куќа, што има умрен и не и чиниш оште година, колајчина не дават, ни пак децета одат.

Заедно сус колајчината месат и един колак за караконџалта, којто е на вид таков: 8; него го држат и, ка ке се разбољуват добиците, и зарануват сос него, за да уздравеат.

Таа ден мајките на децата им велат: „Елајте, сино!“ Мајка што ке им каже? факе да им зборува така:

Кољде, Кољде!

Трчи да уткинеме чаш`та,

чаш`та винуто,

и да уткиниме икун`та!

(Б`дник)

Вечерта спроти Божик е Б`дник.

Сечат едно дрво горничково което го вељат Б`дник, го запаљуват на ручок и вичера и горе дур да дујадат. От ка ке дујадат, па ги изг`снуват. Това прават дурди крајнут ден на Божиќ: едни тогу гу дугоруват, а пак орачето го напра`уват нешто за ралото, за да им се чине бирекет.

Месат една пресник пугача, в неа клават заманцка пара; а печат в пепелта уф огинут. На вичерта, ка ке седнат на софрата, постарјут факе скршуве едно коматче на Бога, друго на занајутут, што е ф куќта, друго на добиците. Следува така по с`та стока като: нивја, лозја и пр., ен напкум скршуве на него и сус рет дурду ен малќут; бркат пар`та и, в кого а наидат, ф негу е касметут.

Пред вичерта софрата а клават к`де врат`та. Тамо нареждат сите манџи, клават и гореречената пугача. Старите около огинут седат, децата одат а дигнуват софрата; един носе сфетилото друг грнето или м`штрабата сус вин`то, а вељат одеки к`де к`тот: „Ела дедо Божике да вичераме!“ Напкум вељат на старите: „Добру вечар“. - Они: „Дај Бо` добро! - Добре дошл`, дедо Божике! Добре, добре дошал!!“ Децата клават софрата и бакнуват р`ка сус рет на старите. Една од жејн`те пракадуве сус тимјан по пишин софрата, с`та куќа, келарут, постељ`та, стрејта и др., за да беге лушутјата. Напкун седнуват сите на софрата и зафаќе постарујат да крше пугачата, коту што риче`ме погоре. На пар`та от пугачата остават малце тестинце, а нанижуват на црвен копринен кониц а варзуват на маштрабата или на бутимут.

Прават ушав т.е. пчиница сус пикмес бркана; а пак друзи клават и сол, лук... да от него пешин зафаќат да јадат.

Таа вечер ут се, што са јаде, донесуват на софрата; апнуват сите от секое по малце, за греа: лукче, кромитче, прахче и др. Дури ут лет`то чуват дијни, лубеници максус за Б`дник. Тоги прават ного манџи и саралиа максус за вичер`та.

Малечките деца обикновено и позаспуват пред вичер`та. Тоги `и л`жат, не и устават да позаспат, за да са и они на софрата.

По вичерта околу огинут јадат имише секакви и пиат вино и се весељат. Гледат да гаљат децата, да не се насрдат, така и они межу едни друзи са весељат: не се сфрекнуват за нешто, кога зборуват, ами смеаки, смеаки зашто вељааат: „Ваа вечер ак` сме радосни, веселни, с`та година така ке бидиме, ако напротив = ке имме мараза и кариница.

Огинут с`ноќ горе. Постарјут (домакинут) до него спие, за да го вале. да са ог`ене е греота! От това е останало да вељат за некого, што седе ного ноќта: „Дали Б`дник чувиш?“

Прават пугача, којата а вељат гумно: отузгоре напрауват сус тесто гумно, стогове... и одат на гумното, запаљуват врз неа свеќа. Неа а клават на софрата на Б`дник, на првјут и вторјут ден на р`чко и вичера, ама не а јадат. Дури на крајнут ден а накршуват и а изедуват.

Орачето клават на низуљот палишникут, му наденуват еден колак на пашката - правајут, ушите от рач`то и утрошито. На палишникут запаљуват сфеќа, кога вичерат. Пу вичер`та на чешмата, одат на чешмата, измиват палишникут, да му биде чисто жит`то, да да са продаве. Палишникут и др. стојат на пизуљникут дур ду Сурва.

На воловето им запаљуват свеќа на роговето.

Објавено во „Македонски преглед“, 1931 г.

Македонските слепи гуслари

Според оваа хипотеза, најголемиот број ослепени Самоилови ослепени војници, и оние од првиот бран по Беласичката битка, кој изнесувал околу 15.000, како и од второто ослепување, потекнувале од градовите: Битола, Прилеп, Охрид и др. Неспособни за живот се оддале на просење пеејќи ги песните за битките во кои учествувале, но и песни што биле популарни. Така го заработувале својот леб и ја граделе македонската, пред се, битолската просјачко-гусларска традиција.
Преданија за Свети Наум и Климент
Бољки
Народна медицина
СЛОВО
Македонски традиции
Секојдневни обичаи
Коледарски песни
Некрстените денови
Верувања и суеверија
Прво запевање на птици
Зимски народни обичаи
Eргенлак и муминство
Свадбени обичаи
Свадбени обичаи од Гевгелиско
Дервиши
Народни музички инструменти во Македонија
Познато е дека музичките инструменти на различни народи не се применуваат еднообразно и не уживаат еднаков углед. Познато е и тоа дека се поделени на свети и профани, на достојни и недостојни, инструменти на нижите и вишите слоеви и касти, на женски и машки, а за примената на таа класификација строго се водело сметка.