македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт
Велики четвртоци
Христос воскресе-Навистина воскресе
Света великомаченица Варвара
(Стара) Нова година, Обрезание Христово, Свети Василиј Велики
Свети Трифун
Света преподобна маченица Eвдокија (Летник)
ПОСТОТ КАЈ ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ

Народна медицина

Главобол Кога боли глава от вино каша и божур и ручај од њега јутра, а едно остави та си носи сос себе. От тежина у глава од свиња сало растопи и капи у ухо или свари с вода и пи. Или у велика рупу ижежи га сотри ситно свари си и пи многу на ште срце. Аште кого боле глава најди спориш сварти лози, мешај ја, триј и цели се. От глава... стучи бел темјан и оцет врзи и слепи очи и синап тури у мет и мажи главу врз синап и сало мечио и пипер и шарлаган и каклица тулчена мажи на главу.  От глава кога боле карафил 8 пари, 50 пари темјан, 3 пари бадеми јаги, 1 чаша оцет, 1/2 ракија, 10 пари зејтин да го наложиш на главата сос модра книга, бурнут и нишадар у нос да тегле еднаш да застане на пладнина, еднаш навечер. Глава от пиење кому боли шафран и оцет да мажи главата. Кога от боли глава болит ашашово масло мажи на чело. От глава... терементка и сакес колцај и оцет мешај и тури на глава. За да отежит глава 3 јајца жолчката, една рака сол да измотиш, да и туриш у колцишта дека боли да наложи. От пиење глава кому боли шафран да мажи главата. От глава... бел темјан и оцет. Врзи на слепи очи синап тучи и мет мажи, врзи синапо, само мечио и пипер и шарлаган и каклица и тучи и мажи главата, отежит главата. От глава кога боли 2 пари каранфил 1 пара темјан бадем јапи 1 чаша оцет и јака ракија 1 пара зејтин да го наложиш на главата со модра книга, бурнут и ишадор у нос да тече и зарани и пладнина и невечер.

Очебол Кому играт очи да пиет божурово семе прет сонце 40 дена секи ден. Кого боли очи бел темјан и от зајака срце и морска сол и морски пен и сотри и сипи нека подржи малко часа. От болес на око от аштреп порот и цело положи на око со мет. Ајделик суи, виделно масло за очи. Влагичи курмус минаралис за на очи. От очобол кромит огули...оти. От мрежесто око от штрк јајце и ас бисер, ластовоци гнездо сипај и от коса пи.

Ушебол Ти уши зла стипца, нишадор и карафил и модр камен по ас пара со вода наедно стуци како брашно и оцет ногу да го згреиш и држи на уста колку можиш да трпиш. За глуво уво кавурна икимон и восок измешај го... фитил во ухо. Аште боли уши од диви тикви корење у воду и шарлаган капи во уши. Аште околу уше биде козја крв и маткино масло измешај и сипи во уво и глогово корење стуци и пои со вода и морачово корење и пи с вода и вино. Ако бучи ухо стулци капиново лисје и вино мешај с мет и зејтин и згреј го и капи од гуска сало неслано, растопи и капи. От глухота от свина млеко и от бел кромит вода напни во ухото. За глуоче кафур и икимон и восок с воду наедно, на конец појак да се скине направи фитил и тури у уши. И козја крв пловним (?) измешај и сипи у уши. От глувоча от орлово сало наливај во ухо. От глуф човеку от зајак жолч и мет со женско млеко измешај от вечер и капи во ухо. От кого болит уво и не чует масло ореово, зајачка жолч и вари ја со мет и женско млеко, смешај и сипи во уво. Кого го болит уво од гуска сало вари со кромит и сипи во уво болес тему. От свина сало растопи и капни во уше и лисје вари со вода.

Нос Кому течи крв од носо узми дарчин, кулцај и трлај у носо како бурнут, чекај (да) престане.

Грло Кого грло болит распори жива жаба и врзи на грло и гризи жолта перуника из решето и пи вода и бели лук пржи с масло и врзи на грло. Кого боли грло јачменов (?) прас со зејтин и наложи на грло; анте ли у грло меур зрно пелин столчи, измешај итерак и пипер и ложи грло; аште ли јазик мехур... али бес пипер на грло врзи ... отцери. За меур у грло црн пелин столчи, полата смешај со тирак (штирак) и пипер и положи на грло... ако е по јазик а ти без пипер и положи на грло. Сирке мелеми зејтин 20 драма и оцет 25 драма и клек 15 пари на усту 15 пари... Од која буба (?) застопи козја лој, мажи по грлото и бршлен носи со себе харно е. Од грло кога боли моджр камен и чингр 1 пара и ќуќур 1 пара да сотриеш и духаш и грло и црна кокошка желудник да го врзиш на конец та да го изедиш и жива риба да фатиш, да плукнеш па да ја пуштиш и ластовица фани, плукни и грло та ја пушти. Грло кога болит да земит од ластоица седало да го свариш со оцет да го прецедиш и да го мирисаш.Од книгата „Македонски лечебник од 19 век“,

Приредил д-р Драги Стефанија, Скопје 1985.

Далак - сина бапка. Така ја викаат плевенци една опасна болест, во медицината позната под името антрак, со која се заразуваат особено оние селани кои се служеле со кожите на умрени животни болни од болеста антрак. Болеста се јавува во една бапка (мозолче, подуено) со морава, сина боја придружена со состојба на треска која може да го уништи животот на болниот за 24 часа. Во селото таа болест ја лекуваат со нажежено железо или шајка (брут) со кое се гори целата содржина на бапката дури до здравото ткиво. Како специјалистка лекарка на сината бапка во минатото се сметала баба Пејчинова од селото Височен. Истиот начин на лекување на оваа болест се практикува и во другите села и градови на Беломорието.

Баења. баењата се широко распространети меѓу жителите на селото и се должи на вербата дека болестите се создадени од от зли духови кои влегуваат во човекот. Има два вида баења: баење за болест и баење за уроци.

Баење за болест. Бабата - бајачката, доаѓа во куќата на болното дете и собира: прешлен, метла, клуч, гребен и ножици и ги наредува до еден бакарен сад (тепција) наполнет со врела вода. Околу садот се поставуваат три лажици и во водата на садот се поклопува едно грне. Мајката го држи детето над грнето, а бабата го започнува баењето; со секоја јажица одделно меша во водата околу грнето и зборува: да го изгребам со лажиците, да го товарам... лошите духови на црни мулиња, да ги однесам на црн пазар, в гори зелени, при води студени. Тука има црни стада со црни чобани (овчари) и на нив им ги теслимат (предаваат). Додека бабата ја меша со лажицата водата се собира по малку во грнето. Кога ќе заврши баењето со трите лажици, бабата го повторува истото и со другите предмети, откако започнува со гребенот. Гребенот се потпира до грнето и садот и се вели: најпрвин да го исчешам, со метлата да го изметам, со ножиците да го истрижам, низ дупката на прешленот да го проврам и со клучот да го заклучам. По првите зборови се повторуваат сите предмети околу лажиците.

Баење за уроци. Бабата зема едно јајце обиколува по собата и говори: од женско лиј, од машко лиј; ако е од женско урочено - да и пукне левата боска; ако е од машко - да му пукне левото маде...и натаму продолжува: од урок ли е, од нарек ли е, го болат (тука се поменува името на болното дете). Да го извадам, да го однесам во гората каде што петел не пее, каде што нема луѓе, тука нема јадење и пиење - тамо има и да јадат и да пијат. Потоа го крши јајцето во водата. Во средината на садот се оформува нешто како око (жолчката останува цела, тоа е окото). Со тоа бабата ја убедува мајката на болното дете дека детето навистина е урочено откако ги повторува зборовите: хж, хж, види мори како е урочено, око стана јајцето, значи од лоши очи се разболело - значи нема никакво сомнение. Кога ќе ја заврши работата со јајцето зема чешне лук и со секое одделно зборува откако ќе го спомене името на детето: урочосан, глава го боли, нозе го болат, зглобовите го болат итн. Да го заведам, да го одведам итн. Истото нешто се повторува и со трите грутки сол. Кога ќе заврши баењето бабата го зема грнето (ќупот) и го става под уроченото за да влезе по малку пари и со тоа завршува баењето.

Лекување на краста. Се толчи жива со чеканче и се меша со плунка, во него се сипе сулиман и сето се залива со зејтин. Така приготвената смеса се остава на покривот за да остане една ноќ на ѕвездите. Потоа се мачка краставото животно, но одделно од другите животни за и тие да не ги фати крастата. На времето како специјалист - лекар за оваа болест се сметал Тодор Ѓаура.

Кога некој ќе се удри по главата со тап предмет врз удреното место се става железен предмет (нож, секира, тесла и др.) за да не се прави оток (подуеност).

При болки во стомакот - велат дека му се одврзал папукот. Тогаш се вика некоја жена што знае да заврзува (завиткува) папук. Жената меша зејтин со ракија и откако го притиска стомакот на разни места, предизвикува кркорење на цревата и си брбори: „Ете го ѓавола, на, слушајте“. Откако ќе го истиска стомакот извесно време кога ќе се покрие стомакот со грне откако претходно на папукот се става една глава кромид со на него запалена борина. Кога ќе угасне борината папукот со околната кожа се ставаат во грнето. На болниот не му се дозволува да пие вода. На времето позната како мајсторка да заврзува папук била баба Ина (мајката на Ѓорѓи Инин - таткото на Иванко абаџијата).

Цер против пијанство. Кога некој е малку пијан, од вино, му даваат да пие расол чорба. Ако е многу пијан особено од ракија го држат на топло и во устата му исцедуваат „грепки“ (измет од коњ) и пијаниот се отрезнува.

Цер против бес. Кога човек ќе биде каснат од болно куче, побргу го носат во селото Горенци при позната жена - мајсторица, да му реже под јазикот - за бес.

Против кашлица. Се вари чај од бозов цвет собран пред зори на Еремија (Први мај- с.с.) и исушен на сенка; истото се прави со цветови од лај кучка собрана на истиот ден. Се употребува и липов цвет донесен од манастирот „Св. Богородица“ (Кушнишки манастир).

Против мајасил. На болниот од мајасил му се дава да јаде на гладно срце нечукан ќуќур или пак јаде попарени од слана шипинки од див трендафил.

При болки во стомакот некои го напиваат болниот со смеса од оцет и пепел и стомакот му го наложуваат исто така со оцет и пепел. Кога нема оцет на стомакот му се става студен камен.

На западнат човек, т. е на таков што не му оди и постојано слабее му се дава да пие наутро на гладно срце по 30 грама чист зејтин или пак да јаде маслинки од кои ги голта и семките.

Цер против страв. На уплашен му се дава да голтне живо срце на жив распаран гулаб. Кога некој ќе се уплаше одненадеж си плукаат на срцето (во пазувата), а кога се работи за деца ги превртуваат преку глава до три пати.

Исипано - искилавување се лекува на тој начин што на болниот му се дава да јаде кајгана од јајца од желка.

На болен од жолтица му даваат да јаде месо од еж или пак да ја испие мочта.

На затруен човек му се дава да пие крв особено од гуска.

Жлездите во грлото (крајниците) кога болат се пробиваат со прсти. На времето како големи мајсторки за лекување од крајници биле бабите Бонча Шунтова и Ингилина Газанова.

На човек болен од треска му варат врбови кори и му даваат да пие од сокот на гладно срце. Пелинот исто така е многу почитуван. Тој се вари како чај и се пие на празен стомак.

За запирање крв на пресечен со нож на раната му ставаат пајажина и прав од сува печурка.

Против пролив на болниот му препорачуваат да јаде дренки.

Против глувост и болки во ушите во болното уво капнуваат зејтин.

Од трудот на Бинчо Бончев со наслов „Село Плевне (Плевна), Драмско“.

Како тајни формули засновани главно врз верувањето во магичната моќ на зборот баењата се блиски до благословите и клетвите. Тие, всушност, според намената, според пораката како да содржат единство од благослови и клетви. Од една страна содржат добра желба за оздравување, упатена кон болниот, од друга страна пак содржат зла коб, закана упатена кон болеста. Целта на баењата е да се отстрани некоја штета, опасност воопшто, а посебно болест. Како активности чија намена е оздравување на болниот баењата се всушност првата народна медицина. А бидејќи е еден вид народна магиска медицина во која лек е поетскиот збор и бидејќи силата на уверувањето е основен услов на секоја изведба, посебно е нагласена реторичката компонента што воедно значи дека реторичкиот текст едноставно мора да биде книжевносно многу успешен. Како дел од народната култура и посебно како дел од народната медицина, баењата покривале поширока област од денешната медицина. Доволно е да се рече дека нема позначаен проблем кој конкретно се однесувал на животот на човекот и неговата дејност кој на некој начин не е решаван со баење (здравје, љубов, богатство, заштита од штетници и природни непогоди, војна). Затоа тие се значаен споменик на историјата на народот, неговата култура, континуитетот на развојот на човековото мислење.

Баењата не се кажуваат гласно туку со шепотење или мрморење онака како што според верувањето и болеста влегла во телото. Со нив се настојува на сите начини „милум или силум“ болеста да се истера од телото. Така во еден случај баењата се кажуваат со молитвен тон, а во друг содржат и елементи на закана. Во вториов случај се користат и остри предмети (нож, сабја, коса, секира и др.) со кои се замавнува во правец на болниот со верување дека болеста ќе се исплаши и ќе побегне. Притоа и активноста на бајачката и посебно содржината на баењето се насочуваат во тој правец. „Кого да сечам, детето или болеста“ - прашува бајачката доближувајќи ја секирата до болниот. „Болеста, болеста“ - одговара мајката на детето или некој друг што е во моментот со него. Во баењата болеста се убедува дека надвор од телото ќе и биде многу поубаво поради што се советува да оди во некое осамено место.

По планина, по рудина кај што петли не пејат, кај што луѓе не вреват. Да спиеш под сенкине широки, да пиеш вода студена.

Значи баењата содржат единство на активности и зборови, одбрани активности и одбрани поетски состави. Ако ги оттргнеме од конкретниот контекст во кој единствено постојат тие целосно можат да се читаат како поетски текстови. Но текстот и дејноста се во неразделно единство. Некое баења се засновани врз принципот на имитативната магија (сличното произведува слично), а други врз принципотна преносната магија, во верувањето дека предметите што еднаш биле во допир нивната врска продолжува и кога тие ќе се одделат односно врз принципот: делот е исто што и целината. При баењата се употребуваат разни обредни предмети: секира. нож, коса, жар, јаглења и сл. Потоа баењата се изведуваат на одредени места: под стреа, на праг, на раскрсница, на гроб, над оган и сл. Исто така и времето кога се бае е строго определено; на зајдисонце, на полноќ, кога месечината гине итн. Сето тоа сведочи дека баењата имале обреден карактер. Но со тек на времето зборовите се одделувале од обредот и егзистирале како посебни поетски состави. А за да можеле да опстојат како поетски состави морале да содржат позначајни книжевни состави.

Со баењата се лекуваат најразлични болести: урок, нагазено, чума, буица, уплав, клинови, кашалица, потоа се предизвикува или насочува љубов, омраза итн. Но баењето може да биде и превентива. Баењата спаѓаат меѓу најстарите говорни народни умотворби. Водат потекло од најстарите времиња поради што во нив има остатоци од старата паганска религија. Но подоцна тие примиле поголем број елементи од христијанската вера, па така паганските и христијанските елементи се во неразделно единство. Во баењата се споменуваат Богородица, разни светци итн.

Баења од Горноџумајско

1. Баење од уроци Кога бајачката бае од уроци, на секое баење му го растрива челото на болниот до три пати и му вели: Сви се змија на средорек, с едно око водено, с едно огнено, пукна се водено, угаси огнено. Слушано од Катерина В’санска.

2. Пак од уроци Црна квачка с црни пилишта, у пуста гора, у пустелија, дека петел не пое, дека кокопшка не к’ца, дека кон не оди, дека магаре не гази дека куче не лае. У пуста гора у пустелија, црна квачка црни пилишта да не копат, да изријат да накацат.

3. Од подљута на рана Кренал (името на тој што му баат) воз село, низ село, та вика та писка. На срешта му (ја: Св. Богородица, Св. Недела и Св. Петка) И носат сребрено котленце, у котленце водица, у водица перце. Та зеа с перцето, с перцето помажаа, с водица попрскаа, попрскаа на (името) раната, та на (името) олекна и тајна. Слушана од Петра Христова.

Од записите на Антон Поп Стоилов

Македонските слепи гуслари

Според оваа хипотеза, најголемиот број ослепени Самоилови ослепени војници, и оние од првиот бран по Беласичката битка, кој изнесувал околу 15.000, како и од второто ослепување, потекнувале од градовите: Битола, Прилеп, Охрид и др. Неспособни за живот се оддале на просење пеејќи ги песните за битките во кои учествувале, но и песни што биле популарни. Така го заработувале својот леб и ја граделе македонската, пред се, битолската просјачко-гусларска традиција.
Преданија за Свети Наум и Климент
Бољки
Народна медицина
СЛОВО
Македонски традиции
Секојдневни обичаи
Коледарски песни
Некрстените денови
Верувања и суеверија
Прво запевање на птици
Зимски народни обичаи
Eргенлак и муминство
Свадбени обичаи
Свадбени обичаи од Гевгелиско
Дервиши
Народни музички инструменти во Македонија
Познато е дека музичките инструменти на различни народи не се применуваат еднообразно и не уживаат еднаков углед. Познато е и тоа дека се поделени на свети и профани, на достојни и недостојни, инструменти на нижите и вишите слоеви и касти, на женски и машки, а за примената на таа класификација строго се водело сметка.