македонски | српски
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт

Ферид Мухиќ
Големата Камена Глава

А карпата навистина прилегала на човечка глава: дури имала и седум големи отвори-пештери, токму како и главата на човек: две очи, две уши, две ноздри, и една уста!
Mост кој обединува векови



Според податоците кои може да се прочитаат од плочата на мостот, овој историски споменик го подигнале Римјаните во 6 век, веднаш откако во 518 година, силен земјотрес го погодил овој дел од денешна Македонија, целосно разурнувајќи го Скупи, античкиот град кој се наоѓал на местото на денешно Скопје. 
Што ние можеме да сториме за нашиот град

Ове е проект на сите граѓани на нашиот град, главниот град на нашата земја, која е раскрсница на Балканот и важна точка во глобалната геополитичка карта на светот.
Aрхеолошки локалитети во околината на Скопје
Скопје е рангиран на 151 место
Најдобри градови за живеење во светот

На листата на „Мерсер“ на градови со најдобра инфраструктура, Скопје е на 138. место. Прв е Сингапур, втор Минхен, трет Копенхаген. И на оваа листа најдоброрангиран град во регионот е Љубљана, на 95. позиција. Пред Скопје се и Атина и Загреб, а полошопласирани се Белград, Софија, Сараево и Тирана.„Мерсер“ ги врши рангирањата според конкретни критериуми како што се политичка и економска слобода и развој, социјална заштита, здравствениот и образовниот систем, јавниот транспорт, комуналните дејности... Во конкуренција годинава биле 420 градови во светот, а на конечната листа се рангирани 215. 
Средновековно Скопје

Во гробовите околу црквата е најден бронзен и сребрен накит како и повеќе монети кои потекнуваат од 13 и 14. век, како и една секундарно употребена надгробната плоча на некој болјар Влатко, со старословенски натпис, датирана  во 1281 година. Во рамките на Скопската Тврдина, според пишаните изворите имало и други цркви. Со истражувањатата на просторот близу до јужниот градски ѕид, а недалеку од Јужната порта ископани се бројни парчиња од ѕидни фрески од друга црква, како и поедини наоди на крстови. На истиот простор најдени се и најголемиот број наоди на оловни печати-пломби што се заедно најавува постоење на одреден црковно административен центар, некаде во близината, во сеуште неистражените делови од теренот.
Манастир Свети Никита, Бањани

Третата зона ги илустрира "Христовите маки". Меѓу зачуваните и позначајните композиции се: "Тајната вечера", "Миење на нозете на апостолите", "Качување на крстот", "Симнување од крстот" и "Оплакување". Во олтарната апсида е Причестувањето на апостолиежте, додека на западниот ѕид е "Успението на Богородица".
Манастир Свети Илија Горни, Бањани

Таа е мала еднокорабна црква. Слепена е со северната страна до една карпа. Во литературата и во историските извори може да се најде и како се споменува како пештерна црква. Од надворешната страна апсидата е тристрана. Внатре во црквата се распознаваат два слоја живопис. Вториот слој нема некоја голема уметничка вредност. Според зачуваните остатоци од првиот слој се претпоставува дека црквата била изградена во XIV век.
Архангел Михаил и Гаврил, Кучевиште

Кога била изградена црквата Св. Архангел, не е познато. Но по начинот на градењето и стилските одлики на архитектурата, констатирано е дека црквата била изградена многу порано, веројатно кон крајот на XIV или XV век. Од еден натпис кој постоел во припрата се заклучува дека живописот во неа бил изведен во 1631 година, додека на сочуваниот натпис на влезната врата на црквата стои дека била живописана во 1701 година.
Црква Свети Спас, Кучевиште

Врз основа на еден натпис, испишан на старословенски јазик, што е делумно зачуван над јужната влезна врата од внатрешната страна, а во кој се вели дека црквата била живописана во времето на Радослав и Владислав, како и од текстот на една повелба издадена од царот Душанво периодот помежу 1348 и 1353 година, во која се вели: "љубимиот властелин на моето царство, жупанот Радослав, по своја волја го приложи селото Кучевиште во црквата Св. Богородица", доаѓаме до констатација дека црквата била изградена и живописана, нешто пред 1348 година. Дали во исто време бил изграден и двоспратниот нартекс од западната страна, чијашто форма потсетува на малите црковни гробници не е познато
Манастир св. Богородица, Побожје

Инаку за овој манстир нема писмени документи и историски извори, за времето кога е подигнат. Може да се согледа дека внатрешната архитектура на црквата, е карактеристична за времето од турското ропство, а стилот во кој е изведен живописот е византиски. Според тоа може да се заклучи дека црквата е подигната некаде околу XIV или XV век.
Пајтон

Во Скопје имало повеќе станици каде што стоеле пајтони кои служеле како јавен превоз и тоа: кај Железничка станица, на ул.”Престолонаследник Петар”, ул. “Кнез Арсен” до самиот плоштад, кај Државната болница, од двете страни на Железниот мост-”Генерал Бојовиќ” кај Кејот”Крал Александар”, кај Железниот мост во ул.”Немањичка”, на Кејот “13 Октомври” кај Споменикот на паднатите борци, кај Воената болница и на Бит-пазар на ул.”Краљевиќ Марко”.
Првата скопска книжарница

Но, уште еден куриозитетен податок ја разгорува фантазијата за првата скопска книжарница. Имено, одделни книги кои се печателе во словенските печатници во Венеција, денес постојат и се сочувани во Народната и универзитетска библиотека во Скопје. Некои од тие изданија најверојатно биле продавани и во книжарницата на Кара Трифун. Еве некои дел од сочуваните стари наслови: постојат два примерока од Псалтир со последование печатени од Венецијанецот Виченцо, во НУБ постои и примерок од Часословец што го печател Јаков од Камена Река, потоа едно издание на Октоих... од 1536 г. итн.
Слаткарница "Охрид"

Познавачите и гурманите знаат дека парените слатки од брашно преку Турција водат потекло од Персија и од арапскиот свет, додека сите слатки кои се прават од млеко, водат потекло од Македонија. Тие преку турската кујна стануваат славни низ светот до ден-денешен. Единствено во Скопје овде можеа да се јадат парените: анум папук, шеќерпаре, а и вообичаените кадаиф и баклава од месени кори. Млечните слатки беа приказна за себе. Ретко кој во Скопје знае што е: малебија, казандиба (дното на казанот), слатки што се прават од мелен ориз и млеко, кајмачина и феноменалниот сутлијаш.
Скопскиот театар

Во рамките на дејствувањето на Македонскиот народен театар основана е и куклена секција. Својата прва премиерна изведба, претставата "Силјан Штркот", Куклената секција ја одржа на 21 април 1946 година, а во текот на 1949 година Секцијата прерасна во самостоен Куклен театар на град Скопје. По повеќегодишно дејствување, Куклениот театар, на 4 март 1965 година прераснува во Драмски театар, ги проширува своите сценски простори, и со својот постојан истражувачки и творечки однос, како и со своите високи креативни дострели и многубројни награди, си го обезбедува своето место на најдобар театар во земјата.
Најмалата улица!

Најмалата улица во градот, а секако, според нејзините специфики, и најмала во светот, се наоѓа во Чаршијата, на улица Белградска, поточно на една “крстосница” низ која се шират бројните “краци” на оваа улица. Иако на прв поглед е минијатурна, сепак кога ќе се даде нејзиниот опис ќе се види какво богатство крие во себе. И она што е најбитно: ги има сите “нишани” на вистинска улица, и тоа на исклучително мал простор бидејќи има помалку од десетина метри. Верувале или не, од двете нејзини страни се наоѓаат осумнаесетина дуќани и - две кафулиња!
Конаците на Хавзи Паша во Бардовци

Конаците во Бардовци претставуваат еден од највидните споменици на станбената архитектура на Балканскиот полуостров од времето на феудалното уредување; тие во Турската импаерија се одржале до 19 век. Меѓу многубројните конаци со слична намена што биле изградени од разни видни Турци во Македонија, на Косово, во Босна и Србија се смета дека конаците во Бардовци биле најголеми, а се истакнувале над другите по стилската обработка и декоративното богатство. По својата содржина и структура конаците и населбите во Бардовци ги носат карактеристиките на слични комплекси - чифлици со населбите што се граделе во рамките на тогашната Турска империја.
Приказната за водениците во Скопје

Дали воденицата среде град повторно ќе ја изградиме, како туристички раритет и гордост на градот? Може, но не мора. Сево ова убаво звучи и како стара скопска приказна.
Дендропарк

Во населба Автокоманда во рамките на Шумарскиот факултет се наоѓа Дендропарк, градина на површина од 4 хектари, со над 230 ретки дрвенести растенија од Македонија, Балканот и од цел свет. Вчерашната презентација на проектот, со кој овој простор изминатите месеци беше збогатен со нови видови и уреден со урбана опрема по иницијатива на Здружението на студенти од Шумарски факултет Дрен", поттикна и нов проект што го најави Општина Гази Баба и граѓаните да ги уредат своите градини по ист терк.
Сончев часовник


Златна плакета “Макинова 2001“, награда од градоначалникот на Градот во 2003, златна плакета и златен медал со ликот на Никола Тесла на “Пронаоѓање - Белград 2004“ се признанијата што Коља Асенов ги добил за универзалниот часовник. Инаку, овој пронаоѓач е првиот професор по астрономија во земјава, истата титула ја има и во областа на географијата и паралелно е секретар во Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања.
Ботаничката градина Скопје

Градината има долга историја и речиси е современик на Природно-математичкиот факултет, кој е формиран во 1948. Сепак, градината се поврзува со преселбата на Факултетот во 1952/53. Во скопската ботаничка градина живеат локални ендемити кои ги има во Македонија и никаде на друго место во светот, како мајчината душица, која расте само на Козјак, алшарската темјанушкa, која вирее само на локалитетот Алшар во Кавадарци, вид лале што го има само на планината Жеден, редок бозел кој опстојува само во околината на Дебар и многу други. Со помош на објектот за аклиматизација, репродукција и одгледување во градината се донесени популации од неколку ендемични, реликтни и загрозени видови билки, како и фрагменти од водна, блатна, ливадска и степолика вегетација на која поради нарушување на животната средина и се заканува целосно истребување.
Бонсаи-градинa, во Градскиот парк

Еден од најатрактивните делови во паркот е зен-градината, а на крајот има дел што личи на англиска шума. Градината ќе биде катче во кое луѓето можат да се полнат со позитивна енергија, да медитираат и да размислуваат. Бонсаи-градината ќе биде отворена за посетителите секој ден освен понеделник, а влезот нема да се наплаќа. Од фирмата размислуваат да наплатуваат симболична сум од пет денари за влез, што би се донирале за дом за деца без родители.
Тахталиџа или Тафталиџе

Еден многу богат турски ага бил сопственик на пространа ливада на овој простор. Тој ливадата  ја оставал “за севат на својата душа, да се шета по неа  и турско и каурско”.  На оваа ливада луѓето се собирале заради чистиот воздух и убавата природа. Не случајно постарите скопјани ова место го нарекувале “шумска воздушна бања”.
Тајната на шареното турбе

Кога Тимур таш паша го освојува Скопје во 1392 г, заедно со Медах баба ("меддах" на арапски: проповедник, славител на Бога), тој наскоро одбраната и управувањето на градот му ги предал на Игит паша. Според истражувањата на историчарите, овој паша е татко на славниот Исак бег, еден од најголемите градители на објекти во Чаршијата.
Приказната за кралската ќерка

Приказната за кралската ќерка, сепак, продолжува на поинаков начин. Постојат и мислења дека принцезата Катерина не била погребана во ова кралско турбе. Турбето се поврзува, всушност, со моќниот Игит-паша, освојувачот на Скопје, кој во 14 век градот го преземал од Вук Бранковиќ. Игит-паша станал не само воен заповедник, туку неговата власт се ширела во сите домени. Тој бил еден од првите жители и османлиски моќници коишто се населиле во Скопје.
Двокатни автобуси



- Во 1950 години, кога се вработив во Градски сообраќај, имаше шест возачи и три автобуси. Јас го возев камионот "грајфштиф", кој претпоставувам дека бил користен за време на војната. Во тоа време отворавме автобуски линии и затоа самите правевме патишта. Во 1951 година добивме десет нови автобуси "рено" и почнавме да возиме и низ целото Скопје. Ги викавме чардаклија бидејќи беа високи и требаше да се искачат неколку скали за да се влезе. Се случуваше на една релација да возиме двајца шофери и ако се пресретневме, ги преселувавме патниците од едниот автобус во другиот и еден од возачите се враќаше по нови луѓе. Чардаклиите ги користевме неколку години, а потоа ги зедовме двокатните автобуси - се присетува тој. Двокатните автобуси биле вообичаена глетка во старо Скопје. Но по земјотресот во 1963 година сите возила биле дадени во Сараево, каде што се користеле уште многу години. Чичко Бојан вели дека со продавањето на двокатните автобуси завршила најславната ера од животот на градот, за која сега може да се присетуваме само преку сликите.
Чајник - воз што "одел" 15-20 км на час

Малкумина не знаат дека од Скопје до Охрид до пред 50 години се патувало повеќе од 17 часа со воз. По малите шини, неколкупати во денот од Скопје до Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид и до Струга, патниците се превезувале со малиот воз, меѓу народот познат како "чајник".
СКОПЈЕ, ОД ТРОТОАРОТ

Во Скопје, во 1932 година формирано е првото (не знам дали потоа имало некое друго, или тоа било прво и последно?) - нудистичко друштво! Да, вистинско нудистичко друштво! Членувале исклучиво жени, а се разбира, покрај членовите, друштвото имало и свој - претседател. Претседател била позната скопјанка од "високото општество" Т.В. Нудистките, со пајтони, оделе во - Катланово. Се капеле и сончале на тамошните пусти плажи на реката Пчиња. Но, запишувачите велат дека тие не ретко оделе и на тајните и скришни места на реките Вардар и Треска.
ТРИ ГРАЦИИ

Трите ката, фасадата, е разбиена со три еркери и меѓу нив балкони со задолжителните огради, од ковано железо, декоративно збогатени. Украсена е целата фасада со орнаменти од билниот свет, геометриски форми, човечки ликови и фигури од животинскиот свет. приземјето и мезанинот се ов темна боја, а катовите во белузлава, проткаена со блага жолта. Така, фасадата делува живо и разиграно. Влезот е решен со портал, чиј врв е пресечен за излез на дршката на канделаброт.
1963 - помош од странство

Помошта од странство потекнува од земјите: /Аден, Албанија, Алжир, Аргентина, Австралија, Австрија, Авганистан, Белгија, Боливија, Бразил, Бугарија, Бурма, Чехословачка, ЧилЈордан, Јужноафриканска унија, Камбоџа, Кина, Канада, Кипар, Колумбија, Костарика, Кувајт, Либан, Либерија, Луксембург, Унгарија, Мали, Малта, Мароко, Мексико, Монако, Монголија, Германска Демократска Република, Нигерија, Нов Зеланд, Норвешка, Пакистан, Панама, Полска, Португалија, Романија, Родезија, Социјалистичка Република Германија, Сенегал, Сирија, СССР, САД, Судан, Сри Ланка, Тангањика, Тунис, Турција, Заир, Уганда, Уругвај, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Ватикан, Велика Британија, Венецуела/, многу меѓународни организации, странски туристи и други дарители.
Марин Држиќ во Скопје

Марин Држиќ, веселиот дубровнички свештеник и автентичниот ренесансен глобтротер, е роден во 1508 г. Истражувањата на литерарниот историчар Харалампие Поленаковиќ потврдуваат дека овој најголем хрватски ренесансен автор поминал низ Скопје веројатно во 1546 г, кога патувал за Стамбол во придружба на виенскиот авантурист Кристоф вон Рогендорф (кој бил инспирација за ликот на Уго Тудешко во „Дундо Марое“).
Бранислав Нушиќ и Скопје

Тој е дел од оние што го формираат Народното позориште во Скопје во 1913. Во 1915 г. (26 мај) успева да добие согласност од Министерството за просвета на Србија за изградба на нова театарска зграда која веднаш е почната да се гради на левата страна на Вардар (по проектот на угледниот архитект Јосип Буковац) и конечно завршна и предадена во употреба на 27 октомври 1927 г. Токму тој објект натаму станува амблем на театарското живеење во Македонија: до 26 јули 1963 година.
Скопскиот живот на Гркот Зорба

Тој со своето друштво знаел да престојува во оваа кафеана сe до зори. Починал ненадејно во хотелот Ловец. Од овој хотел неговите пријатели го пренеле до неговото последно почивалиште на скопските гробишта.
Музеј на Мајка Тереза

Спомен-домот се отворени секој работен ден од 10 до 20 часот, а во сабота и недела до 15 часот. Влезот е слободен, а посетителите ги пречекуваат тројца кустоси кои зборуваат на течен англиски, италијански, шпански, албански и турски јазик
Хронологија на градот
Општи податоци
Градски информатор
Метропола
1963

Куќата на Мајка Тереза
Целата куќа се држи на столбови, кои се стилизирани и ги претставуваат нејзините мајка, татко, брат и сестра, а најголемиот столб го претставува нејзиниот татко. Самата конструкција е дел од приказната, дури и носечкиот столб, кој е направен од железо претставува испреплетување и движење на риби, кои го претставуваат Исус Христос, а птиците Светиот дух, што е христијанска симболика. Портата низ која се влегува е карактеристична за македонските куќи, таа е делкана за да изгледа како да добила оштетувања од долготрајната употреба.

"Свети Климент Охридски".
1972 во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква "Свети Климент Охридски".
   

Eснафски обичаи

„Рим- Париз“
Кога на кејот на Скопје почна да работи кафулето „Њујорк“, забележен е еден ваков, ориентациски муабет. - Каде? - Во „Њујорк“! - Кај е тоа? - На кеј, ама не спрема „Лондон“, туку спрема „Рим-Париз“

Гуските од паркот
Гуските и шатките кои беа заштитен знак на Градскиот парк во Скопје исчезнаа. Никој од надлежните институции немаше одговор каде се тие птици во моментов, и покрај тоа што многумина скопјани се интересираат за нивната судбина.

Адам од Говрлево пред црна кула
Локалните власти ќе му изградат куќичка, која ќе биде сместена на плоштадот спроти Општината. Во рамките на културните проекти на Кисела Вода, замислено е да се направи скулптура - репродукција на артефактот создаден 4000 години пред нашата ера.