македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт

Црковна белезица

Василица
Утре е Василица. Сива, сива Василице каде си се осивила, таму долу на бел Дунав. Што имаше, што немаше златна чаша и икона  ОТВОРИ ДОМАЌИНЕ.

Задушница
Тоа е поврзано со легендата за некое сиромашко дете што гледајќи како богатите носат секој ден на фурната сукани јадења, побарало од мајка му да му меси баничка. Мајка му, бидејќи немала брашно, постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи плачело и умрело.  Во спомен на тој ден и детето, на овој ден се меси баничка, зелник или друга храна и се раздава.

Лесновската црница
Лесновската црница е уникатна - има стебла на сите четири страни, како крст. Зрее и има род од 13 јули до 21 септември, односно од Петровден до Мала Богородица...,

Света Богородица Троеручица
Света Богородица Троеручица била катедрална црква во Скопје, во која се наоѓала иконата Света Богородица со три раце. Оваа икона Свети Сава по враќање од Ерусалиум ја пренел и поклонил на црквата. Затоа храмот и градот ја имале како Paladion - заштитничка. 

Mоштите на Св. Ѓорѓи
,,Додека моштите не се врамија во оваа рака тие не мирисаа. Почнаа да мирисаат во моментот кога се донесоа во црквата и оттогаш испуштаат оваков мирис “.

Чудотворната икона на Свети Јован Крстител
Манастирот е основан во далечната 1020 г. од монахот Јован од Дебар кој тогаш станал Охридски архиепископ. Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован Крстител,  со три раце, за кого самиот Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него.

Моштите на св. Јован Кукузел
Моштите пристигнаа преку Големата Лавра (каде се чува целиот череп, и поголем дел од моштите), а од манастирот на Светото Преображение во Бостон.

„ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО СВЕТИ СПАС“ Драчево
Има збирка од 120 икони, единствен пример на верски храм во Македонија во кој има икони за секој празник, а постои и можност при конзервацијата да се открие дека тие потекнуваат од 11 или 12 век.
Светскиот ден на книга и на авторско право


Кога се пости Помени 
 

Православната Црква има еднодневни и повеќедневни пости. 

Еднодневни пости: 

Среда и петок (освен т.н. редовни седмици)

Водокрст (спроти Богојавление) – 19 јануари

Отсекување на Главата на Св. Јован Крстител – 11 септември

Крстовден – 27 септември

Повеќедневни пости:

Велигденски пости (од 14.03 до 30.04)

Петровденски пости (од 27.06. до 11.07.)

Богородични пости (од 14.08. до 27.08.)

Божиќни пости (од 28.11. до 06.01.) 

Редовни седмици:

Во среда и петок се блажи во следниве седмици:

Од Божиќ до Водокрст – од 07.01 до 17. 01

Седмицата на митарот и фарисејот – од 20.02 до 26.02

Месопусната седмица - од 06.03 до 12.03

Светлата седмица - од 01.05 до 07.05

Духовденската седмица– од 19.06 до 25.06 


Вистински пост и молитва како благодатни дарови Божји постојат само во Црквата и никогаш надвор од неа. Тоа значи дека тој што пости и се моли треба да е крстен, да се причестува, да се исповеда, да ги почитува и да учествува во сите други Свети Тајни на Црквата.

Оние што воопшто не постат нека почнат да постат, Но тие не можат веднаш да го усвојат целото правило, туку најнапред нека постат во среда и во петок, во првата и во последната недела од постот, а потоа со текот на времето ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат полното правило, така што по некое време и тие ќе постат уредно... Освен тоа, почетникот најнапред може во посните дни да не јаде месо и маст, а да јаде сирење и јајца, така што со текот на времето ќе мине на целосен пост.“ Телесниот пост е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание и плач, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните и без другите Свети Добродетели.

Исповедта е најдлабока потреба на секој човек. Затоа и во секојдневниот живот луѓето често ги кажуваат своите „тежини“ на своите блиски, но тоа не е исто. Човек не може да биде спасен од обичен човек. Првото доаѓање на исповед повеќе има карактер на присоединување на човекот кон Црквата. Тогаш најчесто се исповедаат и простуваат најтешките гревови што нивните сторители ги одделуваат од Црквата. Гревот е егзистенцијално промашување, раскинување на нашата заедница со Бога, а не просто некој законски престап.

Понатамошното одење на исповед има повеќе карактер на духовно раководство, што на сите ни е неопходно потребно. Каде за исповед За исповед секогаш можете да се обратите кај свештеникот во вашата парохија или во храмот во кој одите на Литургија.

Не смеат да поминат денови како Велигден, Петровден, Успение на Пресвета Богородица, Божиќ, без да се причестиме. Без ова нема побожен живот. Исто така, треба да се подготвиме за Причест со пост, со молитва и со исповед во другите Христови и Богородични празници, за празниците на нашите големи македонски и сесловенски Светители Климент, Наум и другите, како и за храмовиот празник на црквата во која одиме на богослужение. Бидејќи само причестени, највистински и најцелосно учествуваме во настанот што го празнуваме, што е особено значајно за нашето спасение. Ова е исто така нагласено од Светите отци и каноните на Црквата. Како, пак, канонот ќе се спроведе во животот на Црквата и кај секој верник поединечно, одредува духовниот отец. Затоа за Причест е потребен и благослов од духовниот отец. Кога станува збор за ова, неопходно е да се напомене дека без редовно исповедање на своите гревови и советување со духовниот отец, никој не смее да пристапува кон Светата Причест.

Во живите манастири во Македонија, за исповед и духовен совет можете да дојдете и да се обратите кај јеромонасите во следните манастири:

Водочки манастир Св. Леонтиј Велјушки, Mанастир Пресвета Богородица Елеуса, Манастир Св. Климент и Наум Охридски, Хамзали Манастир Св. 40 Севастиски маченици, Банско Манастир Св. Георгиј, Ново Село Манастир Успение на Пресвета Богородица, Берово Манастир Св. Проебражение, Зрзе Mанастир Св. Архангел Михаил, Прилеп Манастир Успение на Пресвета Богородица, Трескавец Сливнички манастир Рождество на Пресвета Богородица, Преспа Манастир Успение на Пресвета Богородица, с. Јанковец, Ресен Бигорски манастир Св. Јован Крстител Манастир Св. Георгиј, с. Рајчице, Дебар Манастир Св. Наум Лесновски манастир Св. Архангел Михаил Марков манастир Св. Димитриј Манастир Св. Илија, Чардак, Скопска Црна Гора Манастир Св. Спас, Скопје Манастир Св. Јован Крстител, с. Слепче

      

www.mkbible.net

Македонски Православен Календар
Македонска православна катедрала

Македонски светители
Празник на сите македонски светители
Рождество христово (Божик)
Свети Климент, архиепископ Охридски
Светите Кирил, Методиј, Климент и Наум
Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Свети великомаченик Димитриј (Митровден)
Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици
Свети Гаврил Лесновски
Свети Прохор Пчињски
Свети Атанасиј Велики и Свети Кирил Александриски
Свети маченик Трифун
Света новомаченица Злата Мегленска
Собор на свети Архангел Михаил
Сретение Господово
Свети 40 маченици во Севастија
Свети Јован Златоуст
Лазарева сабота
Цветници
СЛАВА
Светата, Крсна Слава заправо го има и тој смисол и значење: сите нас да не собере и соедини во една братска Христова заедница, во Светата Црква како Божји Сабор, како собрани деца Божји и во чест на Светите, на нашето спасение и обожение, очовечување и охристовување, на богоугодно дружење и соединување со нив, со нашите Слави, и преку нив со Христа, нашата вечна и непреодна Слава.
Кога се пости Помени

Дедо Мраз
Многу легенди настанале за личноста и делото на Св. Никола во касниот среден век. Според една легенда...во една гостилница дошле гладни ученици, но наместо да ги нагости, газдата ги убил и сакал да ги насоли. Се појавил Св. Никола кој ги оживеал и соодветно го казнил сторителот.