|
|
 |
|
|
|
| | Рибникот е изграден на реката Дошница, лоциран во мошне атрактивна околина, привлечна како излетничко место за голем број жители на Демир Капија, Неготино и Кавадарци. |  |
|
|
|
|
 |
| 
De bruiloft der zeven zigeuners, A. den Doolaard, 29 maj 2006 |
|
|
|
|
|
| | | Македонија е универзален еквивалент, толку гостољубив и погоден за живот што во него има место за сето она што дува, или врне, што расне или живее во Медитеранот - и сепак, доволно богата та своите ветрови, своите дождови, своите води, билките и птиците, да им ги подари на трите најголеми светски континенти. А толку јасна, толку своја, што на се; што ќе допре, му го дава сопствениот израз што не се брише, ниту заборава. Израз со кој, се; и сите, еднаш допрени, се разубавуваат и се гордеат. Единствената положба и неспоредливите капацитети да им биде дом на климата, билките, животните и луѓето на трите Континенти, на Македонија оправдано и го донесоа највозвишениот епитет што кому и да е и на кој и да е дел од Земјата, досега е даден: CATENA MUNDI! „КОПЧАТА НА СВЕТОТ“. |  |
|
| | | Во Македонија распространети се низа верувања поврзани со култот кон сонцето. Според некои од нив, на зима сонцето грее послабо зошто остарело, а на пролет повторно зема сила (Малешево); од Младенци патот на сонцето станува подолг (Гевгелиско); животот на сонцето трае колку сто трае и еден ден, се раѓа во зората и умира во мракот, за да во новиот ден се обнови неговиот живот; сонцето паѓа во морето и наутро повторно излегува (Скопско). |  |
|
| | | Се празнувала спонтано цел месец. Ксантика остана незаборавена до денешно време, зашто е длабоко вкоренета во нашта култура и традиции. Таа секоја пролет е со нас. Ја гледаме во празнувањето на Прочка, Цветници, Младенци, Лазарица, Тодорица, Летник и Благовец. Ја гледаме во народните ракотворби, во изворноста на македонскиот вез, во монументалноста на нашите песни и ора, во звуците на народните инструменти. Ја гледаме во сјајот на пролетните цвеќиња. |  |
|
| | | Се смета дека легендите и преданијата за Александар добиле силен импулс во средниот век. Сe што е поврзано со Александар е презголемено во однос на нормалното, како во неговите истражувања што навистина се случиле, така и во оние кои биле измислени. Низ целата древнина големите војсководители сонувале да го имитираат Александар. Во средниот век неговиот лик станал неодминлива фигура во легендите. |  |
|
| | - Досега никој со сигурност не кажал каде е гробот на Александар Македонски. Во историјата стои дека кога од Вавилон, Персија тргнала поворката со златниот саркофаг во кој било балсамираното тело на Александар, на пола пат била дочекана од Пердика, кој по смртта на Александар го добил царскиот прстен и бил прогласен за чувар на царското семејство, и го сменил правецот на поворката, наместо кон Македонија да се движи кон Египет. Ова е малку веројатно зашто не се даваат никакви причини патот на поворката да биде сменет, а уште повеќе што во античките документи стои дека Македонското собрание одлучило телото на Александар да биде донесено во Македонија и тука погребано. |  |
|
| | | Македонската Деметра е често прикажувана со тирс во десната рака и грозд во левата а десно од Диониз, што ќе рече прикажана е како негова придружничка (Стоби, споменик LXXV, no 79 сега во Народни музеј – Белград, откриен од археологот Н.Вулиќ). |  |
|
| | | На постаментот со правоаголен облик преставена е во стоечка фигура на божицата застаната на десна нога, а левата благо свиткана во коленото испружане напред. Облечена е во долг хитон со врвки, и двојно препишан високо под градите , а одоздола носи туника чии ракави се наборени и украсени со кружни копци. Деловите на хитонот до рацете се набори, истакнувајќи ја незначително свитканата лева нога. |  |
|
| | Историјата на Аргеадите - првата македонска кралска династија која владеела со македонското кралство речиси половина милениум, е книга за најстарата историја и за посебноста на античките Македонци. Тоа е периодот од создавањето на државата - на крајот на 8 век од старата ера, се до смртта на Александар Трети Македонски, Велики (323 година, стара ера). |  |
|
| | | Богот Ѕеус ја пренел Европа на островот Крит, во познатата Дикејска пештера. Таму под платаните го започнал со Европа медениот месец, која подоцна му родила три синови - Минај, Сарпедон и Радамант. Богот Ѕеус за да ја овековечи оваа љубов со принцезата Европа дал наредба критските јавори никогаш да не ги губат своите лисја и еден дел од светот на кој му припаѓа островот Крит го носи името на неговата принцеза, омилената и саканаа убавица Европа. |  |
|
| | | Една таква е вила рустика или селска вила, пронајдена во местото Пештерица кај вештачкото езеро. Во вилата, покрај делот во кој престојувале газдите, има дел за послугата и простории за производство на вино. Газдите на вилата имале и своја терма со базени за топла и ладна вода и две просрии за потење и миење. Вилата имала и своја некропола во која се закопани членовите на семејството, а од монетите што се пронајдени има од Константин Први до Теодосие Први. Вилата се користела во 3 и 4 век, а потоа била уништена во пожар. |  |
|
| | | Бидејќи овој град бил клучен за Каран, тој суеверно од тогаш во битките пред себе терал кози а на себе почнал да ги носи раскошните рогови од јарецот, како симбол на непобедливост и сигурно водство а тоа го правеле и другите кралеви по него. Ги носел поставени на главата со посебни ленти, кои подоцна кај македонските кралеви се златни како и роговите. Токму заради роговите е добиено и името на овој крал, па така и се води – Каран (што буквално преведено значи- Рогат). |  |
|
| |
Во Заводот за заштита на спомениците на културата, камената плоча ја прегледале двајца археолози и еден епиграфичар. Според иконографскиот приказ и палеографските особености на натписот АСКАРИТЕС, плочата временски му припаѓа на класичниот период. Тоа е периодот пред нашата ера, но за попрецизно датирање е потребна подетална анализа на наодот.Камената плоча со димензии 63х75х15 см е фрагмент од надгробна стела и претставува типичен пример на семеен надгробен споменик. Пронајдена е покрај еден селски бунар во близина на Свети Николе. Плочата потекнува од археолошкиот локалитет Поза рид - Шојлеви камења, Светиниколско. |  |
|
| | | Војската на Евренос-бег дошла на исток помеѓу планините Беласица и Круша. Било зима, а езерото замрзнато и покриено со дебела снежна покривка. Изгледало како големо рамно поле. По наредба на Евренос-бег војската минува преку "полето" на запад и стигнала до градот Полин. Од некои наши граѓани турската војска била пречекана чудејки се од каде дошла. Евренос-бег објаснил дека дошол од кај "полето", покажувајки кон езерото. Од населението било објаснето дека тоа не е "поле" туку езеро, замрзнато езеро и покриено со снег и изгледа како поле. Одкако бегот разбрал дека среќно поминал преку езерото со својата војска и наоружувањето што го носел, наредил да се направи голема гозба за вијската и граѓанството. Се јадело и се пиело три дена и три ноќи. Кога бегот ке ги прашал гостите дали се задоволни од гозбата тие му одговарале со "дојурмак" што значи најадување до наситка. Дојран не нагости, не засити. Од тие зборови легендата вели дека произлегува името Дојран |  |
|
| | | Лавот се толкува како земски симбол на Македонија, змејот како заштитник на сточарите, двоглавиот орел како остаток од богомилските времиња и Византија, а полумесечината со ѕвезда како илирски симбол. Низ средновековието за Илири се сметале сите јужни Славјани, па и Мијаците. |  |
|
| | | Потеклото на Власите, како и тоа на лингвистички сродните Романци, останува нерешена загатка. Некои сметаат дека и двата народи претставуваат потомци на Римјаните на Балканот, додека пак други тврдат дека потекнуваат од латинизираните колонисти. Романската култура беше под влијание на Словенците, додека пак Власите кои потекнуваат јужно од Дунав покажуваат византиско и грчко влијание. |  |
|
|
|
|
|
| | Четирите мапи се означени со различни временски периоди кои го означуваат појавувањето и подемот на градот држава - Рим од 700-800-та година пред Христа, па навака. На три од четирите мапи стои испишано името Македонија, и тоа во време кога римската држава се состоела само од градот Рим. |  |
|
| | | Ленче Кумановче навистина постоела и во реалниот живот се викала Сава. Била ќерка - единица на чорбаџијата аџи Трајко и немала мајка, туку ја одгледала маќеата. Вистинскиот Бошко, пак, беше Величко, по потекло од Кокино. Имал меана, ама бил сиромашен, зашто само што дошол од село во град. |  |
|
|
|
|
|
|
 |