|
 |
Брзозборки

- Петел прета во пепел.
- Кантар катран тегли.
- Ајде јоле ролај.
- Пролајало јаре.
- Ратка рипа преку пруга.
- Петре Прличко пие прилепско пиво.
- Бел петел в пепел претел.
- Пролајало јаре во Јурумлери.
- Седнало турче на криво крувче!
- Бел петел, бела пепел прета.
- Лош кантар, катран мереше.
- Криво јаре под јавор лежеше.
- Штрк, штр, балабан, потфати се под ваган.
- Петко наш голем маж, фатил глувче за опаш.
- Од Дебарско, запишал Арсо Алексиев Полјански
- Мало бек, лапај снек, цепи штици, јади трици.
- Поминаф поле Лазороо, најјдоф зељзка расолоа, овја расол лош расол, нашиот расол арен расол.
- Роса- роса росица, до појас косица.
- Саач, шут саач.
- Три педи три погачи за мајкина пизма.
- Угоре мома удолу коса.
- Изедов три-четири-пет погачи за мајчина ми пизма.
- Желта дуња Деспина, роди сина мајмуна, го крстие Спаско.
- Помина пиле со сплескан клун.
- Дојди попе, дојди пак пак, не ти гинит тфојот ак, за земање никој пат.
- Жими буда недеља герамида кадеља.
- Не су јаре видела дробот си го изела.
- Снесла страчка на прачка дванајсет јајца, поминав едно зедов изедов поминав зедоф две изедов, поминав зедов три и тн. до 12.
|
|
|
 |
|
|
|
|