македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт

“Зрновци туризам”
Задругата “Зрновци туризам” веќе ги понудила своите услуги на туроператорите и туристичките агенции од Македонија кои се занимаваат со селски туризам. Доставени се и брошури и пропаганден материјал до амбасади, фондации, општини и организации кои можат да бидат идни гости или партнери во реализирањето на идејата за развој на селскиот туризам.

Полскиот амбасадор доби куќа во Мариово
Жителите на Мариово кога се иселувале куќите ги подарувале на државата, а таа на Општината Прилеп. Мариово е погодно за развој на ловниот и риболовниот туризам. Фински бизнисмени го оценија како привлечна дестинација за фински туристи. Во прилепскиот дел од Мариово живеат само околу 800 жители, сите постари од 60 години. Неодамна Прилеп се збратими со полскиот град Радом.

6 мај
ЃУРЃОВДЕН
За св. Георгиј - празникот на Воздвижение на Чесниот Крст Господов во манастирот на Свети Георгиј во Рајчица слават две значајни годишнини: ден кога е осветена црквата на Светиот великомаченик Георгиј и кога се осветени темелите на новите манастирски конаци.

ПУПИНОВИ ОД МАКЕДОНИЈА
Атмосферата што ќе се отслика автентично во Горно Маало, каде што се распослал родот Пупинов, е дел од проектот за адаптација и ревитализација на старата семејна куќа на Пупинови, градена од камен со елементи на дрво.

Развој на општините преку културата - Берово

Просечната надморска височина на Беровската котлина е 800 м, додека пак градот е на точно 825 м. Колку за пример, за скопјани тоа би значело како да се цело време на висината на Водно. Туристичките локалитети, како и поголемиот број сместувачки капацитети на она што е сега туризам во овој град, се на околу 1000-1100 м. Поради тоа, а и поради исклучително високиот степен на еколошки чистата околина, оваа општина е со најголема концетрација на кислород во Македонија. Дел од природните богатства на општината се и водните ресурси, од кои е создадено и вештачкото акумулационо Беровско Езеро, кое во раскошниот природен амбиент, за многумина кои првпат доаѓаат во Берово, како да е дел од божјите дарови на ова место, а не дело на човекот.

Градот е мал, со околу 7,5 илјади жители, осум села во околината, на далечина од 3 до 15 км. (Најдалеку е селото Двориште, коешто се наоѓа на самата бугарска граница - оддалечено 22 км.) - жителите на општината им се посветиле на земјоделството и на сточарството. Од земјоделството најзастапени се надалеку прочуениот беровски компир, како и тутунот и одредени видови жита. Во овоштарството доминираат сливата и вишната. На подрачјето на општината, во приватниот сектор, има околу 50 илјади овци и 10 илјади говеда. На традиционалните пазари за извоз на македонски производи, како што се, Европската унија и земјите на Блискиот Исток, се извезуваат 35.000 јагниња. Последниве години, во рамките на иницијативата за подобрување и за стандардизирање на квалитетот на млечните производи, неколку приватни одгледувачи на овци и производители на сирење и други млечни производи се дел од акциите на Ленд О Лејкс, меѓу другото, и за пласман на чудесното беровско сирење. Во општината со мало стопанство се занимаваат само околу педесетина лица, а околу 250 имаат регистрирано приватни фирми за вршење на разни дејности. Наспроти овој низок степен на развојот на самоиницијативата, во општината, како по правило кога станува збор за "карактеристичен примерок" на македонското стопанство, водечка гранка во индустриското производство е текстилната индустрија. Во неколку погони во општината работат околу 900 беровци, што е најголем процент од вработеното работоспособно население, коешто изнесува 4.930 лица од вкупно активните 7.590 жители. Невработени се 2660. Во Берово и во околината живеат 14.180 жители. Сите овие бројки и податоци, сепак, го ставаат Берово во редот на неразвиените општини. Но, истите овие податоци, како и оние другите што се однесуваат на туристичките потенцијали, културно-историското и црковното наследство, ја промовираа оваа општина во пилот-локалитет за проверка на можностите на проектот "Развој на општините преку културата" кој Светска банка го понуди како модел за намалување на сиромаштијата, со фонд од 5.000.000 долари за проекти коишто треба да се реализираат за време од 4 години.

СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ ЗА БЕРОВО


Веднаш треба да се каже дека овој проект, иако вака насловен, не се потпира само и исклучиво на културните активности, но за тоа подоцна. Значи, основната развојна цел на проектот е да се воспостават услови коишто ќе помогнат во намалувањето на сиромаштијата и за поголем и побрз социоекономски развој, со што би се активирал еден од најобемните ресурси на земјата, а со тоа и на општината Берово и на сите оние кои подоцна ќе бидат опфатени со проектот - културното богатство, во најширока смисла на зборот. Тоа би биле само претпоставки за развој на една сосема нова индустрија кај нас, а толку позната и експлоатирана во светот, базирана на културата, на локалните егзотики во занаетчиството, локалниот туризам и на природните убавини и потенцијали. Во нашиот случај или, поточно, во случајот на Берово, тоа значи почеток од нула, пред се во раководењето и во маркетингот со овие ресурси.
За да се започне здраво со реализација на проектот, и на координаторот на проектот - Министерството за култура, и на иницијаторот и финансиерот - Светска банка, им е сосема јасно дека како прво ќе треба да се задоволат три генерални критериуми: прецизно да се утврдат локалитетите и нивните содржини, како елементи за развој; обучување на менаџмент и негово зацврстување за работа со тие капацитети и потенцијали, како и последниот, но не помалку важен критериум, со кој ќе се овозможи развој на институциите на национално ниво, за да им се даде поддршка на проектите на локално ниво. Исполнувањето на овој услов или критеиум, сеедно, ќе биде мошне важно за, на пример, изработката на националниот регистар на културното наследство, како и заради легитимитет и "лиценца" на културно-историските локалитети и ресурси.
Се разбира, за реализација на сета оваа "убавина на хартија" се потребни пари и затоа е многу важно да се напомене дека Република Македонија со овој проект го "брка последниот воз" на Светска банка за кредити под ИДА-услови. Познато е дека тоа се најповолните кредитни услови на оваа моќна меѓународна институција (отплата на 35 години, со грејс-период од 15 години), но исто така е познато и тоа дека нашата држава на 30 јуни ќе ја изгуби привилегијата за добивање кредити под овие услови, поради тоа што таа на овој датум, според критериумите на "светските банкари", ќе го напушти друштвото на сиромашните земји.
Бркањето на овој термин е единствениот прашалник во целата оваа операција и тој, во зависност од тоа кој го брка, е поголем или помал. За Светска банка тој датум дури и не е прашалник, затоа што парите се таму, а дали апликантите ќе стигнат навреме или не, тоа не зависи од нив. Тие уверуваат дека ќе направат се што е во нивна надлежност и компетенција: обуката за аплицирање, вреднувањето и оцената на проектите на кандидатите ќе бидат во рамките на роковите. Министерството за култура, како владин ресор кој е на чело на Управниот одбор на проектот (министерот за култура Ганка Самоилова Цветанова е Претседател на УО), исто така уверуваат дека тие, како "алка" меѓу финансиерот и локалната самоуправа - како апликанти и носители на проектот, исто така навреме ќе ги исполнат своите обврски. Во конкретниов случај - Берово, пилот-општината во проектот "Развој на општините преку културата", е градоначалникот Драги Топаловски (СДСМ). За него овој проект е добредојден и е прифатен со раширени раце, но големиот број непознати создава недоверба во поглед на исполнувањето на роковите. Како и да е, во општината "под полна пареа" се работи на подготовката на проектот. Во убавата зграда на општината (сигурен сум не беше наместено) ги затекнавме Градскиот архитект, Лилјана Арнаутовска и секретарот на Советот, Виолета Милчовска, како работат на подготовките на документацијата, по инструкциите добиени претходниот ден, на состанокот на Работната група за имплементација на Проектот во Скопје. По кусата средба со нив, тргнавме во прошетка низ Беровската општина, во придружба на нашиот љубезен домаќин Драган Трпевски, вработен во Советот на општината.

ВИРТУЕЛНО БЕРОВО


Првата цел на еднодневната прошетка низ Беровската општина беше околината на Беровско Езеро и Рекреативниот центар Малешево (60 кревети во сосема пристојни бунгалови, по цена од 800 денари за полн пансион). Иако е бош период, најмногу поради тоа што годинава речиси немаше снег, природата не може да го скрие својот раскош и штом ќе дојдете ви станува јасно дека сите годишни времиња - зимата, пролетта, летото и есента имаат свое руво за оваа убавица. Непосредно до Детското одморалиште (240 кревети, 400 денари полн пансион) на врвот од ридот, дури и во февруари, се протегаат благите и бескрајни зелени ливади, на коишто тука-таму пасат стада овци. На овие ливади треба да биде поставен, сега засега, најмалку еден ски-лифт, со надеж дека "зими" како оваа годинешнава ќе има, ако не ич, тогаш колку што може помалку. Од некои места од оваа височинка има величествен поглед на езерото, чиишто бранчиња од тивкиот ветар си поигруваат со зраците на топлото зимско сонце. Од двете страни на езерото наскоро ќе бидат утврдени и обележани веќе постоечките, но сепак немаркирани патеки, кои освен како трим-патеки ќе се користат и за рекреативно пешачење. Ќе бидат потребни уште малку напор и волја за тие патеки да се поврзат со неколку благи планински врвови и да станат вистински предизвик за маунтејнбајкерите. Тоа е сугестија на Марко, кој има искуство во овој спорт и неговото око веднаш ги препозна потенцијалите што ги нудат овие убави планини за оваа модерна рекреативна активност. Нашиот домаќин Драган рече дека оваа сугестија задолжително ќе му ја пренесе на општинскиот тим кој работи на овој проект.
Следното запирање е викенд-населбата Абланица. Во оваа населба, со околу 100 убави викендички, се потенцијалните нови сместувачки капацитети, кои (заедно со оние во градот) треба да изнесуваат околу 1.200 кревети. Тоа претпоставува дека општината ќе треба да организира формирање на Биро за сместување, кое - самостојно или како дел од дефинитивно неопходното Туристичко биро - ќе работи на организирано сместување на гостите.
Се враќаме назад кон градот и веднаш на влезот скршнуваме десно и се искачуваме на ридот над Берово, каде што е атрактивниот објект - мотелот "Ловен дом". По кусото уживање во панорамата на градот и на Беровската котлина, којашто се простира одовде па се до планината Плачковица, се сместуваме во пристојниот ресторан, инаку едно од најатрактивните места за гурманите од општината, како и за нејзините гости. За беровската кујна воопшто не треба да се зборува, таа треба да се вкуси, а додека се мези чудесното беровско сирење започнуваат "истинските ловечки приказни, со кои се отвораат перспективите за спортскиот лов, како и за риболовот на Беровско Езеро и на Брегалница.
Сега е време за договорените средби со неколку беровски домаќинства кои с# уште негуваат неколку традиционални стари занаети.
Првата посета ја правиме во куќата на Голуб Чамовски, копаничар, кој занаетот го презел од својот татко. Иако не можевме да се запознаеме лично со него, бидејќи беше заминал да го постави иконостасот во една црква во блиското село, неговата мајка ширум ни ги отвори портите од куќата и ни покажа неколку резби на нејзиниот син. Со истиот занает се занимава и Ѓоко Поповски, кого го затекнавме како забрзано го завршува мотивот "Свети Ѓорѓи ја убива ламјата" во длабока резба. Во старите занаети, како дел од Етно-паркот предвиден со проектот, се вклучени и ковачките работилници на уште (само) неколкумина беровци, како и старата Кафтанска воденица, во којашто работи, тогаш кога постарите не се тука, и најмладиот од семејството Кафтански. Се предвидува дека Проектот ќе го помогне одржувањето во живот на сите овие занаетчии и дека, сепак, ќе биде сочувана нивната автентичност, за да ја предизвикаат туристичката љубопитност.
Се разбира на Берово, за жал, му недостигаат и неколку традиционални туристички форми, како што се веќе споменатото Туристичко биро, потоа некоја скромна, но добро опремена галерија, како и неколку мали продавници за сувенири, за да се понесе нешто за спомен. Проектот предвидува реализација на сите овие објекти, но не ќе беше лошо да имаше барем нешто.

www.cdnh.edu.mk/Proekti/multimedija2007/berovo

www.berovo.net/Kultura/berovo_agenda_worldbank.php2

можност за посета

http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?section=contact