македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт
Празник на мајката на сите мајки
Цепенков во своите записи пишува уште и за други чудотворни икони со ликот на Пресвета Богородица како што биле таа во Велес потоа во селото Магарево (Битолско), за чудотворна икона во кичевскиот манастир Света Пречиста итн.
Беседа
ПРЕДАНИЕ

Свети пророк Илија
Кога Исус се преобразил на ридот Таор (на Преображение), за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован, тука се појавиле и Мојсие и Илија (кои одамна биле умрени). Тие зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смрт.
Народни обичаи и верувања за Велигден
Уште ранонаутро децата убаво облечени одат по куќите да го честитаат празникот за што добиваат по едно црвено јајце. Особена радост претставува обичајот со кршкање со јајцата. Притоа тој чиешто јајце ќе победи, му го зема (му го печали или типосува) јајцето на другиот, чиешто се скршило. Утрото и младоженците одат на честитање кај роднините, а девојките и ергените се подготвуваат за на оро.
Архангел Гаврил
Гаврил значи „сила Божја“, поради што и неговото јавување на Благовештението има и симболично значење, укажува на силата на тој што ќе се роди од Пресвета Дева Марија, дека тој ќе биде силен, семоќен, односно дека тој ќе биде Бог Спасител.

Свети Наум Охридски
Во црквата се наоѓа и гробот на св. Наум Охридски и многу луѓе од разни вери и националности го посетуваат и бараат исцеление. Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.


Народни верувања во Коњух за Вартоломеј

Луѓе кои имаат проблеми  со главоболки ја посетуват  сематизираната глава  а  некои  од нив пресптиваат,  други пак, само така внатре седат. 

За  жал   Главата  и кралскиот  стол  се скршени   уште 1978 од  трагачи по закопано богаство, мислејќи дека  таму  е  документот  за ризницата.   До 1987 Големото градиште  беше посетувано од  жители на Коњух,  Димонци, Белјаковци    за  време  на верскиот празник  Спасовден и за Вартоломеј. Сега  нема народ,  останаа  само стари луѓе,  младите не ги интересира   тоа. Во скоп на  големо градиште се наоѓа уште еден интересен дел, кој мештаните го викаат Гаѓан Камен.

Фотографијата на сематизираната глава  е  на  фото репортерот  од весникот "Вест" Борис  Грдановски

 

Подетални  информаци на веб страна: http://rockart.50webs.com

Народописни материјали од гевгелиско од Никола Д. Рачев

Обреди и жртвопринесувања. Религиозните обреди обично им се состојат во искажување зборови и во дејствија со кои тој што се моли сака да обрне внимание кон себе си и да и да ја изрази почитта. Жртвопринесувањата и подарувањето имот, жртва, откуп се вршат со сфаќање какво што има во обичниот живот за замена на една работа со друга. Населението строго се придржува кон обредите. Ако некој таму би посакал да живее без нив тој без сомнение ќе биде сметан за безбожник, ако биде и најпримерен христијанин.

Принесувањето жртва обично е во натура: плодови, жито, добиток, облека и др. ретко во пари. Жртвата се принесува во чест на светијата, а во полза на црквата. Кога се поставува жртвата во црквата никаква молитва не се чита, само се соопштува на попот. Во некои случаи не е доста само принесување, туку неопходно се потребни иконата или почитуваниот камен, статуа и др. Обично се обиколува околу нив со запалена свеќа најмалку три пати. По обиколката свеќата се залепува на идолот и се остава жртвата.

За лечење од болест неопходно е да се носи дел од идолот, болното место да се намачка со масло од кандилото или да се измие со водата со која е измиена иконата или пак да пие од неа. Секоја молба и обред се проследуваат со ветување дека ако се добие саканото ќе биде награден светијата со најубавото и најскапото што го имаат тие што се молат. Чешмите и изворите чии води се самовилски можат да се користат само со откуп, кој се состои најмалку од еден конец оставен од сопствената облека. Ако таков откуп не се даде, тој што пие од водата или се мие ќе се разболи, ако пак се зема за лек нема да фати лекот, нема да се излекува.

Култ на мртвите. Многу се почитуваат обредите во чест на мртвите. „Имам два сина при Бога“, ми рече баба Маца од Петрово. Тој израз за умрените го слушнав да се употребува во сите села. Ако не се изврши вообичаеното погребување, веруваат дека умрениот се „чинува“ лоша „сенка“ (дух) и не оди кај Бога, туку скита по земјата и го прави тоа што го правел за време на животот, оди таму каде што одел како жив и им прави штета на луѓето. Гледале сенки да јадат и пијат, да јаваат на магаре итн. Лошите сенки се именуваат како таласам и караконџо. Веруваат дека по смртта умрениот скита до девет дена по земјата како „сенка“: тој ги обиколува оние места каде што живеел. За да биде сенката на умрениот добра заштитничка на домот од каде што излегла треба да ги добива нужната храна и пијалоци. За секој умрен се определува „слугинкичка“, односно прислужничка. Слугинкичка може да биде жената најблиска на умренииот при животот му: сопруга, сестра, мајка и тн. Прислужницата меси и готви за умрениот, се грижи да го принесува јадењето на присутните кај гробот на умрениот на денот на погребот и на третиот, шестиот ден итн. При јадењето во помен на умрениот прислужницата стои исправена, а околу неа други се поседнати во круг кога јадат. Остатоците од јадењето не се враќаат дома, а се оставаат врз гробот на умрениот. Прислужницата и блиските на умрениот кога го погребуваат или кога го посетуваат гробот плачат. Тие плачат и кажуваат случки од животот на умрениот. Кога го посетуваат гробот и го оплакуваат застануваат на колена до гробот и од време на време ги стават двете раце на гробот. Оплакувачите сакаат да покажат дека умрениот им е многу близок до срцето и многу жалат за него што го напуштил „белиот свет“. Ми раскажаа дека една лоша сенка се јавила потоа дека мртовецот не бил погребан според обичаите и не му била определана прислужница (во село Миравци). Селаните се принудени да се приберат порано во домовите да ги затворат портите со лостови, за да не им влегува во куќите. Но сепак сенката наоѓала како да влезе во куќите. За да се оттарасат од неа зовривале казан со вода и го турале во гробот. Тоа го правеле по советите на дедо Митре. Ме уверуваа дека по турањето на казанот со врела вода во гробот сенката изчезнала. Во селото Давидово се оттарасиле од таа лоша сенка откако го откопале гробот, го извадиле мртовецот и го фрлиле во Вардар.

Змејови и самовили. Верувањето во змејови и самовили е многу застапено. Маца Христова од село Давидово ми раскажа дека некое време некоја жена од попскиот род родила змејче, била љубовница на змеј. Мајката го поклопила малото змејче под копанката и го хранела со млеко. Змејчето имало крила, раце, опашка и човечка глава. Мајката го ранела додека дошло летото. При првата грмотевица змејчето одлетало во облаците и повеќе не се вратило.

Самовилите живееле околу реките и изворите. Му наштетувале на секој што ќе урнисал (налетал) на нив. Таквиот човек се разболува и умира. Лек може да најде само со пиење и поливање од самовилски извори.

Ми раскажуваа дека селото Милетково пред сто години било во рамницата до Вардар. Преместувањето на селото каде што е сега станало поради следнава причина: на старото место децата на селаните не траееле (умирале). Барајќи лек за таа појава со децата Милетковчани го повикале познатиот по своите исцелување старец. Старецот им кажал дека децата не им траат затоа што селото е направено на место што е самовилско и дека тие урнисуваат на самовилите. Тој ги посоветувал да го преместат селото ако сакат да им траат децата. Селаните го послушале го направиле селото на сегашното место и оттогаш започнале да им траат децата.

Самовилите ноќно време се собирале на веселби, игри и песни. Не чини човек да се добижува до нив и да ги слуша нивните песни, а треба да се крие и да бега. Христо Томов од селото Миравци ми го раскажа следниов случај: „Со жената и децата бев на нивата кај Горна Ситница. Приквечер кога си легнувавме во колибата момичето ја отвори вратата да излезе надвор. Тоа застана до вратата и ми викна: Тате слушај што е тоа? Слушавме со жената и слушавме како свират свирки, се пејат песни, играат и викаат. Му реков на момичето: Веднаш влегувај во колибата и затворај ја вратата, а на жената: Жено гаси гом оганот, тоа се самовили. Си легнавме и ги слушавме свирките, песните и игрите дури до први петли“.

Од самовилските извори и чешми кои ги има многу во тој крај најпознати со својата лековитост се: Лазаровата во Давидовско, Самоовилската во Миравско, Изворчето при Кованец, Киселата вода под селото Конско, и чешмата под Брајковската црква.

Објавено во „Македонски преглед“, Софија 1926 г. (Подготви Марко Китевски)

Народни верувања и обичаи од Дебарско

(Од с. Џепишта, Дебарско)

Во Џепишта имало традиција да се чуваат народните верувања и да се постапува според нив.

Секоја куќа во вртот сеела босилек. Се верува дека босилекот е божји цвет, па затоа со него се китат домашните и црковните икони како и умрените и нивните гробови.

Во куќата кога се мети со метла, ако некој се допре до метлата, тој плукнува на метлата три пати.

Ако некој некого во одењето го прескокне се враќа назад да го „отскочи“. Ова го прават зашто веруваат дека оној што е допрен со метла или прескокнат нема да расте.

Ако некоја стара жена урочи некого, од неа треба да се скине парче од облеката и веднаш да се запали.

Ако на куќата застане буф се смета дека некој во таа куќа ќе умре и затоа бувот штом се забележи се брка.

Кога ќе дојде страчка пред куќата се верува дека ќе дојдат гости во куќата.

Никако не треба да се споменува ѓаволот и врагот, а кога некој случајно ќе го спомне веднаш треба да поплука и да рече: Подалеку од нас!

Кога на човек ќе застане коњска мува се верува дека ќе добие писмо од некој пријател. Ако човек ика се верува дека некаде него го споменуваат.

Ако кокошка запее како петел, веднаш треба да се заколи, затоа што тоа е лош знак за фамилијата.

Кокошка ако снеси многу мало јајце, тоа веднаш треба да се скрши на некоја раскрсница, зашто се верува дека е лош знак.

Кога се пие вода не треба човекот да го вознемируваат, оти тоа е греота да се прави.

Ако на окото, на горниот капак рефлексивно има движење, се верува дека нешто лошо ќе се случи.

Кога некој оди со една нога обуена, а другата боса, се верува дека ќе му умре жената.

Џепиштани за да не урочат некого или нешто го употребуваат зборот машала. Се вели: Машала детево порастило. Машала ченкана е уба. Машала вимено на кравана е големо.

Во Џепишта се одржува една традиција на давање мужде.

Мужде се дава на оној што прв ќе јави некоја пријатна вест (раѓање на дете, свршувачка, враќање од печалба, враќање од војска и др.).

Двојца браќа

Ено време си биле двојца браќа. Ениот бил богат, другиот сиромаф. Сиромаов му и посакал волојте на богатиот брат да орат. Брат му му и дал волојте. Сиромаот ошол да орат и ораешти му дошло ено пиле. Пилето му рекло:

- Што сакаш, ениот вол да ти пукнит или братое ти еното око да му оќорит?

Тој се мислел како да речит. Се премислил и рекол:

- Пубо волов нека пукнит, него брат ми без око да сејт.

Тој час волот пукнал. Го отпрегнал другиот вол и е пратил ќерка си да му однесит волот на богатиот брат. Теа (цуцето) м’онесло волот на стрико е и му кажало оти другиот вол пукнал.

Тогај богатиот брат ошол в град, ке кадијата, да го тужит брата си. Кадијата пуштил сејмени да го викнет сиромаот брат. Тој дошол ке кадијата и влегол ке него. Кадијата му рекол:

- Брат ти те тужит си мо пукнал волот.

Тој одговорил:

- Вистина волот пукна. Ама дојде ено пиле како што орав и ми рече: „Што сакаш, волов да пукнит, или братое ти окото да му оќорит?“ Ја се премислив и реков: Пубо волов да пукнит, отколи брат ми да оќорит.

Кадијава коа и слушнал овие зборои му рекол на богатиот брат:

- Сакаш или окото да ти го истам или ќа платиш дваесет напољони?

Богатиот брат одговорил:

- На ти дваесет напољони, а оково да ми сејт.

Тогаш богатиот брат видел колку го сакал брат му, го прегрнал и се смирил со него. И таке тие поќе не се карале.

Од книгата Џепишта од Методија Новковски, Скопје 2005 г. 


 


Маргарит на Почепското кале

Свети води
Близу до селото Заград, до полите на планината на манастиро Трескаец, има една вода неделска лекоита. На неделска вода одат трескаи луѓе, во недела пред сонце. И тамо оставаат пара нишан од алишта и едно парче леб.

Народни верувања во Коњух за Вартоломеј

Мариовски локални легенди
Една од многубројните локални легенди, можеби најинтересна, која ја нема во записите за нашето нематеријално културно наследство, е онаа за тревата што бега. Легендата за неа е своевидна реплика на волшебниот напиток од приказните кој им дава сила на јунаците да ги поминат искушенијата и премрежјата на личната иницијација. Растението, според мариовци, го добило името по карактеристиката да може да го скинат само одбрани луѓе. Од тревата што бега, која за неупатените изгледа сосема обично, се правеле амајлии кои штителе од зло. Нив ги носеле војниците низ сите војни кои го зафатиле Мариово, а многумина ја избегнале смртта благодарејќи на волшебното растение, раскажуваат селаните.

Празник на Мајката на животот

Самовилските Води с. Зубовце
Таму ноќта меѓу четврток и петок се миеле самовилите, па затоа водата во изворот била најлековита пред изгрејсонце во петок. Покрај тоа што се мијат и ја пијат водата, луѓето оставаат и нешто бакшиш или облека. Според верувањето, кога ќе се соблечат да го измијат болниот дел од телото, старите алишта ги оставаат засекогаш таму и си облекуваат нови.