ЃУРЃОВДЕН
6 мај
Празникот на познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај Тој се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Житието вели дека Св. Георгиј е роден во Кападокија, во Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште во детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи ги местата во кои Исус го проповедал своето учење и се стекнал со образование. Бил висок, убав и храбар поради тоа добил висока служба во војската. На 20-годишна возраст добил чин трибун, а подоцна императорот Диоклецијан го поставил за член на државниот совет. Подоцна кога умрела и мајка му целиот имот им го поделил на сиромашните. А кога Диоклецијан започнал жестоки прогони против христијаните Св. Георгиј му се спротивставил, ги зел во заштита неправедно прогонетите и самиот признал дека верува во Господ Исус Христос. Тоа го разбеснило императорот кој наредил веднаш да биде затворен и да биде подложен на најжестоки измачувања со цел да се откаже од своето верување. Но, Св. Георгиј не би бил Победоносец ако не бил толку истраен во своето убедување. Легендата вели дека ноќта пред да оди кај царот му се јавил Исус, на главата му ставил победнички венец и го охрабрил да издржи во своето верување ветувајќи му дека наскоро ќе го земе кај себе. Врз Св. Георгиј се применети најсурови мачења за да се откаже од својата вера кога на императорот му рекол дека не е само негов туку и Исусов војник. Бил положен на грб нозете му биле ставени во клада, а врз него турнале голем камен. Подоцна го ставиле на тркало под кое имало шајки кои му го парале телото. Кога и тоа не го поколебало го тепале со воловски жили, го ставиле во дупка полна со негасена вар и турале вода, му облекле усвитена облека, три дена го држеле закопан во земја само со главата над земја, најпосле му дале да испие отров, но и тој не дејствувал поради што му ја отсекле главата. Гледајќи ги овие страдања на Св. Георгиј, но особено брзото оздравување на раните и преживувањето на отровот, жената на Диоклецијан Александра го прифатила христијанството поради што била осудена на смрт. Одејќи кон губилиштето таа се помолила на Бога и веднаш ја предала душата.
На иконата Св. Георгиј е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. И според легендата Св. Георгиј ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Во позадината се гледа женски лик. Тоа е царицата Александра. Свети Георгиј бил убиен на 23 април (според стариот календар) односно на 6 мај (според новиот), 290 година и на овој ден секоја година се празнува споменот на великомаченикот. Освен овој празник нашиот народ го празнува и 16/3 ноември денот кога е обновен храмот на Св. Ѓорѓи познат како Ѓурѓиц.
Во животот на нашиот човек со Ѓуѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“.
 
За св. Георгиј - празникот на Воздвижение на Чесниот Крст Господов во манастирот на Свети Георгиј во Рајчица слават две значајни годишнини: ден кога е осветена црквата на Светиот великомаченик Георгиј и кога се осветени темелите на новите манастирски конаци.
 
Причесниците собраат во Рајчица на ноќно бдение, мала почивка и послужениа на заедничка трпеза во црквата на Светиот великомаченик Георгиј со Божествен страв поклонувајќи се на светите мошти на Светителот и прославувајќи го со псалмопенија, заедно свештениците, монасите. Mанастирот Св. Ѓорѓи – Рајчица има прекрасна локација на брегот на Дебарското езеро. Овој манастир е женски манастир бидејќи истиот го опслужуваат монахињи.
Ѓурѓовден е познат и како празник на Ромите. Тие го нарекуваат Ерделез и го слават четири дена. Во Шутка подготовките за големиот празник почнаа уште денеска со традиционалното печено јагне. Децата, велат тие, ги облекуваат во најнова облека, купена специјално за Ѓурѓовден. Овие четири дена се оди на гости и во весела атмосфера се слави празникот. Главната прослава е в четврток кога сите Роми традиционално одат на француските гробишта во Скопје и со музика и песна го означуваат крајот на Ѓурѓовден.
можност за посета
www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?section=contact
|