македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт
Од работните тетратки.....

Представа КРАЛЕ МАРКО
За жал поради одсутноста на Олгица Христова која го играше Крале Марко и ненајдена соодветна замена, оваа представа веќе подолго време не е на репертоар.! 

РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА 14 ВЕК
 

Акатист–Црковна песна за време на чие пеење не смее да се седи. Првиот акатист е составен во чест на Богородица поради тоа што таа го спасила Цариград од непријателските напади. Сцени кои тематски се поврзани со овој акатист наоѓаме во повеЌе македонски средновековни цркви: Света Богородица Перивлепта Охрид, Матејче, Марков манстир, Свети Андреја Треска и др.


Александрида–историски роман за животот на Александар Македонски од 3 век, направен врз основа на постари литературни извори и усни преданија. Првиот словенски превод е извршен  10-11 век,  има  јусов препис поради што е мошне  тешко да се утврди со сигурност кога е направена и на кое јазично подрачје му припаѓа. Едно од најпопуларните литературни дела на средновековието кој до 16 век доживеал над 90 обработки на повеЌе од 30 јазици и бил читан на една огромна територија од Скандинавија, Англија до Индија.


Арсение Солунски-Македонски културен и книжевен деец од втората половина на 14 век. Досега идентификувани триесет преписи од еден патепис во кој на на оргинален начин го опишува своето патување низ Палестина. Најстариот од нив е на јужнословенски ракопис, пишуван на традиционален црковно-словенски јазик со јусов правопис.


Богородичник-богослужбена книга која ги содржи богородичните канони. Каноните се распоредени по гласови–од првиот до осмиот глас, а се пеат од сабота навечер до петок навечер. Богородичник пишува во 14 век еромонахот Методиј, сега оваа ракописна книга се наоѓа во Синајскиот манастир.


Брзопис-најнов тип на кирилско писмо, се развива во 13 век, мошне сличен со полууставот, но подоцна постепено се оформува како сосем нов тип кирилско писмо.


Гатачки книги-популарни средновековни книги во кои се гата врз основа на некои природни и физиолошки појави /гром, земјотрес, молња/, потоа според денот во кој се паѓа Коледе и др. Во некои случаи гатачките книги представуваат важен извор за историјата на нашиот народ и времето кога настанале. Своите имиња овие книги ги добиле во зависност од содржината: грмник, трепетник, коледник, соновник, луновник и сл.


Германов зборник–Словснски хомилијар зачуван во препис од 1359 г. од Герман, кој бил високо образовна личност, прв црковен поглавар во Самоиловото царство. Преписот на зборникот е пронајден во црквата  во Черноменец, Грција во кој се поместени оргинални творби од Климент Охридски и Јоан Егзарх, се наредува меѓу најстарите словенски хомилијари. Преписот на зборникот од 1395 г. се чува во библиотеката на Романската патријаршија во Букурешт под бр. 1.


Грамота–официјален документ со правна содржина издаден од световен владател /цар, деспот, болјар/ или од црковната власт /патријаршија, архиепископија, патријарх, архиепископ, метрополит и сл/ во текот на Средновековието. Грамотите најчесто биле давани на македонските манастири заради утврдување на нивниот имот.


Григориј Акиндин–средновековен книжевник и мислител од 14 век роден во Прилеп. Осуден е како еретик посмртно на соборот 1351 г. Скоро сите негови дела се поврзани со спорот помеѓу исихастите и варлаамитите.


Димитар Зограф македонски зограф и преведувач на книги од втората половина на 14 век. Во 1356 г. тој изработува живопис во црквата во село Дреново /Тиквеш/ а подоцна превел на словенски јазик "шестодневот" на Георги Писида, во времето на крал Марко.


Димитар Хоматијан–еден од најстарите представници на византиската и македонската литературе во 13 век. Во 1216 г. тој е избран за Охридски Архиепископ образуван духовник, авторитетен каноник и даровит писател, кој со своите дела настојува да му се доближи на своето паство,  како и да ја заштити Охридската архиепископија од поделби и уништувања. Најзначајно негово дело е Краткото житие на Климент Охридски или Охридска легенда, пронајдено во 13-14 век во Охрид, сега во збирката на Григорович во Лениновата библиотека во Москва.


Добре Радов–дијак, пишува во времето на кралот Марко во село Калуѓерец /Поречје/.  

Празничен минеј. Ракописот им 184 пергаментни листови, а се чува во Хлудовата збирка во Москва под бр. 184 


Евангелије–библиска книга од составот на Новиот завет. Првиот словенски превод е направен од браќата Кирил и Методи пред нивното доаѓање во Велика Моравија. Евангелието зазема видно место во македонската писмена традиција, повеќе десетици кирилски евангелија се пишувани од период на 11-15 век.


Запис–белешка испишана надвор од основниот текст на ракописот во која најчесто се даваат податоци за пишувачот, имателот или читателот на книгата, за времето, местото каде што таа се пишува, на почетокот или на крајот од ракописот. Записите ги пишувале други лица, вон и се даваат податоците за секојдневниот живот на нашиот средновековен човек, за економската положба на црквите и манастирите, за разни разурнувања и грабежи на кои биле изложувани во разни париоди од нашата историја. Овие записи најчесто се пишуваат на народен говор или јазик близоик до народните говори, поради што тие представуваат важен извор за проучување на историјата на македонскиот дијалект и писмен јазик.


Златоуст–зборник на слова на Јован Златоуст, нема зборник со содржина во кој да не е застапено барем едно од словата на овој цариградски патријарх. Фрагмент од стар македонски Златоуст се чува во ракописна збирка во Државната библиотека "В.И.Ленин" во Москва под сигнатуре Григ. Ф 87-18. Фрагментот од 13 век,  содржи четири пергаментни листови.


Исаија Серски–истакнат духовник, писател и дипломат. По порачка на серскиот митрополит извршил превод на делата на Псевдо-Дионисиј Ареопагит на словенски, на крајот од делото дал опширен поговор во кој ги излага своите сваќања за преведувачката уметност и го опишува продорот на Турците на балканот и паѓањето на Македонија под Турско ропство. Во досегашните истражувања идентификувани се 78 преписи  најстариот препис е од 14 век  и се чува во Ленинградската публична библиотека, во збирката на Гиљфердинг под број. 46


Летопис–средновековно литературно дело со историска содржина, преведено на словенски јазик, при што наоѓаме важни податоци за историјата на нашите народи.


Литургија–најважен дел од црковната служба кој се извршува од епископ или свештеник, потпомогнати од певци и  ‘четци. Литургијата се служи, обично, во храм осветен од епископ, но по исклучок може да биде извршена и во друг објект или на отворен простор, но врз осветен антиминс. Делови од старомакедонска литургија и упаства за нејзиното извршување наоѓаме во познатиот глаголски ракопис од македонска провениенција, познат под името Синајски требник. Литургијата исто така е специфичен феномен во историјата на фрескоживописот  кај нас забележана во олтарските апсиди на Света Богородица Милостива во село Велјуса, цркавта Свети Пантелејмон во село Нерези, Свети Ѓорѓи во село Курбиново, Свети Никита село Бањане, Свети Никола во село Манатир, Света Богородица село Дабниште, Свети Андреј на реката Треска село Матка 


Македонска редакција-варијанта на старословенски јазик, која се употребувала во Македонија од 11-15 век. Основни карактеристики на ракописите од македонската редакција се употребата на графски знаци  /јусови/ со означување на носовките и вокализацијата на еровите во силна позиција и ред промени во однос на класичниот словенски јазик.


Мелетеј-книжевник од 14 – 1 5 век. Учествувал во пишувањето на еден требник кој се чувал во ракописната збирка на манастирот Трескавец.   Денес се наоѓа  во Јагелонската библиотека под број 932.


Минеј-литургиска книга во кој се поместени служби и други текстови посветени на црковните празници и христијански светители. Ови текстови се подредени во календарски ред, поради што книгата го добила името минеј /месечник/. Најстариот македондки минеј од 12-13 век се чува во Софиската народна библиотека под бр 36 и има само два пергаментни листа. Интересно е што во некои македонски минеи од 13 век наоѓаат место и оргинални словенски химографски дела. Така познатиот Скопски празничен минеј има девет оргинални словенски поетски творби, а такви има исто така во Драгановиот и Добријановиот минеј.


Михаил Книижевник од 14-15 век  учествувал во пишување на еден требник по потекло од манастирот Трескавец кој сега се чува во Јеглонската библиотека во Краков под број 932.


Михаил еромонах, книжевен деец од 14 век. Во времето на крал В’кашин кога Полошкиот крај бил управуван од Гргур, го напишал апостол поп Михо од село Дебреше. Ракописот е пишуван со полууставно писмо и има 107 парегаментни листови. Во него оставил мошне интересен запис во кој, меѓу другото, ни соопштува дека тој водел потекло од село Лаешнице Тетовско. Апостолот се чува во Ленинградската библиотека во збирката на Титов под број 3365.


Молитва-еден од најзначајните составни елементи на црковната служба и на христијанството воопшто. Особено голем е бројот на молитвите кои се читаат во специјални случаеви : извршување на свети таинства, посвета во духовен сон, на погребение, осветување на куќа, обнова на црковен храм и сл. Покрај канонските постојат и апокрифни молитви: против молња, гром, страв, каснување од змија, болест и сл.


Никодим Тисмански-значаен црковен и културен деец од 14 век, чие потекло е од Прилепскиот крај, родоначалник и еден од оснивачите на Романската православна црква. Досега не се откриени ниту оргиналите, ниту преписи од Никодоимови посланија. Индириктни податоци се наоѓаат во два преписа едниот направен во Молдавија во 15 век, другиот зачуван во ракописен зборник од 15 век кој сега се наоѓа во ракописната збирка во црквата свети Никола – Никољац во Бијело Поље Црна Гора.


Никола Брата  поп, книжевник од 13-14 век, пишува еден парамејник за својот брат поп Дедислав и еден апостол со евангелие за поп Грдо од Винче /можеби скопско/. Вториот свој ракопис поп Никола го пишува во Скопје познат како Скопски апостол со евангелие, кој сега се чува во библиотеката на светогорскиот манстир "Свети Пантелејмон" /Русик/ под бр. 4


Намоканон–зборник со правна содржина, соодветни норми на световното и црковно право. Нокоманот е присутен во македонската писмена традиција. Најпознат е од 1335 г. Синтагма на Матеј Властар словенски номоканон, список на архиепископии и митрополити, кои спаѓаат во диоцазата на Цариградската патријаршија, латинско-словенски речник.


ОКТОИХ – богослужбена книга во која песните се поделени во осум гласови. Седмичните служби по октоихот почнуваат во понеделникот по Неделата на сите сите светии и завршуваат пред саботата на Месопусната недела. Неделните пак служби почнуваат од првата недела по Неделата на светите светии. Се започнува со првиот глас и така секоја седмица гласот се менува. По осум седмици се почнува одново од првиот глас до петета недела на Великиот пост. Пеењето на сите осум гласови, во текот на осум седмици се вика "столб". Во годината има шест такви столбови. До денешни денови се зачувани повеќе октоиси од македонската редакциуја, меѓу кои најзначајни се: Струмички, Кичевски, Софиски, Михановиќев и Битолски изборен октоих.


Оливер Прилепски-книжевник од 14 век, пишува минеј за јули и август кој сега се чува во Дечанскиот манастир под бр.3. Ракописот е пергамент и има 141 листа.


Пишувачи-книжевни дејци кои завземаат важно место во културниот живот на Македонија во текот на целото Средновековие. Иако бројот на пишувачите на стари ракописни книги бил извонредно голем, сепак нам ни се познати имиња на ограмичен број книжевници од тој тип.


Поменик-ракописна книга која содржи имиња на ктитори и покровители, кралеви и феудални владетели, патријарси, архиепископи, митрополити, епископи, монаси, свештениции мирјани. Имињата на овие лица се спомнувале за време на црковните служби–за здравје, ако се живи, за упокоение на душите, ако се починати. Свои поменици имале скоро сите македонски манастири, како и некои позначајни црковни храмови во поголеми села и градови. Познати се следниве македонски поменици: Лесновски, Слепченски, Крнински, Трескавички, Водички, Бигорски, Лешовки, поменик во манастирот Матка и др. Помениците се важен извор на историјата на Македонија, бидејѓи во нив, покрај пишуваните имиња, може да се најде и попис на инвентарот на храмот, како и други податоци за материјалната состојба на манастирот или црквата, записи од историски настани или настани поврзани со судбината на манстирите.


Псалтир-книга од составот на Библијата /Стар Завет/  содржи 150 песни наречени псалми. Новиот превод на псалтирот е направен во текот на 14 век. на Света Гора поради што овој превод е познат како Светогорска редакција на псалтирниот текст. Од македонските псалтири кон новата светогорска редакција припаѓа т.н. Шопов псалтир, кој се поврзува со Кратовскат книжевна школа.


Радосдлав Скопчик- книжевник од 14 век. Во 1370 г. тој пишува стиховен пролог,  ракопсот има 309 листови а се чува во Архивот на Академија на науките и уметностите во Загреб под сигнатуре 3 В 19. Се предпоставува дека презимето Скопчник е изведено од типонимот Скопје.


Ракописна збирка–повеќе ракописи кои му припаѓаат на некое приватно лице или општествена установа. Во минатото во Македонија ракописни збирки постоеле во сите позначајни цркви и манастири : Слепчевски, Лесновски, Марковиот манастир, Бигорски, Лешовки, Свети Атанас, манастир Трескавец, Велика црва Охрид и др.


Теофил монах, книжевен деец од 14 век, пишувал октоих за време на српскиот цар Стефан. Ракописот се наоѓа во Старата збирка на Насродната библиотека во Белград под бр. 7 /Љ.С. 220/ Судејќи според јусовиот правопис и некои јазични особености на текстот и на записот, може да се заклучи дека овој книжевник бил од македонско потекло. Истиот монах Тефил, најверојатно го пишувал и службениот минеј за мај од 1350-60 г. од збирката на Цетињскиот манастир /бр.33/. Овој минеј, исто така е од македонска редакција и има 114 листови.


Типик-зборник во кој се даават упаства за извршувањето на црковната служба. Во македонската средновековна црковна практика, а од таму и македонската писмена традиција наоѓаат место и примена два такви зборника. Во текот на 14-15 век Ерусалимскиот типик потполно го заменува Студисјиот, кој, излегува од употреба. Ерусалимскиот типик воведува во богослужбата Велико словословие, сеноќно бдение, полилеи и др. со што ја прави посвечена. Еден мошне обимен типик од 14 век  /306 листа/ сега се чува во манастир Света Троица кај Плевља Црна Гора под бр. 12. Типици од македонска провиенција има, исто така, во Државниот историски музеј во Москва /Хлудов 122/ Народна библиотека Иван Возов во Пловдив /бр. 38/ и во Софиската народна библиотека /бр.116/


Требник-црковна книга во која се поместени текстови кои скужат за извршување на разни обреди од сферата на христијанската богослужба: крштение, венчание, погребение, осветување на куѓата и др. Дел од требник од македонска редакција е зачуван во ракописен зборник од 13 век кој се чува Ленинградската публична библиотека во збирката на Тишендроф под сигнатура Греч. 70 , а од македонска редакција е и требникот бр. 932 од збирката на Јаглонската библиотека во Краков. Овој требник е пишуван во 14-15 век во минатото бил сопственост на манастирот Трескавец.


Физиолог-анонимно дело во кое на алегоричен начин се зборуба за разни животни, билки, и минерали. Преку овие алегорични толкувања се алудира на некои од најважните догми и сфаќања на христијанското вероучење. На старословенски е преведена  во 10 и 14 век. Го наоѓаме во разни богословско – филозовски зборници, шестодневи, хронографи, палеи и сл. Македонски препис на Физиологот е зачуван во Тиквешкиот зботник.


Хлудов триод-Пергаментен ракопис од 13 век има 188 листови и ги опфаќа двата дела од триодот – посниот и цветниот. Во минатото овој значаен ракопис се наоѓал во Марковиот манастир кај Скопје. Сега се чува во Хлудовата збирка при Државниот историски музеј во Москва под број 133. Овој стар триод е еден од најинтересните триодни текстови од македонската редакција. Во него се среќава вокализација на еровите, деназализација на голема носовка, замена на јат со а по ц, ѕ, с и др. Мошне интересен е и од литературна гледна точка поради што рускиот учен Н.Т. го проучува со цел да ја установи првобитната редакција на цветниот триод.


Хомилијар-зборник од  црковни проповеди. Во 14 век составен е нов тип на хомилијар во кој се поместени нови словенски преводи на познатите византиски проповеди и стојат на повисоко уметничко ниво.


Хрисовул-види  Грамота

Шестоднев-литературно дело во кое се обработуваат и толкуваат прашањата околу создавање на светот од Господ за шест дни /според првата глава на библиската книга Постанок/. Во нашата стара литературе особено значајно е што оваа творба е преведена на словенски јазик во втората половина на 14 век од македонскиот книжевник Димитар Зограф. Шестоднев на словенски јазик составил и познатиот средновековен писател Јоан Егзарх.

http://www.idividi.com.mk/recnik/index.htm

     
  
АНТИЧКИ МОТИВИ ВО НАРОДНИ ПРИКАЗНИ И ПЕСНИ
Античкомакедонски јазик
НАЈВАЖНИТЕ НАСТАНИ ДО XIV ВЕК