македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт
Празник на првиот Господов апостол

Андриашки двери Матка
Единствени зачувани двери од нашата територија који со сигурност можат да се стават во среден век се таканаречените Андријашките двери. Се мисли дека му припаѓале на манастирот св. Андријаш,  но не е сигурно. Најдени се во црквата св. Никола  /Денес св. Атанасиј / во село Шишево.

Манастир свети Андреја Матка Скопје
 

Принцот Андреја, еден од синовите на В’лкашин, имал на користење делови од кралството на татка си. Веројатно добил сосема мала територија /пронија/ во лична сопственост, малите села по долината на Треска, се до Матка. Кога Андреја решил да создаде манастир на својот имот, неговиот брат Марко му ги испратил веројатно најдобрите мајстори – градители, како и својот најдобар сликар - живописец метрополит Иоан. Иоан независно од високиот чин кој го имал во митрополијата, работел заедно со заедно со помошникот иеромонах Григориј. Црквата била изградена на мошне безбедно место 250 м. од влезот на карпестиот теснец Матка, на зарамнет простор, на левиот брег, двесетина метри високо над коритото на реката Треска, денеска езеро Матка.

Архитектурата на црквата представува пример од византиска градителска традиција. Таа е направена во облик на трикохособочни апсиди однадвор слеани во правоаголна ѕидна маса, така што даваат впечаток на слободно развиен крст.

Црката е карактеристична поради својата источна апсида која е помала од северната и јужната страна и не е слеана со масата на ѕидот освен тоа надворешното  расчленување не одговара на внатрешното. Влегувајќи во црквата веднаш над надвратникот на западната влезна врата се наоѓа наосот на црквата на кој има ктиторски натпис кој изнесува 1,17 см. широчина на која е испишан тестот од 66 см. На тој простор се испишани 14 реда,  вклучувајќи го и последниот ред и половина допишани подоцна од друга рака меѓутоа исто така, фреско,  што значи непосредно по испишувањето на горниот текст.  А тој гласи; "По воља на Бог Отец Седржател и со помоштан а Синот Единороден и содествието на Сепресветиот Дух се создаде и се исписа овој свет и божествен храм во име на Светиот Славен врховен апостол Христов првозвани Андреаш со трудот и подвигот на христољубив раб божии Андреаш син втори на благоверниот крал В’кашин и кралицата Елена, монахиња Елисавета и колку беше возможно и дадовме и приложивме на Светата Црква села со полето и задбрдието со метохот, со правата кои се напишани и познати на сите кои се вели со Хрисовул и овие две села се таму, Букурци и Повилно /кои/ во замена за црквата Сушичка со договор /ги/ дадовме за Момково и ИванеБидејќи така пригодно беше на обете цркви за да ги имаат така сите села забуна во утврдената година 1389 според вољата и милоста на мојот господар Андреаш /кој/ останува прв од почеток да биде на трудот првоположник /а/ на обновителот на милосрдниот и усреден храм свети Монах Кирил, вечна му памет…”

Покрај овој натпис имало писмен документ   кој за жал не е сочуван    хрисовул – повеља на владетелот со златен печат  истиот е    препишан  на лента  во внатрешноста на црквата која  почнува  од олтарната апсида со  ширина од  17 см.  По 3,5 см  црвена бордура по 1 см. бела линија што ја оделува од окерот кој  има ширина 8 см.  Буквите  се мошне убаво напишани, со колорит сијана печена и височина на буквите 5 см, на места  нешто поголеми, меѓутоа тоа воопшто не го нарушува целиот изглед. Текстот  се протега во должина од 1766 см.  како лента низ целата црква и ги разделува сцените една од друга со својата уедначеност на боите.  Вака испишан продолжува и на фасадата, денес зачувани само  во фрагменти од хоризонтални ленти што оделе паралелно над  прозорците и нишите. Постојат сомневања дека на западната фасада  постоел насликан ликот на Андреаш. Покрај ова во црквата постои и натпис над нишата од ѓаконикот во кој се зсборува за Калест Кирил, монах, како и со поименично истакнување на имињата на сликарите со кои го одредува не само времето на едно послободно изразување, туку, се чини и самосвеста во тоа изразување. ”Помени  го Господе работ свој, многугрешниот монах калест Кирил, кој се потрудил тука од начело со својата братија..” За зографот кој велелепно ја украсил црквата дознаваме од текстот што е испишан над нишата на протезисот:  “Спомни /ги/ Господи Боже работ свој, многугрешниот Ион Митроплит и Георги монах /кои/ овде сликаа.”

Зографите Митрополит Јован и монахот Калист создале фрески толку уедначени по стил и концепција што е тешко да се направи разлика меѓу творбите на едниот и другиот.  Веројатно Метрополитот Јован водел сметка за ова единство. Сликарството во оваа црква спаѓа меѓу најдобрите сочувани сликарски ансамбли кои стигнуваат до нашите денови.

Прифаќајќи се да живописува во аваа црква митрополитот Јован сам го составил теолошкиот програм не земајќи за потребно да внесува некој новини кои би требало да го прикажат степенот на неговата ученост. Тој повеќе сакал да наслика вообичаени сцени кои на сите ќе им бидат блиски и јасни, неоглушувајќи се на новонастанатата ситуација политички полна со неизвесност и страв од турските притисоци кои се чувствувале на секој чекор,  апострофирајќи ги светителите ратници во првата зона на влезот на црквата, доаѓајќи како логична последица на таквата ситуација, како посебните чекори на враќањето кон Египетските проблеми. Неговите желби биле живописувањето повеќе представува стар традиционален начин на сликање кое на Македонија и даде  дела од многу висока вредност. Ова упатува  на предпоставка дека сликарот метрополит најверојатно се школувал во Цариград. Сликарството на групата мајстори од Зрзе има типично академски црти, однегуван цртеж, вешта композиција во која се инсистира на стари решенија, склоност кон цврста моделизација, многу урамнотежен ладен колорит – се упатува кон воспитување во некоја школа која располагала  со искусни учители и која во принцип била традиционална. Намерите биле јасни да со крупни облици, епски јасни композиции често позајмени од 13 век се долови ширина и свечаност на стариот стил. 

Црквата Sвети Андрјаш е релативно мала градба што допринело во  неа да не можат да бидат насликани големи циклуси на фрески. Токму затоа изборот е сведен на два циклуса свесно избрани светителски фигури. Фрескоживописот во црквата е распореден во три сликарски зони.  Во долната зона се Архангел Михаил и Архангел Гаврил, Светите воини Димитриј и Георгиј,  прикажани во цел раст световни во својот израз/ место пустиници како што би било логично во еден манастир/,  Светите Апостоли Лука и Марко, патронот на храмот Светиот апостол Андреј Првозвани, свети Матеј, свети Павел, свети Иоан Богослов, Светите воини Теодор Стратилат и Теодор Тирон. Свети Петар, Света Богородица Застапница. Над првата зона, врз ѕидовите на црквата, се протега фриз од светителски допојасни представи.  Ги има вкупно 60. Во втората зона се: Циклусот на Христовите маки и страдања. Циклусот започнува со сцената на Тајната вечера / со збогатена позадина сликана со архитектура и поместени фигури/.  Миењето на нозе, Молитвата во маслиновата гора / фигурата на еден од апостолтолите е компонирана на слободен начин со скратување што укажува на посебна смелост на зографот/,  Бакнежот на Јуда, Исмејување на Христа, Качување на крстот /овие сцени се мошне оштетени/,  Симнување од крстот, Полагање на Христос во гроб /овие сцени се доста оштетени/.  Сводот и полкалотите го завземаат сцените на Големите празници. Рождество христово, Сретение, Крштение /за жал толку избледени што тешко се препознават/.  Симнување од адот.  Во тамбурот на куполата се сместени Пророците во  цел раст.  На пандантафите се представени четирите евангелисти во момент на испишување на евангелиските текстови.  Секој од нив е означен со посебен симбол. Над влезната врата се наоѓа вообичаената сцена на Успение на Пресвета Богородица.

Во првата зона на олтарскиот простор сцена на Литургиската служба  на Светите Апостоли.  /Ликовното представување на најсветата тајна на Црквата – литургијата е специфичен феномен во историјата на византискиот фреслкоживопис/.  Во литургијата учествуваат вкупно шест светители,  представени по двајца, на северниот,  централниот и јужен олтарски ѕид.  Сите светители се облечени во архијерски одежди и се лесно навалени нанапред, а во рацете држат одвиткани свитоци врз кои се испишани почетните зборови на литургиските молитви. Во средишниот дел на олтарската апсида над олтарската монофора е преставен светиот жртвеник меѓу два ангела,  облечени во ѓаконски одежди, со рипиди во рацете.  На средината на светиот жртвеник е преставен дискос врз кој лежи младоженецот Христос покриен со првиот покровец.  Лево е представено затвореното евангелие,  десно е преставен откриен путир, а до него полуодвиткан свиток со испишан текст врз него. Под светиот жртвеник, на столбецот на бифората е преставен гулаб застанат на престол, со раширени крилја и со ореол,а покрај неговата глава натпис: Дух Свети.  Литургискиот чин според редоследот на молитвите испишани врз свиоците  на светите оци започнува од северниот олтарски ѕид со молитвата испишана кај Свети Петар Александриски, потоа Свети Григориј Богослов.  Во централната олтарска апсида се Свети Јован Златоуст и Свети Василиј Велики а литургискиот чин со молитва продолжува врз свитокот на Свети Атанасиј Велики и Свети Кирил Александриски.  Во представата на Литургиската служба на светите оци овде е направена сублимација на сето она што се случувало во изминатите векови во поглед на развивањето на нејзината иконографија, со минуциозно избрани симболи и литургиски текстови успеале да се направи извонредна симбиоза меѓу сликата и текстот и да ги долови најважните светотаински дејства што се случуваат во текот на литургискиот чин.  Не случајно се избрани неколку моменти особено важни: кревањето на светиот жртвеник од страна на ангелите-ѓакони, слегувањето на Светиот дух во вид на гулаб врз приложените дарови и посочувањето на раздробувањето на агнецот со натпис  раздобление.  Од овие причини, представата Литургиска служба на светите отци зазаема посебно место во свевкупните досегашни сознаниа за иконографијата на оваа представа.

Над оваа композиција се наоѓаат 8 допојасни светителски ликови. Особено е важно да се нагласи присаството на Свети Климент Охридски. Во оваа групација на архиери и  неговото нагласено место во олтарот на црквата. Насликан е со долга брада и мошне куса бела коса рамномерно распоредена на челото /сигниран грчки но со невобичаени генетивни форми на името/.   Во полукалотата се Богородица со Христос, Архангел Гаврил, Богородица /представувајќи ја темата Благовести/,  Свети Стефан, Свети Евплос.

За зографот кој ова го украсил дознаваме од текстот што е испишан на  нишата од протезисотво живописувањето на црквата која и дава тон на целата декорација, се гледа изедначената стилска еднаквост,  ликовите се со една силна изразеност, во жив колорит при што мајсторот успева да реши сложени ставови и движења во композициите веројатно и затоа што и тој самиот владее со својата сликарска вештина. Монументалноста на атлетски градени фигуре, спора и прецизна обрада на анкарност со линиски светлоокер и темен колорит, лилјакови и плави тонови на Христовата облека, значајно светли  хармонии на фреските покажуваат желба за обновување на најубавите традиции на монументалното сликарство,  познавајќи  ги без сомнение големите византиски мајстори на своето доба. Идеализираните ликови на светителите помогнаа на сликарите на идните генерации да најдат пат до стилизирани облици во кои се повеќе се занемаруваат издолжените светителски лица и крупните очи на благо моделираниот инкарнат /Г.Б/.

Обработувајќи ги средновековните резби секако дверите се издвојуваат од иконостасите бидејќи се со постар историјат. Тие не само што имаат историски засебен развој туку и ликовната проблематика  им е сосема поинаква.  Дверите ги имале најчесто ниските олтарски прегради. Редовно се наоѓале во центарот на преградата.  За потребите на богослужбата во црквата  во почетокот бил потребен еден централен пролаз.  Меѓутоа кога во 6 век се развила службата во проскомандијата, претезисот се поцврсто се врзува со олтарот и редовно му се обезбедува директна врска со наосот – било преку засебен влез, било преку северниот пролаз на иконостасот. На нив редовно се наоѓа предтавата Благовести,  секако како тема на инкарнација во врска со пророштвото: ”Вратата низ која Господ ќе помине, а која ќе остане затворена“.  Кај нас употребата на Дверите завзема влијание во 14 век. Во  Душановиот законик член 12 речено е дека верниците достојни за причест се причествуваат на царските двери,  додека жените се причествуваат на дверите во проскомидијето.

Единствени зачувани двери од нашата територија који со сигурност можат да се стават  во среден век се таканаречените Андријашките двери.  Се мисли дека му припаѓале на манастирот св. Андријаш, но не е сигурно. Најдени се во црквата св. Никола  /Денес св. Атанасиј/ во село Шишево. Тука биле сместени и други работи од соседните опустошени манастири и цркви.  Андријашките двери се релативно ниски 127 см.  Горниот лачен дел завршува со мали столбчиња.  Секое крило е поделено на два еднакви дела:  долниот скоро квадратен,  далеку помал 15 x 16 см. горниот поголем, правоаголен со завршеток во облик на триаголник чија една страна е лачна 15,5 x 82 см.  Двата дела се усечени и урамени со лесно закосен оквир широк 5,5 см. Над лачниот дел 8,5 – 9 см. од бочните страни на рамката накнадно е додадена,  подметната кожа,  во вид на тенка трака 5,5 см шитока со двострук преплет,  помал и поголем.  Траката е делумно зачувана,  недостасува потполн орнамент во квадратните полиња,  кој исто така е накнадно додаден.

Доминантни кај овие двери се двете фигуре од композицијата   “Благовестие”  /Богородица и Архангел Гаврил/ кои се изведени во цел раст релјефно.  Двата лика зафаќаат поголемдел од просторот на двете крила и првобитно биле обоени.  Двете фигуре се дадени во смирен став,  Ангелот застанат со мирен ход, со крилата вертикално ставени до телото,  со десната рака  свиткана во лактот, благословува, а  левата опуштена  држи весничка палица.  Свртен е во трочетврт кон Богородица која стои со главата наведната на десното рамо, десната рака свиткана во лактот и припиена до телото се појавува само раката кон десното раме,  опуштена лесно свиткана во која држи вретено. Рељефот е релативно плиток 0,05 см. бил пресвлечен со гипс кој потоа бил обоен. Боите денеска се воглавном пропадната, трагите едвај се гледаат,  а она што е останато е потемнето.  На лицето на Ангелот се надѕираат темножолти бои,  крилата биле црвени,  а облеката темно зелена.  Од истата боја е и облеката на Богородица.  На позадината се гледаат траги  од темномрка боја,  остатоци од лепак, на кој било прицврстено златото за подлога, се надѕираат и траги од црвена боја. Фигурите се издолжени,  главата несразмерно мала,  нозете долги, витки. Со минимални средства уметникот создал целина.  За жал не се знае ништо за уметникот кој го создал ова дело. /Средновековна резба М.Ќ.Љ. 1965г. /.  

Денеска Андријевите двери се наоѓаат во Народен Музеј Белград.
 

Кон средината на 16 век кон западната страна на црквата доградена е припрата во правоаголна форма однатре прекриена со полукружен свод. Од долгиот делумично сочуван натпис на источниот ѕид во припратата испишана е годината 1559-1560 г. кога била Зографисана. Сочувани се фреските од Богородичниот Акатист и композицијата “Дејсиз” /Богородица,   Христос на престол и Јован Претеча/ апостолате Петар и Павле.  Овој живопис се одликува со извесна монументалност која не е одлика на сликарите во 16 век.  Изгледа дека ктиторите настојувале новиот живопис од приптатат да се урамнотежи со тој во наосот иако е очевидна временската разлика меѓу овие два живописа.  Мајсторите зографи се истакнуваат со својата толерантност и спремност да го достигнат уметничкото ниво на нивните предходници.


1964 г. направена е конзервација на живописот како превентива. 1971 г.  биле поставени трензени, изработени врз основа на на остатоците  а минимално е интервенирано и на покривот. 1972/73 г. конзерваторските работи на живописот како и декорацијата и овој пат како превентива.  Со оглед на тоа што на споменикот му престои конзервација на архитектурата. 1645 г. бил изработен крстот за иконостасот. 1814 г.  Црквата е многу убава и потполно здрава, не гледајќи на тоа дека веќе триесет години ниту една христијанска душа не живее тука. Само камбанаријата паднала во запустениот бунар, долга 30 аршини, широка 15, висока 50-60 аршини. Во Црквата се е на свое место, сочувани се недопрени од предавничката рака  /Јастребов/.  1897 г. иконостасот бил пренесен во црквата св. Атанасие Шишевски Матка.  1886г.  Пред црквата стои разурната камбанарија, а остатокот стои на пет лакта повисоко … /Ј.Х.Џ/. Во црковниот музеј  во Скопје под инв. бр. 77 спомнат е “Кован железен крст од кубто на црквата висок 0,55 м широк 0,27 м.

Во старо време  до овој манастир се качувале со кошови како што денес се качуваат во Метеора /Тесалија/. Под манастирот,  на брегот на реката Треска и сега има железни алки на кои веројатно се закачувале чамците, а луѓето со кошови или некои други направи се качувале горе. До таму сега никој не може да се искачи,т уку треба да се оди пеш,  а потоа со голема мака се спушта кон манастирот. /Јастребов/

www.cdnh.edu.mk/Proekti/multimedija2007/crkvimatka/matka.html

http://www.youtube.com/watch?v=nTY5Lhnf4R0

можност за посета

http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?section=contact

 


 

 

Археолошки локации во и во близина на Споменикот на природата Кањон Матка.

Планинарски дом Матка