македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт

Рибник Дошница Неготино
Рибникот е изграден на реката Дошница, лоциран во мошне атрактивна околина, привлечна како излетничко место за голем број жители на Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

De bruiloft der zeven zigeuners, A. den Doolaard, 29 maj 2006

Дојран - легенда за името на градот и езерото

Во Втората половина на XIV век Турците османлии од Мала Азија своите освојувачки походи ги продолжиле на Балканскиот полуостров. Тогаш, во тоа време во Македонија владееле браќата Мрначевиќи (Углеша и Волкашин). Двете војски, македонската и турската во 1371 година на п. Марица војнички се судриле. Во таа битка македоската војска била поразена. Патот на Турците османлии и бил отворен за продирање и освојување на Македонија. Според пишувањето на Кирил Хаџидинев во книгата "Дојран", издадена во Софија 1960 година, градот "Полин" бил освоен во зимата 1371/72 година од турскиот војсководец Евренос-бег. За освојувањето на градот меѓу народот се раскажува следнава легенда:

Војската на Евренос-бег дошла на исток помеѓу планините Беласица и Круша. Било зима, а езерото замрзнато и покриено со дебела снежна покривка. Изгледало како големо рамно поле. По наредба на Евренос-бег војската минува преку "полето" на запад и стигнала до градот Полин. Од некои наши граѓани турската војска била пречекана чудејки се од каде дошла. Евренос-бег објаснил дека дошол од кај "полето", покажувајки кон езерото. Од населението било објаснето дека тоа не е "поле" туку езеро, замрзнато езеро и покриено со снег и изгледа како поле. Одкако бегот разбрал дека среќно поминал преку езерото со својата војска и наоружувањето што го носел, наредил да се направи голема гозба за вијската и граѓанството. Се јадело и се пиело три дена и три ноќи. Кога бегот ке ги прашал гостите дали се задоволни од гозбата тие му одговарале со "дојурмак" што значи најадување до наситка. Дојран не нагости, не засити. Од тие зборови легендата вели дека произлегува името Дојран.

Македонија на мермерен ѕид во Рим
Четирите мапи се означени со различни временски периоди кои го означуваат појавувањето и подемот на градот држава - Рим од 700-800-та година пред Христа, па навака. На три од четирите мапи стои испишано името Македонија, и тоа во време кога римската држава се состоела само од градот Рим.
Бегалка
Ленче Кумановче навистина постоела и во реалниот живот се викала Сава. Била ќерка - единица на чорбаџијата аџи Трајко и немала мајка, туку ја одгледала маќеата. Вистинскиот Бошко, пак, беше Величко, по потекло од Кокино. Имал меана, ама бил сиромашен, зашто само што дошол од село во град.