македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт

 

 


Народни верувања

Змеј, аждер и ламја се едно исто.

Змејот има крилја, нос и опашка.

Змејовите живејат во планините, водите и во воздухот.

Змејовите бегаат од лоши билки омразни.

Јунаците личат на змејовите, а змеииците имаат долги коси.

Змејовите одат по луѓето.

Змејовите си грабаат невести.

Змејовите љубат моми и невести и поради тоа таквите моми и невести се жолти.

Змејот во помал вид се претставува како смок и змија. Епитетите на змејот се: аждер ненаситни, змеј огнен (Огнен - синот на Марко Крале, Огнена Марија), змеј горјанин, од голема фара, змија тројноглава, змија љутица, змија усојница, змија пепељуша, змија мршоедна, кучка змија.

Змејот сака човечки жртви особено моми.

Самовилите со итрина ги лажат змејовите и владеат над змиите: една смовила јава на сури елен, узенгии до две љути змии.

Припек’л се како змија.

Разљутил се како змија.

С’ка како змија.

Свири како змија.

Чист како г’л’б, итар како змија.

Зла змија (на љута жена).

Љута како змија.

Змијата се вие и пак во дупката право влегува.

Два се змеја на планина збиле, од сила им м’тен Дунав тече.

Неда пила ношна вода, та испила љута змија с две глави, три опашки.

Ѓаволот го излагал човекот преку змијата (од Светото писание).

Се згнеле како змија в змијарница.

Кога пие човек или животно вода и змијата не го закача.

Змија да ти го пресече патот не е на добро.

Од змија коски не се газат.

Од кожата на змијата се кадат да не ги фаќа треска.

Рокчињата од змијата ако се најдат кај човека му носат полза.

Секоја сабота змијата го испуштала отровот и почнувала да собира нов. (саботници - родени спроти сабота и чумата не ги биела).

Кој ќе ги види нозете на змијата ќе биди многу богат.

Змијата имала нозе што ги крие и кој ќе ги види ќе умре.

Ако видиш змија по заоѓањето на сонцето ќе умреш.

Ако видиш две змии составени и да ги кренеш со крпа ќе станеш богат.

Ако видиш две змии составени, да си наврзиш со нешто јазли колку што можеш, тие јазли ќе ти донесат полза, откако ќе одврзуваш по еден при секоја мачна положба така со одврзувањето на еден јазел можеш да се ослободиш од затвор.

Кога човекот ја брка змијата ако извика некое машко име таа бега, на пр. ако рече: „Иване, донеси ми ја секирата, да ја убијам таа змија“. Ако на некоја змија и речеш: „Студено железо“- таа се скаменува на местото.

Додека не рикне црно магаре змијата не го пуштала тој што ќе го каснела (истото верување се среќава и за гуштерот. Гуштерот според индиските верувања бил човек преправен зашто украл говедо). Змијата додека не се преврти три пати не го пушта тој што го каснала.

Спроти Еремија, први мај, жените чукаат со железо околу куќата и велат: „Бегајте змии и гуштери, Еремија иде!“

Љута змија да те изеде! (Клетва, жените впрочем на секој збор можат да колнат, на пр. камен-камен те убил, вода - вода те однесла, метла-метла те помела и др.)

На Велики поклади прескокнуваат преку оганот и викаат: „От болви, од змии, од гуштери...“ (Водата и оганот се очистителни стихии).

Четири пати во годината змија минува низ човекот.

Змии влегуваат во устата на луѓето, особено ако пиеле млеко, исто така цицаат жени и добиток.

Кој јадел млеко навечер каснува малку лук за да не му влезе змија во устата преку ноќта.

Змиите на свети четириесет не касаат, за тоа можеле живи да се ловат, а мајка им вечерта ги судела сите змии за тоа што го направиле.

На Благовештение сите змии се собираат на големи купишта; тогаш и царицата им излегува од дупката и таа на главата има бесценен камен; и оттогаш змиите не касаат.

Секоја змија имала на главата бесценет камен.

На Четириесет маченици ловат живи змии и им ги отсекуваат главите, потоа  претеруваат разни семиња низ устата - за да е плодородна годината.

На Ѓурѓовден ловат живи змии со рацете за да не им се потат рацете преку годината.

На Благовештение и Четириесет маченици луѓето работат од змии, за да не ги касне некоја змија преку годината.

Сите змии не касаат, туку само тие, кои се потчинуваат на главатари кој ги собира на Свети четириесет и со бесценет камен на главата и е поголем од другите.

Имало змија со три глави и на средната глава имала бесценет камен.

Имало змии со две глави и на главите имале бесценет камен.

Закопаните блага ги чуваат змии (општоевропско верување).

Кога се зборува за змии, или пари се закопуваат или пари се откопуваат.

Љута змија во кат седи. (Гатанка - златните пари).

Секоја куќа си има по една змија и кога ќе умри таа змија задолжително ќе умре некој од куќата.

Домаќинот или сајбијата на куќата како што се вика змијата која што живее во куќата е како патрон на куќата и затоа ја чуваат и и оставаат млеко да пие.

Ако го убијат домаќинот-сајбијата (змијата на куќата) ќе умре и стопанот на куќата.

Домаќинот на куќата излегува на Благовештение и ги пребројува луѓето во куќата и кого не ќе го видела тој ќе умре.

По меѓите на нивите има змии кои ги чуваат синорите, т.е. границите.

Јунаците го носат епитетот змеј. (Впрочем на јунаците им се даваат разни епитети како: мечка стрвница, свиња дебела, куче и сл.)

Остра сабја змеица.

Црвена змија околу човекот се вие. (Гатанка - појас).

Црна змија над оган се вие. (Гатанка - змија)

Ке одам, кеф патим, ке сретам кеф Марче, ке земам кеф камче, ке уфрам кеф Марче по глава, ке ми сторит кебарч (круг). Одговорот на гатанката е: змија.

Тука седи мемеро, немаш мира никаде, не се смеј кутело како година стрижено. (Змија и нива).

Змијска хурка (змиско грозје), змијска трева, змијско млеко, змијско цвете, змијски език, змијеглавче с’с змијни билки.

Ако сонуваш змија душмани имаш.

Змии б’лва - остри думи кажува.

Змии г’лта - остри думи слуша.

Откинат опаш од гуштер ако влезе во зафрлен рог на некое добитче, се преоформува на смок.

На Благовештение ако преселчеш глава на змија и ја закопаш во земја, ако одгоре насадиш босилек тој босилек е многу лековит.

Телото на свраката е многу лековито зашто самовилите со прегнати свраки вршат разни билки но телото на змијата убиена на Благовец е многу полековито.

Кога се започнува да се раскажува за змии има до четириесет приказни да се прикажат.

Записите се од Кратово. Ги запишал Ефрем Каранов.

      
Регионално туристичко инфо
Центарот може да биде посетен во било кое време од 08.00 - 20.00 часот. Контакти на: тел: +389 31 481 572
Народни верувања
Кратово