македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт
Ксантика
Стефан Плескоњиќ

Начин на подготовка na Просфора
Тестото се дели на 5 еднакви делови. Од секој дел се прави по една просфора на следниот начин:
Василица
СЛАВА
„Carne vale“ значи „збогум месо“
Дуовден, Света Троица, Педесетница, Свети Дух
Празник на мајката на сите мајки

6 октомври
Празник на сите македонски светители


Македонската православна црква ја одредила првата недела од месецот октомври како заеднички празник на сите македонски светители. Иако тие си имаат и свои посебни празници, (по еден или повеќе), овој ден е одреден за заедничко сеќавање на сите македонски светители кои во изминатите два милениума на најразлични начини придонесле за афирмацијата на христијанството на овие простори, но и многу пошироко.

Во книгата “Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука” која што е дел од Светото писмо се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада една ноќ имал видение: “...стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: 'Премини во Македонија и помогни ни!' По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието”. (Дела 16-9,10) Како што стои во ова сведоштво една богобојазлива жена од градот Тиатир по име Лидија прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. “Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!”. (Дела 16- 15) Потоа и повеќе други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа.



Оттука може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот кон Европа и светот.
Но, не било лесно да се победат и искоренат старите верувања и суеверија. Битката меѓу старите наследени традиции и сфаќања од една страна и новите правила на живеење што ги пропишувало христијанството од друга страна, била долга и трае до денес, цели два милениума. Така и денес во македонските обичаи среќаваме повеќе слоеви на народната култура, а христијанството го има доминантното место. Денес со големи и масовни свечености се празнуваат големите Господови празници, потоа празниците на Божјата мајка - Пресвета Богородица, македонскиот народ ги прифатил како свои и го празнува споменот на повеќе општохристијански светители (св. Георгиј, св. Димитриј, св. Петка, св. Никола, св. Архангел Михаил и многу други). Многу функции на старите словенски божества (на врховниот бог, на богот на водите, богот на стоката и тн.) се пренесени врз новите христијанските светители. Така, многу од нив станале покровители или заштитници на поедини семејства, но и на одделни занаети.

Но, во текот на многуте векови за христијанството страдале и повеќе личности од ова поднебје, па така денес македонскиот народ со посебна почит го празнува споменот на повеќе свои светители (светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски чудотворци, св. Прохор Пчињски, св. Гаврил Лесновски, св. Јоаким Осоговски, св. Ѓорѓи Кратовски, св. Злата Мегленска и многу други).

Кога станува збор за македонските светители истражувачите ги делат на неколку групи. Во првата група односно во групата светители - просветители спаѓаат светите браќа Кирил и Методиј како и светите охридски чудотворци Климент и Наум. Со својата црковна дејност како свештеници, потоа со својата просветителска дејност како учители, но и со својата книжевна дејност, тие се афирмираа многу пошироко од нашата средина и станаа познати на многу поширок простор.

Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј се родени во Солун во семејство на угледни и образовани родители. Завршиле високи школи и станале почитувани личности. Во три важни мисии ја проповедале христијанската вера: Арапската, Хазарската и Моравската. На говорот на солунскиот крај ги превеле најпотребните книги за богослужбите во црквата, на словенскиот свет му дале азбука и писменот со што се стекнале со бесмртност кај многу народи, поточно кај целиот словенски свет. Влегувајќи во жестока полемика со оние што тврделе дека Бог треба да се слави само на три јазика: еврејскиот, елинскиот и латинскиот, Кирил Филозоф во Венеција поставил прашања што и денес се многу актуелни: “Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви? Кажете ми дали Бог го сметате толку бессилен што да не може да го даде тоа, или толку завидлив што да нејќе?”

Учениците на св. Кирил и Методиј и продолжувачи на нивното дело, светите охридски чудотворци Климент и Наум влегоа и во народните преданија и легенди и останаа во свеста на многу поколенија на македонскиот народ како извори на мудрост и енергија. Св. Климент остана во колективното паметење како заштитник на градот Охрид и на македонскиот народ воопшто. Секогаш кога над градот ќе се надвиснела опсност се јавувал духот на свети Климента и го спасувал од несреќата. Свети Наум пак, останал запаметен како чудотворец со моќта да лекува болни (и тоа најразлични болести) и за време на животот и по смртта. Преданијата за св. Наума раскажуваат дека тој им помагал на сите што со верба му се молеле за помош без разлика на вера и националност.

Светителите - пустиножители од североисточна Македонија св. Прохор Пчињски, св. Гаврил Лесновски и св. Јоаким Осоговски, кон кои редовно се придодава и св. Јован Рилски, во народното паметење останале како четворица браќа по вера или како четворица свети браќа. Житијата ги запаметиле како „чудни и вистински новопросветени отци наши и пустиножители, небесни луѓе и земни анѓели (...) чесна четворка, богоизбрано друштво, трудољубиви Христови работници, кои излегоа со ралото на верата да направат бразда и да посеат семе духовно и да го ожнеат достасаното класје, добродетелен плод на Христа да му принесат“. Житијата сведочат дека овие тројца македонски светци живееле и се подвизувале во повеќе места од североисточна Македонија кон крајот на X, XI и почетокот на XII век, дека и за време на животот и по смртта направиле многу чуда, пред се со лекување болни и со чување на манастирските имоти. Нивните манастири и денес го чуваат нивниот спомен и претставуваат светилишта за македонскиот народ од сите краишта на Македонија.

Светителите - маченици: св. Ѓорѓи Кратовски, св. Злата Мегленска и св. Спасе Радовишки настрадаа во одбрана на христијанството и останаа како пример за саможртва во името на верата и човечкото достоинство. Тие ги одбија ласкавите награди, богатството и привилегиите што им се, одбија да го примат исламот и му останаа верни на својот Бог Исус Христос. На тој начин спечалија вечен живот и се населија во царството Божје. Свети Ѓорѓи Кратовски, одби да ја смени верата, да се ожени со ќерката на првиот и најбогат човек во градот, ги одби сите овоземни задоволства и му остана верен на својот Бог. Херојски ги поднесуваше мачењата и најпосле беше запален во Софија на 24/11 февруари 1515 година. Кога се пресели во заедницата на светците имаше само 18 години.

И на свети Спасе Радовишки, (познат и како св. Анастасиј Струмички) му било понудено да го прими исламот за да ги избегне измачувањето и погубувањето. Муселимот, (повисок претставник на турската власт), му понудил и чифт пиштоли оковани во сребро, бархетна (сомотна) облека и место чехондар кај него. Но, како што раскажува неговото житие, момчето просветлено со благодатта Христова останало на својот поранешен став. „Земната среќа, мислел тој, при измачувањето на совеста е лоша среќа, а уште пострашна ќе се покаже тука со нечистата совест“. Поради тоа бил жестоко тепан, заклучен во затворот, на рацете и нозете му биле ставени окови, на вратот вериги, а во нозете му биле набиени остри игли од трње. Воден кон периферијата на градот каде што требало да биде обесен, св. Спасе се помолил на својот Бог и му ја предал својата света душа на 29 август 1794 година.

Света Злата Мегленска настрадала поради својата убавина. Еден Турчин -насилник ја грабнал и потоа барал таа да се потурчи. Злата пак, украсена не само со телесни туку и со исклучителни душевни особини, како што вели нејзиното житие „со тврда вера во Бога, со девственост и целомудрие“ ги одбила сите понуди, а не се исплашила и од заканите. „Јас верувам и му се поклонувам само на Господа Исуса Христа; Он е единствениот мој младоженец, од кого јас никогаш нема да се одречам, што и да направите со мене, па макар и да ме исечете на делови“. Поради силната вера во Исуса св. Злата Мегленска била тепана со стапови, од нејзината кожа ваделе ремења што и ги обесувале пред очите, потоа како што сведочи нејзиното житие „усвитиле еден железен стап и го провлекле од едниот крај на увото до другиот, така што низ носот и устата на маченицата излегуваше чад“. А кога и покрај сето тоа останала меѓу живите, мачителите уште повеќе ожесточени „ја обесиле на едно дрво и нејзиното девствено тело го исекле на парчиња“. Така во месец октомври 1795 година, св. Злата Мегленска „ја предаде својата света душа во рацете на Својот бесмртен Младоженец и прими двоен венец - девство и мачеништво“.

Меѓу македонските светители-маченици спаѓа и свети Нектариј Битолски (со родено име Никола). Потекнувал до Битола од набожни и праведни родители, а во детството кога на градот му се заканувала опасност од турските освојувања, мајка му работејќи на гумното задремала и сонила чуден сон. И се јавила Пресвета Богородица и и рекла да го земе мажот и децата и да бега на друго место. Така ја избегнале несреќата, а потоа им благодареле на Бога и на Богородица за спасувањето. Поттикнат од овој настан подоцна Нектариј заминал во Света Гора Атонска каде што се подвизувал. Ги избегнувал искушенијата и конфликтите со оние во кои бил влезен ѓаволот. Со благодарност кон Бога ги трпел страдањата и се овенчал со уште поголеми венци од Бога и се преселил во вечното царство Христово на 5 декември 1500 година.

За време на владењето на Јулијан Отстапник, кога е извршен страшен прогон на христијаните од Никеја во Тивериопол (Струмица) пребегале епископите Теодор (учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година) и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј. Во Тивериопол ним им се придружиле месните свештеници Петар, Јован, Сергеј, Никифор и Теодор (втори), ѓаконите Василиј и Тома, монасите Еротеј, Харитон и Даниил како и еден мирјанин по име Сократ. Но управилтелот на солунската област ги фатил и ги погубил на 28 ноември 362 година. Добрите христијани ги погребале достоинствено, а Бог ги надарил со чудотворна моќ така што на нивните гробови многумина болни нашле оздравување.

Големиот борец против разните ереси во Македонија св. Иларион Мегленски е роден во Цариград. Неговите родители биле од угледна фамилија но биле несреќни затоа што долго немале рожба. Поради тоа се молеле пред Бога, а мајка му верувала дека Пресвета Богородица ќе ја израдува. И навистина набргу добиле машко дете што го крстиле Иларион што значи радосен. Детето уште мало покажало чудни дарби. На три години ја запеало песната на ангелите: „Свет, свет, свет е Господ“ и промрморило „Еден Бог“ што предизвикало восхит кај сите. На 18 годишна возраст го започнал монашкиот живот и со христијанскиот начин на живеење бргу се стекнал со голем авторитет. Од Бога бил даруван со чудотворна сила, така што еднаш кога завладеала глад со молитви ги наполнил амбарите со жито од кое се прехраниле не само жителите на манастирот туку и околното население. Во 1134 година бил поставен за епископ Мегленски. Го учел народот во христовата вера и жестоко се борел против разните ереси кои во овој крај зеле широк замав. Во неговото житие се раскажува дека со зборови ги победил ерменците, манихејците, а потоа и богомилите и дека многумина припадници на овие еретички движења придобил за вистинската Христова вера. Починал на 21 октомври 1164 година и бил погребан во манастирот на Светите апостоли што самиот го подигнал. Над неговиот гроб се случувале чуда, а кога со посебна царска и црковна одлука го отвориле виделе дека од очите како од два извора му течело миро од кое многу болни нашле исцелување.

Свети Јован Кукузел е голем византиски композитор од македонско потекло. Заедно со св. Јован Дамаскин се најпознатите музички дејци во источната православна црква. Тој е познат црковен псалт, композитор, музички теоретичар и голем христијански богоугодник и испосник. Неговото дело оставило траги во културите на повеќе балкански народи кои денес поеднакво го почитуваат и слават. Неговата нотација наречена Кукузелова, неовизантиска, доцновизантиска и сл. била во употреба од крајот на 15 до почетокот на 20 век. Му се припишува вокалниот стил во црковното пеење наречен „пападикиски“, во кој внесувал и музички елементи од народниот, пред се, од македонскиот мелос. Од истражувачите на музиката бил наречен ангелогласен, извор на музиката, учител над учителите, голем мајстор на уметноста и сл. Според преданието но и повеќе други показатели тој е роден во селото Џерменци или Џерманци во дебарскиот крај, во близината на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Истражувачите на неговиот живот и дело имаат различни мислења за времето кога тој живеел но се согласуваат дека тоа било меѓу XI и XV век.

На наш терен, односно во Македонија се подвизувале и страдале и некои други светци кои што потекнуваат од други краишта како што се св. Еразмо Охридски, св. Јован Владимир (зетот на цар Самоил) и др., а овде се развил и култот и на некои други светители како што бил св. Ахил Лариски чии мошти царот Самуил ги пренесол од Лариса на островото во Преспанското Езеро кое и името го добило по овој светец.

Значи не се без основа тврдењата дека Македонија е библиска земја дека на овој терен христијанството се ширело од неговата појава, дека на овој терен за Христа Бога страдале и многумина Македонци чој спомен македонскиот народ достојно го почитува и слави.

(Подготви Марко Китевски)

Свети Кирил Солунски, филозоф  24, Мај /11, Мај

Свети Методиј Солунски  24, Мај и 19, Април /11, Мај и 6, Април

Свети Климент Охридски 09, Август и 08, Дек./ 27, Јули и 25, Ноември

Свети Наум Охридски 05, Јануари и 03, Јули/ 23, Декември и 20, Јуни

Свети Григориј епископ Охридски 21, Јануари/  08, Јануари

Свети Гаврил Лесновски 28, Јануари / 15, Јануари

Свети Прохор Пчински 28, Јан. и 01, Ноември/ 15, Јан. и 19, Октомври

Свети Јоаким Осоговски  29, Август/  16, Август

Свети Агатангел Битолски 05, Февруари / 23, Јануаи

Свети Јосиф археп. Солунски 08, Февруари / 26, Јануари

Свети Ѓорги Кратовски 24, Февруари и 8, Јуни/ 11, Февруари и 26, Мај

Света Кирана Солунска  13, Март / 28, Февруари

Свети Никита Серски 16, Април / 03, Април

Света Матрона Солунска 09, Април / 27, Март

Свети Јован Кукузел 14, Октомври / 01, Октомври

Свети Александар Солунски  09, Јуни / 27, Мај

Свети Еразмо Охридски 15, Јуни/   02, Јуни

Свети Нектариј Битолски 05, Декември/  22, Ноември

Свети Спасо Радовишки 21, Авг. и 11, Септември/  08, Авг. и 29, Август

Света Васа Солунска 03, Септември/   21, Август

Света Злата Мегленска 26, Октомври /13, Октомври

Свети Ефтимиј Солунски 28, Октомври/  15, Октомври

Свети 15 Тиверополски (Струмица.) 11, Декември/  28, Октомври

Свети Роман еп. Македонски 11, Декември  28, Октомври

Свети Николај архиеп. Солунски 12, Декември / 29, Октомври

Св. Св. Зиновиј и Зиновија Егејски 12, Ноември / 30, Октомври

Света Тесалоникија  20, Ноември / 07, Ноември

Свети Ангел Лерински 21, Ноември/   08, Ноември

Свети Христо 11, Декември/  28, Ноември

Свети Никодим Охридски

Преподобен Петар Мегленски 10, Април / 28, Март

Преподобен Иларион Мегленски 10, Април и 3, Ноември/. 28, Март и 21,Окт..

Преподобен Акакиј Серски  14. Мај / 01, Мај

Преподобен Јаков Костурски 14, Ноември / 01, Ноември

Преподобен Дионисиј Костурски 14, Ноември/ 01, Ноември

Преподобен ѓакон Јаков Костурски 14, Ноември/  01, Ноември

Преподобен Петар Атонски 25, Јуни /12, Јуни

Преподобен Теофил Македонски 21, Јули/  08, Јули

Преподобен Давид Солунски 09, Јули/  26, Јуни

Преподобен Атанасиј Атонски 18, Јули / 05, Јули

Преподобен Никодим Елбасански 24, Јули /11, Јули

Преподобен Јован Рислдки 31, Авг. и 1, Ноември /18, Авг. и 19 Октомври

Собор на сите Македонски Свети  Првата недела во Октомври

      
     

Народни обичаи и верувања за Велигден
Велигденски пости
Народни обичаи и верувања за Петровден

Рождеството Христово

- Рождеството Христово, заедно со Велигден, празникот на неговото воскресение и денот на Христовото крштевање, се трите највисококотирани меѓу 12-те празници во христијанството. Претставите на овие настани се и меѓу најчесто застапените мотиви на фрескопис и иконопис.
Свети свештеномаченик Игнатиј Богоносец
Свети Гаврил Лесновски
За Климент Охридски
Успение на пресвета Богородица
Чудата на св. Наум
Oбичаи од Дримкол

Свети Трипун
Коскени остатоци во својата хемиско-физичка структура се доминантно варовник со примеси од други состојки. Единствениот доказ за физичкото човеково постоење низ историјата, значи, е коската, односно варовникот, истиот оној од кој е создаден ридот во Говрлево, доказ за љубовта на луѓето од овие простори кон култот на свети Трифун.  А, виното, пак, како божествен напиток од овие простори е придружник на сите прослави во име на љубовта, од свадби до интимните свечености.