Храна од 14 век
ЈАДЕЊЕ, ХРАНА, ГОЗБА Богат ручек или вечера во чест на некого /убаво јадење/
ЖИТНИ КУЛТУРИ Пшеница /кашести јадења/, Јечмен, Брашно, Биено просо /мелено, се вари каша/, Грав Леќа, разни зрна
ВИДОВИ НА ЛЕБ Јечменов леб /печен во пепел/,Пшеницни, р’жени пити /печени во глинени подници/, Леб /јечмен, пшеница, грав, леќа, просо, р’ж/. Зрната се чукаат во аван или се мелат помеѓу два камена, се мешаат со вода, сол /се пече врз загреани камења, на решетка или во печка/. Кружни плоски. Квасецот се додава на тесто, истиот нараснува зе време на печењето на лебот. Бесквасни, помасни лебови се прават во форма на тенки пити. Киснат леб – квасник, брашнени каши. Лебот се јаде натопен со вода или млеко. Планински леб со р’ж, Пченицен леб - чисти леб - житни леб, Мешан леб со р’ж, пченица , Р’жаник, Пченкарник, Просеник, Ечменик, Погачи.
МУЧНИК – корито каде што паѓа брашно од камењата за мелење КВАСЕЦ, квас, маја, сириште, потквас
ТЕСТО Кашичка /попарено/, Макало /потпечено брашно, Прженица,/погусто се меси, се пржи со маст/, Мајалица /се прави од наут во Прилепско/, Пресник /скоро масен, без квасец/, Кравај, Пармац, чуреци /долгнавести три листа сплетени во плетенка, Пресница – Матка /погача без квас од пченкарно брашно/, Погача /тркалезен пченичен леб во тепсија/, Леб /печен во подница/, Проскур /наменето за в црква/, Мајалија /леб со маја од наут /слануток/, Погача /леб наменет за слава, празничен леб/, Бесквасен леб замесено со масло, питки од пшенично брашно ја симболизираат непогрешливата човечка суштина. Обреден леб – симбол на животот, плодноста, здравјето, благосостојбата, најзначајен РЕЛИКТ на нашата култура. МЕСО: печено, варено, сушено Птици /кокошка, мисирка, патка, еребици/ Дивеч /срна, дива свиња, зајак,, елен кошута дива коза/ Домашни животни /јаре, свиња, овца, јуне, јагне, коњ, вол, коза / Водни животни /риба-печена во лебно брашно, жаби, ракови, полжави, желки, змии, јегули/ Изнутрица /кукурек, шкембе, сланина, пршки, крезли, каурма, џигери, срце, мозок, јазик, марамица, црева, глави, коленици / Сало /мрсно свинско месо за добивање маст/ Лој /животинска маст од говедо, овца, коза/ Тук /мрсно што се фаќа на манџата како кора/ Вриена врела маст Стопена свинска маст
ПИЛЕШКО Варено чорби, јадења, супи (со нога од пиле), ајмакац Печено јуфки, ориз Сецкано кокошка, батаци Пржени крилца, батаци, пилешки изнутрици со кромид На отворен оган крилца, месо
ГЛАВА, КОЛЕНИЦА, НОЗЕ, МУСКУЛ
ЧОРБА со мускул, полнет мускул Тава (со кисела зелка-подварок), Пача, Грне
ЈАГНЕШКО, ЈАРЕШКО Се вари месото. Се пече со цели парчиња кромид прелиено со мед Чорба јагнешка, галичка, свадбарска, Вариво Шкето, спанаќ, кромид, елбасан, капама, Печено на ражањ, фурна, со млеко Изнутрица кукурек, дроб сарма, ширден, поховано шкембе, мозок СПАНАЌ, КОПРИВА, ЗЕЛЈЕ, ЛОБОДА, ЗЕЛКА Пита чорба со ориз Печен јајца, јагнеско, пире (јагнешко )
ПРЕДЈАДЕЊЕ 150 г. карфиол, 100 г морков, 60 г. афион, 100 г сланина, 80 г путер, 120 г струган кашкавал, 3 јајца, 250 г брашно, пециво, 0,2 дл бело вино, сол, црн пипер. Се пече на 200 степени
ПЕЧУРКИ На жар, На плотна, Пржени, Динстани, Ѓувеч, Салата
За вечера се јаде месо а утре ќе се наситите со леб …
Месо кое не се јаде за пост. Свиња бидејќи има развиени копита а не прежива – не е чиста. Зајак нема разделени шепи и не е преживар. Плешката се смета за највкусен дел од жртвуваното животно. Поради тоа десната плешка се давала на свештениците за спасение …Стави котел, наполни го со вода, стави парчиња месо, сите да бидат најдобри, колкови, плешки, наполни го со одбрани коски. Од сите видови животни јадете ги сите оние што имаат перки. Лушпи /печени, солени, сушени, на жар/…Се консумира за пост.
МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ, МАСЛО, ПУТЕР Шарлаган /сончогледово масло/, Маслиново масло, Ленено масло, Масло од тиква, Маслац,Макеница
ЗЕЛЕНЧУК Зелје спанаќ, лобода, штавељ, ЛААНА перца од млад кромид, Зелка, киселец, горчливи тревки, коприва, чешен /лук/, сочиво /леќа, грав/, расол, јува, пресол, солило. Горчливи тревки се јадат со бесквасен леб во спомен на маките. Лозов лист, Ренов лист, Бамја, Кромид, Праз, Целер, Цвекло, Морков, Рдоква, Печурки, Тиквици, Ориз, Соја, Маслинка.
ОРИЗ Варен ориз, Сутлијаш, Пилав, Сарми со ориз (лозов лист, зелка, кисела зелка, штавел, ренов лист), зарзават полнет со ориз (кромид, праз,), коприва со ориз, тава ориз со месо
ВАРИВО, КАША, ЧОРБА, МАНЏА Вариво варена зелка, грав, ориз, зеленчук Манџа вариво со месо Чорба еден вид супа Пресол солена вода во која се ставаат крставици, риба, сирење…
ОВОШЈЕ Се јаде свежо, сушено, варено /понекогаш со леб/. Сува смоква препочитан дар.. Нека донесат суви смокви, нека ги изгмечат, нека ги стават врз чирот и Царот ќе оздрави … Лимон, Грозје, Мушмула, Јаболко, Костен, Крушка, Јагода, Дива јагода, Малина, Капина, Боз, Рибизла, Вишна, Цреша, Праска, Кајсија,Ѕерѕелија, Смоква, Слива, Шипка, Крушка оскоруша, Боровница, Дренка, Дудунка, Мали сливи /џенерики, Багрем, Афион, Урма, Црница
МЕД
Мед, Восок, Прополис, Саќе, Медовина.
ОЦЕТ
Оцетна киселина ферментирано вино или друго овошје… вински јаболков. Кога ќе се приближи времето за јадење, дојди тука, јади леб, топи го залакот твој во оцет. И таа седан при жетварите … За ублажување на болки пред смрт им се давало оцет…
ВОДА
Вода од цистерна
Крстена вода
Жива вода
Изворска вода
Животворна, чудотворна вода
ЗАЧИН, МИРУДИЈА
Млечка, Магданос /македон, македонец, демњаш, петружел, Камилица, Мајчина душица, Босилек, Нане, Ајдучка трева, Кантарион, Пелин, Невен, Дренки, Рузмарин, Бибер, Цимет, Капра Кумина, Буковец /сол, пипер, помешан со мелена пченка , Коприва /како мирудија со јак мирис /
ЧАЕВИ
Бел слез, Липа, Здравец, Имела, Нане, Кантарион, Копар, Мајчина душица, Ајдучка трева. Чаевите можат да се употребуваат како ладни исцедоци, пресуван сок, прав, екстрат, тинктура, облога, завој, бања, инхалација
ЗАМЕНА ЗА ЗАЧИН
Бибер копитњак/корен, дива цобра, папрац, лук белучок, ланенка, сремуш, кромид див лук, Зелен мачји шепи,моргруш, Ароматични билки дива чубрица, мајчина душица, плод од смрка, клека.
СОЛ
Вие сте солта на земјата. Но ако солта ја изгуби силата, со што ќе се осоли ? …
СЕМКИ
Тиква, Сончоглед, Семки од кајсии, Афион, Кикирики, Лешник, Леблебија, Бадем, Сусам, Рогач, Благун, Кардијан, Наут.
НЕБЕСКИ АНГЕЛСКИ ЛЕБ – семе кардијаново бело, по вкус како медено колаче, како кристал. Народот го собирал, се толче во вагањ, се вари во котли, се прави питулица подготвена со елеј.
ПИЈАЛОК
ПИВО жесток пијалок, ВИНО како божји благослов, Младо вино, Ново вино, Превриена шира
ШИРА Пресечен гроздов сок
КВАС / напиток/
МЕДОВИНА /фермертиран мед со вода , зачини /
РАКИЈА СИКЕР жестока напивка
ОЛОВИНА од р’ж, Р’ж, овес Овес,ј ечмен, царевка
БОЗА од просо /го дробеле наутро бедните кога немале подготвено јадење /
ГОРЧЛИВ ПИЈАЛОК /од растение со горчлив плод сврзано со пелин – за ублажување на болки/
Со виното се поврзани религиозни, обредни дејствија, потврда за силата на природата и нејзиниот плодотворен дух … Сад со ЖРТВУВАНО ВИНО представува чаша спасувачката крв на Христа… Виното се користело и како лек …. Употребувај малку вино поради стомакот и честите боледувања… На Христос му дале да пие вино помешано со измирна … Тешко им на оние кои рано утро бараат сикер, до доцна навечер се згорештуваат со вино, на нивните гоштевки има, гитара, гусле, тампани, кон делата на Господ тие не погледнуваат … Се дарува вино во манастир за здравје …
ПАСХАЛНА ВЕЧЕРА Печено јагне, бесквасен леб, вино, горчливи треви
ВЕЧЕРА, ГОЗБА 0брок одредена позната количина продукти како мерка за јадење
ЈАДЕЊЕ НАУТРО Појадок, закуска, утрина, кавајал
ЈАДЕЊЕ НАПЛАДНЕ Ручок, обед, пладнина
ОБРЕДНА ХРАНА ЛЕКСЕМА – храна дадена за душа, за помен на мртви или слава Варена пченица, засладена со мед, суво грозје КУЧА – варена пченица со зрна од благун, суво грозје за задушница што се раздава за душа
ОБРЕДЕН ЛЕБ – нафора, леб за причесна, леб за принесување во црква како дар.
ПОСТ – преку воздржување односно одрекнување од обилна храна од животинско потекло, како телесни, душевни задоволства, се обезбедува чистење од сторените гревови. Пречистувањето се состои од црвено вино, /што ја симболизира крвта на Христос/, нафора /го симболизира телото на Христос/. Со ова се постигнува најголемата цел на секој христијанин – се соединуваме со телото на својот Бог.
СТРОГ ПОСТ – подразбира јадење сув леб, вода
ВИД НА ЈАДЕЊА
Супи /зеленчук, месо, расол, коска, пилешки нозе/ Чорби /јагнешка, шкембе, лук, зелка, целер, риба, пиле, говедина, телеско/
Каша ајмакац, сос, Салати /урнебес, зелка, цвекло, таратор, праз, целер, жетварска, топеница, попара, пача, кромид, лук, макало/ Јадења /варива, динстано, тава, грне, турлитава, селско, чомлек, лоза, лобода, спанаќ, ренов лист, зелка, тиквици, печурки, праз, моркови, јаре, пиле, свинско, јунешко, изнутрица, јагне, глави, коленици, суво месо,
Слатки /разни видови слатка, сушено овошје, кајмакчиња, раванија, сутлијаш, медењаци, полнето сушено овошје, печено овошје,
Пијалак /пиво, вино, ракија, медовина, изворски води, природни сокови /
Чаеви: четинарски иглици, липа, бреза, бозел, шипка, дренки, боровница |