македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт

Лекот ни е на дофат
Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти, имаат превентивна улога кај ракот на простатата, дури и го успоруваат. Го намалуваат ризикот од рак на кожата. Всушност, калинките го успоруваат развојот на туморот. Калинката го помага протокот на крв, го балансираат нивото на холестерол во крвта. 
Оловина

Ржен леб

Трмка


РЕЦЕПТИ


ПОТПЕЧЕН ЛЕБ СО ЛУК. Лук, масло, парчиња леб се печат во рерна.

НАФОРА. Леб печен на плотна, се сече на коцки, се ренда сирење.

ЧОРБА ОД ИКРА. Икра, глава, опашка, млечка од риба, 2 лажици брашно, сол оцет. Икрата се трие со дрвена лажица со брашно се додека не стане млечна маса. Се додава оцет. Во вода се варат останатие делови, кога ќе се свари чорбата, лажица по лажица се додава млечика и икра.

ЧКЕМБЕ ЧОРБА. 1,5 кг. чкембе, малку вино, китка керевис, лук, црн пипер, сол, брашно, масло. Шкембето се сече ситно, се вари со вино, се додаваат додатоците. Се прави запршка, се додава во чорбата, се вари уште малку.

ЧОРБА ОД РЕЧНА РИБА СО КИСЕЛЕЦ. 4 риби, 1 кг киселец, 1 рака ориз, 1 јајце, 1 лажица брашно, 1 страк праз, филџан масло, сол. Во масло се пржи праз, се додава 1,5 л вода, сол, издробен киселец. Рибата се чисти и валка во брашно се пушта во врела вода. Се вади и чисти од коски, се додава ориз и се вари уште 10 мин. Јајцето се мати со лимон и полека додава во супата.

ЧОМЛЕК. 600 г телешко месо, 500 г ситен кромид, лук, вински оцет, сол, масло. Во грне се вери 3 часа целата смеса со ситно сечено месо.

КАПАМА СО ЛОЗОВ ЛИСТ. 1 кг. јагнешка плешка, 500 г млади лозови листови, 10 страка млад кромид, 1 лажица брашно, масло, кисело млеко, зачински билки /магданос, нане, копар, сол, црн пипер, лук. Месото на парчиња се пропржува, се додава кромид, лозов лист исечен на ленти, /предходно бланширан, зачин, лук. Се динста. По желба се додава запршка.
                                                                                          ДОМАШНА АЛВА. 250 г масло, 6-7 големи лажици брашно, 400 г шеќер, ванила. Во загреано масло се пржи брашно додека не добие жолта боја. Се прави шербет и се додава во пржење, со лажица се вади.

ЧОРБА ОД МЕСО НА ДИВЕЧ СО ПЕЧУРКИ. Ситни парчиња дивеч, на коцки исечени печурки, се вари во лонец со вода, се додава зачин, на загреано масло се прави запршка.

ЧОРБА ОД ПОТОЧНИ РАКОВИ. Во превриена вода се ставаат исчистени ракови, се врие околу 15 минути да поцрвени, се исфрлаат изнутрици, глави, се чисти месото
и во исцедена варена вода се додаваат исечкани печурки, месо од рак, се додава зачин, се прави запршка.

САЛАТА ОС СУСАМ. Се состои од спанаќ, зелје или коприва, сирење, сусам, масло, сок од лимун.

САЛАТА ОД ЗЕЛЕНЧУК. Комбинација од спанаќ, зелје, лобода, коприва /прелиени со врела вода/, сирење во ливчиња, крушка, диња, праска /коцки/, ореви, бадеми, лешници, семки од кајсии, леблебии, масло.

СЕЛСКИ СПАНАЌ. 1 кг. спанаќ, 2 лука, 150 г. сува сланина, 2 кромида, вински оцет, црн пипер, потпечено во рерна.

ПОЛНЕТО СУВО ОВОШЈЕ. Сувото овошје /слива, кајсија, праска, смоква/, се чисти, се полни со, рибизла, дренка, боровинка, капина, малина. 

ВАРИВО ОД БИЛКИ. Билките /цикорија, чичак, масличок, тратинче, див радич, вилино сито, сушак и др. главучци/, се мијат во ладна вода за да пуштат горчина, се цедат, сечат на ситни делови и стават во превриена вода. По 20 мин, се солат, зачинуваат, посипуваат  со масло.
                                                                                             ВАРИВА ОД  КОМОРАЧ. Одбрани дрвенести делови се мијат, сечат на мали коцки, се варат 30-45 мин. Јадењата се повкусни ако се запржат.

ВАРЕНА ГОМОЉ. Гомољ, се мие, чисти, уште еднаш мие, се става во превриена вода да се вари околу  час и пол. Потоа се вади, соли, додава зачин.

КОЗЈО СИРЕЊЕ ВО МАСЛО. 1 кг козјо сирење, сол, 300 г црни маслинки, 4 чешњи лук, 2 главици кромид, коморач, 200 г шампињони, бел вински оцет, лажиче шеќер, 4 дафинови листа, 4 гранчиња сува мајчина душица, црн пипер, маслиново масло. Сирењето се сече на коцки. Зарзаватот на кругчиња. Оцетот во кој е додадено исто количество вода,се додава  шеќер, дафинов лист, се вари. Се додава зеленчук се  вари уште 5 мин, се процедува. Во тегла се реди сирење, зачин и  залева со масло.
 
ПРЕДЈАДЕЊЕ. 150 г карфиол, 100 г морков, 60 г афион, 100 г сланина, 80 г путер, 120 г струган кашкавал, 3 јајца, 250 г брашно, пециво, 0,2 дл бело вино, сол, црн пипер. Се пече на 200 степени.

ПОЛЖАВИ. На жар со лушпи, Ражњичи од полжави, Варени полжави, Конзервирани /во јама покриена со лисје, хумус, се ставаат, се закопуваат со куќички  со земја, овака можат да седат неколку месеци /. Сушени. Се варат, само стопалото се остава во саламура 24-48 саата со 3% сол, зачини. Се цедат се сушат на прачки. Се оставаат во добро проветрена амбалажа. Пред употреба се мијат. После саламура може да се конзервираат или димат.

КАШАНИК. Специјалитет што во Вевчани се правел особено за празникот Василица бил познатиот Кашаник. Се замесувал со крстената (светена, пејана) вода. Кашаникот се правел утрото на Василица, 14 јануари (н.с.) во него се ставала паричка и тој што ќе ја најдел при делењето на храната се сметал за најсреќен во текот на престојната година. Кашаникот е некиснато тесто, мешавина од пченично брашно со квасец. По месењето тестото веднаш се пече во бакарна тепсија или черепна (црепна) со сач (вршник). За печењето на кашаникот е потребна и пирустија. Тепцијата се подмачкува со свинска маст (сало), сега тоа се прави со зејтин, потоа се полева со една губа (кора) од замесеното тесто. Потоа се става на пирустијата под која има жарје. Врз тепцијата се става сачот којшто претходно е вжарен на огништето (кланикот). Вака губите се печат една врз друга додека кашаникот е готов. Кашаникот е вевчански специјалитет што редовно се служи на гостите на Василица. Се служи со луканки (вевчански колбаси) и со кисело млеко.


ЖЕЛКА. Чорба од желка, се сече глава, ноги, опаш, Се вади оклоп, телото се чисти од изнутрица, се сече на мали парчиња, соли, става во сад со вода се вари додека не омекне. Се вади, динста околу 15 мин., става брашно, налива вода во кое била варена желката, става зачини, вари уште 15-20 мин.

ЗЕЛЕНА САЛАТА СО РДОКВИ. 250 г. зелена салата цели листови, 100г. рдокви на кругови, 40 г. масло, оцет, сол.

СЛАТКИ ОД РОГАЧ. 4 јајца, 300 г. шеќер, 100 г. мелен рогач, пециво, 10 лажици студена вода, 200 г. брашно, се пече, се посипува со ситен шеќер.

РАВАНИЈА СО МАЏУН. 500 Г. маџун или мед, 2 грста гриз, малку брашно, пециво, 1 грст толчени ораси, сето ова се меша, се пече.

МАСЛЕНА ПОПАРА.
500 г. вода, 2 грста парчиња од сув леб, 3 лажици масло, 100 г. овчо сирење, сол. Водата се остава да зоврие, се додава леб, масло, сол. Се додава издробено сирење. Се јаде со кисело млеко или јогурт.

СЛАНУТОК - Квасец. Истолчен слануток, се додава топла вода. Се остава во топло да преноќи. Се формира квас со фатени меурчиња.

КАЈМАКЧИЊА. 8 јајца, 8 лажици шеќер, 1 л млеко. Сето тоа се пече.

ПЕЊАЛИИ. 1 кг. младо несолено сирење, 2-5 грста шеќер, 250 г. путер, 1 јајце, 4 жолчки,  пециво. Се меша сирење, шеќер. Се меша посебно путер, јајце, жолчки, пециво. Се меша се, се додава гриз, се излива во плех. Се премачкува со сматена белка, се пече.

СОК ОД БОЗЕЛ. 40 цвета од бозел, 4 л вода, 50 г. винска киселина. Цветовите се мијат, наливаат со вода и оцет. Треба да одстојат 24 часа. Потоа се процедува, додава шеќер, се  остава уште 24 часа да одстои.

СОК ОД КОПРИВА. 7 струка млада коприва и 1 кг. лимон, се става да одстои 24 ч.  во 10 л. вода. Потоа се процедува и се остава да одстои уште 24 ч со 1 кг шеќер.

РОЛАТ ОД КОСТЕНИ. 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици пасирани костени. За фил 100 г путер, 100 г шеќер, шеќер во прав, 3 лажици пасирани костени. Изматени жолчки, шекер, костен, се додава снег од белка, се пече. Пенасто се спрема фил, се завива во ролат, се посипа со шеќер во прав.

ШАРЕНА ЧАША ОД КОСТЕНИ. 1 кг пире од костени, 100 г шеќер, слатка павлака, мармаладе од шипки, малку мелени ореви. Во пошироки чаши се реди пире /шеќер, ванила, костен/, мармалада од шипки, слатла павлака, на крај се додаваат мелени ореви.

ЕСЕНСКА САЛАТА
12 варени костени, 2 кисели јаболка, 6 маслинки, 1 тврдо варено јајце, 4-5 лажици матена жолчка разредена со бело вино.
 
СИРУП ОД ГРОЗЈЕ СО МЕД. 2 кг. благо бело грозје, 1 грозд црно грозје, сок од лимун, 70 г. шеќер, 50 г. мед, 1 чаша лозова ракија. Сок од грозје се меша со мед, шеќер, лимун, ракија. Се става во шише, се пастеризира 18 мин.

ЧОРБА ОД ЛЕЌА. 300 г леќа, 40 г маст, 20 г брашно, црн пипер, сол. Ставете ја леќата да омекне. Се прави запршка. Варената леќа се пасира, меша со запршаката, налева со супа се вари уште 15 мин.

ТИГАНИЦИ. 1 кг брашно, 100 г масло, 150 г ореви, сол, вода. Се прави тесто за палачинки, се пржат, се пече на плотна од двете страни. Во 1л. вода се додава ореви, масло, сол, чешне лук се става на оган да врие, се реди во тава ред тесто, ред фил, на крај фил, се сече на коцки.


МАКЕДОНСКА ПОГАЧА. 3 јајца, 100 г јогурт, 50 г кравјо сирење, 18 лажици остро брашно, 5 лажици масло, пециво. Добро измешано, јајца, јогурт, масло, иситнето сирење, пециво и  на крај брашно. Тепсијата се мачка со масло, се става тестото да се пече 1 час.

КРАВАЈЧЕ. 6 грста брашно, 2 јајца, 1 чаша шеќер, 1 винска чаша масло,  20 г квасец, сол. Сето ова се замесува со млака вода. Се остава да кисне два пати. Се прават кравајчиња, се шара со вилушка, во подмачкан плех се пече во добро загреана рерна.

МЕКИЦИ. 1 кг брашно, 30 г квасец, 800 г млеко, 3 жолчки, масло, сол. Се става квасец да стаса. Се додава во брашното, жолчки, сол, се замесува со млеко, се остава да кисне, се меша со дрвена лажица и остава повторно да кисне 2-3 пати. Се загрева масло, со наводенети раце се вади и растегнува мекица, се пржи.

МЛЕЧНИК. 600 г брашно, 1 л млеко, 10 јајца, маст, сол. Три кравајчиња се сукаат, печат на плотна, се стават во салвета. 5-6 кравајчиња се сукааат, се мачкаат со маст, се  засукува кора и се пеќе во плех. Издроби ги печените кори, залеј ги со изматени јајца, млеко, сол, ставете друга кора одозгора, завиткајте ги краевите. Одозгора се става растопена маст, се пече.

МАНТИИ. 1 кг брашно, 1 јајце, 4 лажици масло, 2 лажици оцет, 2 пакета маргарин, сол. За фил 300 г сирење, 2 јајца. Се меси тесто со ладна вода, со сите состојки, да се меси малце потврдо. Се мати маргарин со 3 кг. брашно, се дели на три дела.  Се сука тесто и се премачкува со 1/3 од маргаринот, се витка како лиснато тесто. Се повторува уште двапати. Се сечат парчиња 10 на 10.  Во средина се става фил, се витка во триаголник, се мачка со матено јајце, се пече.

МЕСО СО СУВИ СЛИВИ. 1 кг. телешко, 2 главици кромид, 1 кг. суви сливи, сол, масло. Месото се сече на коцки, се става да се вари со масло. Се пржи кромид со варено месо, се додаваат сливите и се налева со вода, се додава сол, се вари додека не омекне.

ПРЖЕНО СВИНСКО МЕСО СО ПРАЗ. 500 г свинско, 3-4 страка праз, црн пипер. На парчиња се сече свинско месо, се пржи на масло. Се додава праз исечен на покрупни парчиња /истово може да се пече во рерна/. Се сервира со варен ориз, тесто, пире од спанаќ, салата.

ЈАНИЈА СО СУВИ СЛИВИ И ПРАЗ. 500 г свинско, 3 – 4 страка праз, 250 г суви сливи, масло, сол. Се пржи сецкани коцки месо, се додава праз крупно сечен, се налева топла вода. Се вари додека не омекне, се додаваат суви сливи /измиени, потопени во топла вода/. Се вари на тивок огин, да не биде водлесто.

ЈАГНЕШКО СО КОПРИВИ. 700 г јагнешко, 1 г кромид, 120 г маст, 1кг брашно, 200 г кисело млеко, црн пипер, 200 г коприви. Ситни парчиња месо се пржат, се додава кромид, брашно и се пржи. Се додава сол, црн пипер, се налева вода. Копривите се варат со солена вода, се додаваат на месото. Се сервира со кисело млеко.
 
ПОЛНЕТО ЈАГНЕШКО. 1 јагнешка плешка, 1 јагнешки дроб, 2 г. кромид, 1 филџан ориз, 1 рака суво грозје, магданос, црн пипер, сол, 2 – 3 јајца. Во џепот од јагнешкото се става предходно сварен дроб, сецкан кромид, ориз, суво грозје, црн пипер, магданос, јајца. Се шие и се пече во рерна.

ПИЛЕ ВО ЈУФКА. 1 пиле, 250 г јуфки, 200 г маст, 2 г кромид, магданос, сол. Се сече пиле, вари, реди во тава, се ставаат искршени јуфки, се додава испржен кромид, се прелива со водата во која се варело пилето, се става ситно сецкан магданос, и се пече во рерна 20 мин.

ТЕЛЕШКИ ЈАЗИК ПОПТПЕЧЕН. 1 телешки јазик, 1 врска зелен, 1 г кромид, 1 – 2 л бело вино, 50 г сланина, 30 г брашно, трошки, маст, црн пипер, сол. Јазикот се вари со зелен, вино, се чисти од кожата. Во резовите се става сланина, зеленот се пасира.

ТЕГНЕТА ПИТА. 1 кг брашно, 1 филџан масло, половина квасец, сол, сирење, (спанаќ, праз), 1 јајце. Се замесуваат брашното, маслото, малку сол и половина квасец. Откако ќе се замеси тестото, се дели на 8-10 парчиња. Секоја кора по малку се расукува, се мачка со зејтин, и одоздола и одозгора, и се остава да постои 15 мин. Потоа се тегне, а краевите се сечат. Се попрскува само малку со зејтин и се става фил по желба (сирење со јајце, спанаќ или праз). Се пече во загреана рерна.

МАТЕНИЦА СО ТИКВИЧКИ. Околу 1 кг тиквички · сол · 3 јајца · 50 г кајмак · 500 г брашно · млеко · маст. Потребни состојки за прелевање: · 1 јајце · 100 г кајмак. Исчистените тиквички се сечкаат на коцки, се посолуваат и се оставаат да се цедат. Одделно се матат 3 јајца, се додаваат исцедените тиквички, 50 г кајмак и пченкарното брашно. Се додава толку млеко за да се добие ни густо ни ретко тесто. Се пече во тепсија во која има стопено лажица маст. Кога е печена, се вади од рерна, се сече на парчиња, се прелева со матено јајце со кајмак, и се враќа да се допече. Се служи топла.

ГАЛИЧКА ШНИЦЛА. 800 гр. месо свинско од шол, 120 гр. галичко сирење, сол, Месото се сече како за шницли. На секоја шницла се става по 30 гр. сирење, се ролува и се пече на плотна. Кога ќе се испече шницлата се гарнира со зарзават, а одозгора се ренда галичко сирење.

РОЛАТ ОД БЕЛО ПИЛЕШКО МЕСО. Потребни состојки: · 1 пиле од 1,800 кг · 200 г печурки · 200 г сува сланина · 2 дл /една чаша / бело вино · 1 лажица брашно · 1 лажица  сол · 1 дл масло · 1 китка магдонос · 1 сварен морков · 2 лажици кисела павлака , црн пипер. Од пилето се вади белото месо, се одвојува од коски, а останатото месо, посолено се вари додека да омекне. Потоа се вади од супата, се става во тава, се прелева со 1 дл масло и се пече во рерна околу 20 мин. на температура од 250 степени. Печеното месо се одвојува од коските и ситно се сечка. Се зема маснотијата во која се печело месото и на неа се пропржуваат печурките, потоа се додаваат сечканата сланина, една лажица брашно, сол, црн пипер, вино, исечканото пилешко месо, павлаката, морковот и магдоносот. Смесата се изедначува, се покрива со капак и се става на оган околу 5 мин. Со оваа смеса се полнат кошнички.

СВИНСКО ПЕЧЕНО МЕСО СО КОЖИНКА. 2 кг. свинско месо - рбет или бут сол 100 гр. свинска маст. Парчето свински рбет со кожинка се става во врела солена вода малку да се обари. Кожинката треба да биде на долната страна. Месото треба да е од младо, не мрсно прасе. Кога е веќе обарено, месото се става на штица и со остар нож се засечува кожинката во вид на ромбови. Така засечено, месото се пече 1-2 часа во рерна. Додека се пече, постојано се прелива со сокот. Кога е месото печено, кожинката треба да биде крта и пожолтена. Печеното месо се служи со салата од зелка и печени компири.

ЈУНЕШКО ПЕЧЕНО СО ЗЕЛЕНЧУК. 800 гр. јунешко месо, сол, црн пипер, 100 гр. сланина, 3 главици кромид, 3 моркови, 1 целер, лорбер, пола чаша вино, 6 лажици оцет. Посолете го добро месото, ставете му црн пипер. Садот во кој што ќе го печете месото обложете го со листови сланина а одозгора распоредете на тркалца исечен лимон, морковите и лукот како и на коцкички исечениот целер. Ставете го лорберот спуштете го месото и налијте го со вино (може и со супа). Поклопете го садот и печете го два часа. Сокот од печењето процедете го ставете му милерам и служете го со печењето.

ЗАПЕЧЕНО ШКЕМБЕ. 1,5 кгр. шкембе, масло, магдонос и сол. Исчистете го шкембето, исечете го на поголеми парчиња и ставете го во сад со вода да се вари. Ставете ја оваа смеса по можност во земјена тава. Врз неа наредете ги парчињата од шкембето. Посипете го јадењето со сол, црн пипер и исецкан магдонос и ставете го во рерна да се пече. Од преостанатиот булјон и зеленчук пригответе чорба од шкембе со додаток на блага запршка и ситни парченца од шкембето.

СОЛЕН МЛЕЧНИК. Потребни состојки: · 500 г брашно · 6 јајца · 300 г сирење со · малку млеко · масло и сол. Во брашното додајте малку сол и замесете тесто како за пита. Од тестото расукајте кора дебела еден прст и ставете ја врз подмачканата тепсија. Изматете ги јајцата, додајте малку млеко или вода, а потоа ставете го сирењето, ситно издробено, и сето тоа посипете го врз кората - претходно попрскајте со малку масло. Врз јајцата ставете малку искршени јуфки, попрскајте ги со масло и ставете го солениот млечник да се пече.

ШКЕТО СО ЈАГНЕШКО МЕСО. 500 г. јагнешко месо, исечено на парчиња - 1 главица кромид - 2 моркови - 2-3 струкчиња млад кромид - 2-3 китки магдонос  - 1 лажица брашно, бибер и сол. На 2-3 лажици загреано масло се пропржува јагнешкото месо, од сите страни за да се зацрвени. Додајте го ситно исецканите кромид и моркови и динстајте околу 10 минути, внимавајќи да не загори. Кромидот треба да се карамелизира. Додајте го белиот дел од младиот кромид, ситно исецкан, динстајте околу 5 минути, па потоа додајте го зелениот дел од кромидот. Пропржете се заедно околу 5 минути. Магдонос измиен, исечете го ситно, како за салата и ставете го во месото и кромидот. Залијте со малку вода, колку да се покрие месото. Оставете да зоврие, и нека се вари на тивка температура додека не се свари месото (околу 30 минути). Во мала каша со вода додајте го брашното, солта и биберот, исмешајте со лажица и ставете во тенџерето со месото. Оставете да врие заедно додека се згусне сокот (околу 5 мин.) Се служи топло. Вариација: Може да се додаде и малку спанаќ со магдоносот.

ГРАВ КОРАНИК. 1 кг брашно – 1/2 л млака вода – 2 лажици сол – 300 г маст Фил: се подготвува од веќе сварен и зачинет грав од кој е извадена водата Начин на подготовка: Тестото се замесува од 1 кг брашно, 500 мл млака вода и две лажички сол. Тестото се меси додека не се изедначи смесата. Потоа, тестото се дели на 36 топчиња кои се покриваат со чиста крпа да стојат 10 мин. Топките се развлекуваат со сукало и се премачкуваат со масло. 4 сукани кори се ставаат една врз друга на чаршаф и од нив се развлекува со раце една кора која се става во тепсија и се пече 3-4 минути на температура од 200 степени. Истата постапка се повторува со уште 9 кори. Запечените кори се ставаат во тепсија, се премачкуваат со маст и се додава филот од грав на секоја трета кора. Кога сите кори ќе бидат употебени се сечат на парчиња (во облик на баклава или коцка) и се печат околу 20 минути на температура од 200 степени.

РЕЧКА ПИТА 1 кг брашно – 1/2 л млака вода – 2 лажици сол – масло за јадење Фил: – 300 г сецкани ореви: Тестото се замесува од 1 кг брашно, 500 мл млака вода и 2 лажички сол. Тестото се меси  додека не се изедначи смесата. Потоа, тестото се дели на 16 топчиња кои се покриваат со чиста крпа да стојат 10 мин. Топките се развлекуваат со сукало и се премачкуваат со масло. 4 сукани кори се ставаат една врз друга на чаршаф и од нив се развлекува со раце една кора, што е можно поголема. Истата се попрскува со масло и сецкани ореви и се превиткува во облик на квадрат. Следната кора се растегнува и се попрскува со масло и сецкани ореви и во средина се става предходно направената кора и повторно двете се превиткуваат во облик на квадрат. Иста постапка се повторува и со останатите две кори, додека не се добие саканата големина (рецептот е за голема тава). Се пече околу 40 минути на температура од 200 степени. Просторијата во која се подготвува питата треба да е затоплена.

ПИЛАВ. 500 гр ориз, 1 л вода, 150 гр путер, сол. Во зовриена солена вода се става оризот кој се вари со повремено мешање. Кога ќе се свари, оризот се цеди низ цедалка и се става под млаз студена вода. Во меѓувреме, путерот се загрева до зовривање и се става во сварениот ориз, убаво се меша и пилавот е готов за послужување.

КОЛАЧ СО ОРЕВИ И СМОКВИ.  2 јајца, 180 гр. шеќер,100 гр. путер, 100 гр. сецкани ореви, 100 гр. сецкани суви смокви, 1 прашок за пециво, брашно по потреба, ванила и шеќер во прав. Изматете ги добро јајцата со шеќерот. Додајте го маргаринот и оревите како и сецканите суви смокви. Ставете го прашокот за пециво и додавајте брашно по потреба да добиете меко тесто. Ставете го тестото во подмачкано плехче да се пече. По печењето додека е уште топло исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав во кој претходно сте ставиле ванила.

ПИТА СО ЈАБОЛКИ. 250 гр. брашно, 120 гр. путер, 2 јајца, 70 гр. мелени ореви, кора од лимон За филот: 1 кг. кисели јаболка, 120 гр. шеќер, 125гр. слатка павлака, 1 ванила. Измијте ги јаболките, излупете ги и исецкајте ги ситно. Посипете ги со шеќерот, додајте вино и пропржете ги додека не омекнат, оставете ги да се ладат. Замесете го тестото и оставете го на ладно место малку да отстои. Ставете го тестото во подмачкан плех и развлечете го до дебелина од два сантиметри, а потоа ставете го да се пече во загреана рерна. Исеченото тесто премачкајте го со спремениот фил. Изматете слатка павлака и прекријте ја питата.

ТАВЧЕ ГРАВЧЕ НА ТЕТОВСКИ НАЧИН.Тетовски (или покрупен) грав кромид, масло, брашно, црн пипер, нане, магданос, лук. Измијте го гравот и сварете го. Внимавајте да не се развари, зрната треба да останат цели. Исцедете го, но не сосем, треба да остане малу вода, потоа додајте малку пропржен ситно сецкан кромид со повеќе масло. Вака приготвениот грав ставете го во плех или во земјена тава, залејте го со маслото, посипете малку брашно и ситно исецкан магданос и нане. Додајте црн пипер и по желба неколку чешниња лук. Вака приготвеното тавче ставете го во рерна да се пече.

ТЕЛЕШКА ЈАНИЈА СО СПАНАЌ. 1 кгр. телешко месо од градите, 1 кгр. спанаќ, 2 главици млад кромид, масло, брашно и сол. Исечете го месото на парчиња, ставете го во сад, налијте студена вода колку да се покрие месото а потоа варете го. Во друг сад на масло пропржете го кромидот - ситно исечен, потоа додајте го спанаќот исчистен и ситно исечен, пропржете го додајте една лажичка брашно, се добро промешајте и се ставете во месото откако тоа ќе биде наполу варено. Посолете го јадењето, поклопете го и ставете го во рерна или на крајот од шпоретот малку да прокрчка. Готовото јадење треба да биде без многу сос.

СПАНАЌ CO ВАРЕНИ ЈАЈЦА. Половина килограм спанаќ, сода бикарбона масло, брашно, 3 лажици кисело млено, јајца, црн пипер, сирење и сол. Исчистете половина килограм спанаќ, измијте го и ставете го да се вари. Во варењето додајте му сода бикарбона за да ја задржи зелената боја. Откако ќе се свари спанаќот исцедете го од водата и сомелете го на машина за мелење месо. Во сад ставете масло и испржете една лажица брашно да добие црвеникава боја, потоа ставете го пржениот спанаќ, додајте сол и црн пипер и шест лажици кисело млеко. Се измешајте добро и ставете го во садот во кој ќе го печете јадењето. Одозгора ставете три тврдо варени јајца, исечени на половинки и иситнето сирење, печете го јадењето 15 минути. Служете го додека е топло.


ТЕЛЕШКИ ШНИЦЛИ НА ШАРПЛАНИНСКИ НАЧИН 6 телешки шницли, 150 гр. овчо сирење, 100 гр. кашкавал, 150 гр. кајмак, 3-4 страка магдонос, главица кромид, 3 јајца, црн пипер, сол. Ситно исечканиот кромид помешајте го со кашкавал кој претходно сте го исечкале на ситни коцки, кајмакот иситнетото сирење. На оваа смеса додајте црн пипер, и јајца и измешајте се убаво за да се изедначи смесата. Шницлите исчукајте ги на среде на секоја шницла ставајте соодветна количина од смесата. Преклопете ја секоја шницла на половина и причврстете ја со чепкалка да не испадне филот и печете ги на скара од двете страни.

МЕЗАЛ’К. (Јагнешки или Телешки) Потребно: Џигер (црн и бел), шкембе и цревца (јагнешки или телешки). Џигери и очистено шкембе исечев се на траке дугачки 12 – 15 см и дебели како мал прст. Текој исечени посолив се, побиберив (a може да се стави и црвен пипер), па се зимав неколко траке, и се смотуев у снопче и текој заедно се замотуев с’с добро измиени и превртени цревца. Текој направени редив се у подмачкано тавче, додава им се исецкан лук и магданос, и тавче се испунуе с’с топлу воду док не се покриев. Тавче се ставлја у рерну и се печев. Служив се у исто тавче у кое су и печени.



Шкето со магдонос
КРАЛЕМАРКО ХРАНА...

Зимница...

Витаминот Е

Oргански мед

Медот е изложен во ТЦ „Рамстор“ со цел популаризација на домашната органска храна, која се произведува без употреба на синтетички ѓубрива, пестициди, хормони и додатоци. На полиците во овој супермаркет органските производи се обележени со посебен знак за да бидат препознатливи за потрошувачите.
Видови на леб

Зрната се чукаат со аван иле се мелат помеѓу две камења. Се маша со вода, сол, / се пече врз загреани камења, на решетка или во печка/, кружни плошки. Квасецот се додава во тестото, истиот нараснува за време на печењето на лебот.
ГАЛИЧКИ КАШКАВАЛ

Денес сите потомци се иселени во Скопје. Куќите се претворени во викендички и најмногу народ има летно време. Зиме Галичник е непристапен и празен. Постојани жители се само две семејства.
Лозје

- Кој ќе пиет од виното што ќе го родит лозјево потроа да бидит кроток и весел како рудо јагне, кој ќе пиет поеќе да бидит како ѕвер (арслан) јунак и страшен, а кој ќе пиет од мерката надвор за да препиет, да паѓа по земи и да се валка, како свиња во тиња, со него сиот свет да се шегуа.
Лек директно од природата

Во „мала фабрика“ покрај кремови изработуваат и капки од матичен млеч, кој се комбинира и со самиот мед, саќе кое, покрај мед, во себе содржи и витамини и минерали, прополис и овчеполски шумски и цветен мед.
Коприва

Копривата спаѓа во категоријата на многу лековити растенија и затоа многу се користи во народната медицина. Содржи и големо количество танини и затоа дејствува како благо средство против дијареа. Добар стимулатор е на органите за варење, го смирува крварењето на носот, матката и уринарниот тракт.
Oриз

Околу нивата прави насип, за да се задржи водата, со отвори за влез и излез на водата. Тие отвори се викаат дајами. Кога ќе се посее оризот, се пушта вода во висина од две педи.