македонски | српски
Прва страна
Историја
Песни
Приказни
Записи
Легенди
Трезор
Мудрости
Митологија
Традиција
Топоними
Марков Манастир
Прилеп
Матка
Охрид и Струга
Порече и Полог
Битола
Села
Скопје
Кратово
Јасен
Култура
Пештерни цркви
Тврдини
Места до 14 век
Сликарство и Музика
Цркви до 14 век
Почеток
Етнологија
Монашки ќелии
Настани
Природа
По патеките на природата
Водопади
Пештери
Водни живеалишта
Планини
Природни реткости
Вулкани
Поддршка
Скрб и утеха
Стрип
Романо Ило
Фото галерија
Туризам
Сувенири
Крале Марко Храна
Патувања
здружение на граѓани KINGMARKOLAND
Детски Марко
Контакт

31 јануари
Свети Атанасиј Велики
Во селото Лешок постојат две цркви посветени на светецот Атанасиј - едната е од постар, а втората од понов датум. До старата црква која денес е во урнатини, може да се стигне по патот што води кон с.Брезно. Таа датира од XIV век. Ѕидана е на византиски начин од камен, тула и бигор, а подот е покриен со мермерни плочи. Неколкуте сочувани мермерни столбови од иконостасот со капители украсени со човечки и животински глави се наоѓаат во Музејот на Македонија.

Итар Пејо

Еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели. Итар Пејо, некаде познат и како Итроман Пејо или Итар Пејо - Мариоец е обичен сиромашен македонски селанец од Мариово кој се одликува со извонредна итрина, мудрост и снаодливост. Во приказните за него тој секогаш на итар начин им се оддолжува на тие што сакаат да му наштетат (обично турските големци), а неговите постапки често изнудуваат смеа и почит кај читателите. Најчест соперник во приказните на Итар Пејо е Насредин Оџа, а Итар Пејо често ги насамарува и лакомите селски попови. За него има преку триесетина приказни кои во збирката “Итар Пејо“ најпрвин ги има собрано писателот Стале Попов (познат хроничар и раскажувач на Мариово). Последниве години на неколку пати повторно се издаваа дополнети збирки со приказните за Итар Пејо, а дел од приказните за него се преведени и на неколку странски јазици. Дел од приказните и доживувањата на Итар Пејо се и екранизирани (снимени). Според некои кажувања, личноста Итар Пејо навистина постоела и била од мариовското село Градешница.

Рибина Чорба

Тргнал Пејо еден петок со своите Мариовци на Пазар. Одејќи така патем, видел една бара во која имало доста риби, па бидејќи бил петок, не се мрсело, решил Пејо да направи ручек со риби. Но барата била длабока и рибите не се фаќале да ги испече Пејо, та така почнале сите да јадат леб и кромид. Пејо си вели како насебе: -Е, и ова не е право. Гледај риби, -јади кромид, -па како да се присети нешто, скокна од местото, ја извади лажицата од торбата и им вели на другарите:
-Лажиците, бре другари! Не гледате колку рибина чорба има пред нас, а ние јадеме леб и кромид, -и сам седнал до барата и почнал да срка од водата во која се префралале слатките мренчиња -крапчиња и разни други риби. Селаните го послушале и се наредиле окулу барата, та се насркале од “убавата” и “слатка” “рибина чорба”.

Итар Пејо и Стариот Арамија

Некој си прочуен арамија слушнал за итроштините на Пеја итроманецот и решил да го испроба во својот - арамискиот занает. Го нашол еден ден во чаршија и му предложил да го научи да краде. -Добро, -му одговорил Пејо, мислејќи си во себе дека не е лошо човек да знае нешто повеќе, и тргнал со арамијата.
Подкраднале што подкраднале ситни работи по чаршијата, отишле и во село. И тука украле по некое јагне, јаре, кокошка, јајца и арамијата видел дека ќе го бидува Пеја и за оваа работа, решил да го подложи на најзрел испит па му рекол:
-Знајш што Пејо.Ти го испече донекаде мојот занает , но денеска треба уште нешто да ти кажам и да те испробам , па ако излезеш и тука како што треба, ќе ти дадам диплома од занаетот . Ене ондека на врбана има страчкино седело, во него има јајца на кои лежи страчката. Гледај ти како ќе ги украдам јајцата, а да не сети страчката и да летне. -И се качи стариот арамија, го продупил седелото одоздола и ги украл сите јајца на страчката без да го забележи и да летне.
Арно ама, во тоа време Пејо се качил по него. Дури арамијата занесен во кражбата, Пејо му ги одврзал бечвите и полека му ги избутнал , та слегол и ги скрил во трњето крај врбата. Кога слегол арамијата и се видел без бечви, му ја подал раката на Пеја и му рекол: -дај ми ги, Пејо бечвите и оди ми си со здравје. Го положи и овој испит одлично. Така Пејо добил уште еден занает, но никогаш со него не се користел зашто не бил арамија по душа.

Итар Пејо и Селаните Риболовци

Тргнале еден ден неколку селани мариовци да одат на Црна да ловат риби. Ловеле што ловеле, си кинисале да си одат дома. И таман на неколку чекори реката привикал: -Море селани, ние ловевме риби се буткавме по површината на водата, но којзнае дали не се удави некој од нас.
Не правиме лошо да се преброиме. Го одобриле сите предлогот и застанале, а предлагачот почнал да брои. Еден, два, три ,четири… дотерал до осум. Ами чаре, - извикал тој. -Ние тргнавме девет, а се враќаме осуммина. Значи еден од нас се удавил! -Констатирал бројачот. Почнале сите да бројат -осум па осум . Ниеден од нив сам не се броел и си тргнале кон селото и си заплакале. Еден се удавил денеска во Црна, ама кој е и самите не знаат. Оделе што пооделе ги сретнал пејо и ги видел уплакани и ги прашал: -Што така сте уплакани, бре кршоборци?
Овие му раскажале дека еден се удавил денеска но не знаат кој е.Пејо ги прашал колкумина тргнале и веднаш ја разбрал работата, но решил да ги насамари за нивната глупост: -Лесно ќе провериме, џанам. Ајде легнете овде на песокот и забодете ги носовите во него. Колку дупки ќе направите толку мина сте живи. Легнале селаните, ги забоделе носовите во жешкиот песок и направиле по една дупка. Кога станале почнал Пејо да ги брои - излегле девет ! Се израдувале селаните оти никој не се удавил и му дале на Пеја од рибите да му ја платат мудрата постапка оти се нема удавено ниеден од нив.

ИТАР ПЕЈО, ПОПОТ И АЛВАТА - СТАЛЕ ПОПОВ

Служел Пејо кај некој си поп. Попот, како поп, често си правел алва. Арно ама, еден ден направил повеќе отколку што можеле да изедат со Пеја, та скоро половина им останала. За да не ја изеде Пејо останатата алва сам кога ќе излезе попот некаде по работа, овој намислил да го заплаши Пеја со нешто и му рече:
- Слушај, момочко. Јас во алвата турив отров. Да не те лаже умот да каснеш без мене, зашто ќе се отруеш.
Го викнале попот в црква да крсти, на гробишта да пее, да закопува некого, а Пејо останал сам дома и намислил да ја изеде сам алвата, сигурен дека никаков отров не турил попот во неа. А, за да може да се оправда пред попот и тој смислил една лакрдија.
Како што цепеше дрва во дворот, стана ја скрши намерно дршката на секирата, отиде, ја изеде сета алва, и продолжи да цепи дрва со скршена дршка.
Кога се прибра попот и виде дека алвата ја изел Пејо, почна да се кара и да го пцуе, а Пејо почна да му се правда:
- Ја скршив, - вели, - дршката од секирата, и плашејќи се да не ме караш и биеш, решив да се отрујам, па затоа ја изедов алвата.
Попот се насмевна, иако не му беше за смеење, и му прости на Пеја и за двете штети што му ги направи тој ден.

 

Светскиот ден на театарот

Со изведба на претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на Кирил Петрески, вечерва во прилепскиот театар почнуваат бесплатните прикажувања претстави, по повод Светскиот ден на театарот, 27 март.